Босански Петровац
Босански Петрoвaц — град и седиште на истоимената општина во западна Босна и Херцеговина (Босанска Краина), односно во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина, на крстопат на патиштата Бихаќ - Јајце и Јајце - Дрвар.
Географија
[уреди | уреди извор]Најголемиот дел од територијата на општината Босански Петровец е положен во Петровечкото и Бравското поле, на надморска височина од 600 до 850 метри, помеѓу планините Осјеченица, Клековача, Грмеч и Срнетица. Карактеристично за самата висорамнина е нејзиното крашко тло, без ниту една река или поток со постојан ток.Постојат неколку помали извори во подножјето на падините на околните планини, но нивните води се губат во рамнината на полето. Површината на општина Босански Петровец изнесува околу 750 км2, а вкупната должина на границата е 144,20 км.
Историја
[уреди | уреди извор]Археолошките истражувања на голем број наоѓалишта сведочат за постоење на автохтоно население уште во времето на Илирите (племето Сардеати[1] или Деури[2]). Се сметадека во тие населби живееле приближно околу 4000 луѓе. После римската окупација, од Јадранското крајбрежје преку Дрвар и Оштрељ водел римски пат до Колуниќ и Бар(а) (Босански Петровец) и тука се делел во три правци. Првиот, водел кон долината на реката Сана, вториот, преку Крњеуша и Рисовец кон долината на реката Уна, каде водел и тртиот пат, кој минувал преку Бјелај. Римскиот цар и писател Константин Порфирогенит го споменува ова подрачје во 950 година во своето дело De administrando imperio, под името Pesenta. Тоа е латинското име за средновековната хрватска жупа Псет (Pset). . Овие области станале дел од средновековната босанска држава во тој период 1322 - 1332. година, за што е заслужен бан Стјепан II Котроманиќ. Османлиите го освоиле помеѓу 1530 и 1537. година.[3]
Периодот на средниот век изобилува собогатство материјални и пишани документи, меѓу кои се:
- остатоците на храмот на Св. Ѓурѓ (Панаѓур) и некрополата со камени средновековни, надгробни споменици (стеќци/stećci) во селото Колуниќ
- средновековниот град Бјелај, прогласени за национални споменици на Босна и Херцеговина.
По мирот во Карловац во 1699. делови од Хрватска, кои дотогаш беа дел од Отоманската империја, потпаѓаа под власта на Австрија или на Венецијанската Република. Муслиманското население се повлекува од овие области и се населува во областите на десниот брег на Уна. Воспоставена е граница што останува непроменета до денес. Во новите политички и воени случувања, Петровац добива стратешко значење. На местото на денешниот град е изградено утврдување со населба околу него (денешен Босански Петровац ). Тврдината е срушена во 1905 година, за време на австроунгарската окупација .[4]
Населби
[уреди | уреди извор]Бaрa, Бjeлaj, Бjeлajски Вaгaнaц, Босански Петрoвaц, Брaвски Вaгaнaц, Брестoвaц, Буkoвaчa, Бунaрa, Бусиje, Цимеше, Добрo Селo, Jaњилa, Jaсенoвaц, Kaпљух, Kленoвaц, Колуниќ, Kрњa Jeлa, Крњеуша, Ластве, Медено Поље, Орашко Брдо, Oштрељ, Подсрница , Прkoсi, Рашиновац, Ревеник, Рисовац, Скакулец, Смољaнa, Сувaja, Ведрo Поље, Воѓеницa, Врaнoвинa и Вртoче.
Население
[уреди | уреди извор]Националност | 2013 | 1991 | 1981 | 1971 |
Бошњаци | 3.179 | |||
Муслимани по националност | 3.288 | 2.893 | 3.315 | |
Срби | 3.396 | 11.694 | 11.129 | 14.941 |
Хрвати | 26 | 48 | 49 | 76 |
Југословени | 2 | 366 | 2.187 | 154 |
Останати и непознато | 77 | 27 | 27 | 19 |
Вкупно | 7.328 | 15.621 | 16.374 | 18.597 |
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Сkeндер Куленovиќ- писател
- Ахмет Хромаџиќ- писател за деца
- Мерсад Бербер- сликар
- Јован Бијелиќ- сликар.
- Хризостом Јевиќ (секуларен Рајко Јевиќ) - митрополит дабробосански 2017- , eпископ бихачки-петровачки 1991 - 2013 и зворнички-тузласки 2013 - 2017.
- Николај Мрѓа (секуларен Гојко Мрѓа) - митрополит дабробосански 1992—2015.
Национални споменици
[уреди | уреди извор]На списокот за национален споменик на Босна и Херцеговина тука се следните споменици:
- Остатоци од средновековна црква и некропола со стечачки надгробни споменици на местото Црквина во Колуниќ
- Партизан - Тито воз на Oштрељ
- Стариот град Бјелај
- Колекција на уметнички дела и лични предмети на Јован Бијелиќ[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Салмедин Месиховиќ - SVPPLEMENTVM REBELLIO ILLYRICI I – Германски Поуњска офанзива“ (PDF). Институт за историја • Br. 4, 1-234, Сараево 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-14. Посетено на 9 февруари 2016.
- ↑ „Босна и Херцеговина u antičko doba“. Ivo Bojanovski, Akademija nauka i umjetnosti Bosne i Hercegovine, 1988. Посетено на 9 февруари 2016.
- ↑ „средновековниот град Бјелај“. Комисија за зачувување на националните споменици. Архивирано од изворникот на 2019-02-20. Посетено на 9 февруари 2021.
- ↑ „Петар Раѓеновиќ: Бјелајско поjeе и Бравско - Антропогеографска испитување“. Српска кралска академија во Белград 1925. i 1923. godine. Посетено на 9 февруари 2021.
- ↑ Комисија за зачувување на националните споменици - Јован Бијелиќ [мртва врска]
„Босански Петровац“ на Ризницата ? |