Борче Начев
Изглед
Борче Начев | ||
Роден | 2 декември 1982 Струмица | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогите во Сенки Македонски народни приказни Вистинска љубов Преспав. | |
Занимање | глумец |
Борче Начев (Струмица, 2 декември 1982) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 2010 година работи во Македонски народен театар во Скопје.
Животопис
[уреди | уреди извор]Борче Начев е роден на 2 декември 1982 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2010 година.[1]
Театрографија
[уреди | уреди извор]- „Јонадаб“ од Питер Шефер, р. Дејан Пројковски, НУ Драмски театар - Скопје, 2003.
- Купер Џонс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
- Перо ѕидарот — „Големиот смок“ од Митко Маџунков, р. Горан Тренчовски, НТ „Антон Панов“ - Струмица, 2005;
- Константин, Црна Арапина — „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Владо Цветановски, НУ Драмски театар - Скопје, дипломска претстава, 2007;
- „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје, 2007;
- „Соларис-мултимедијален проект“ од Златко Славенски, МНТ, 2007;
- Филип — „Големите очекувања“ од Ана Ристовска, р. Јован Ристовски, МНТ, 2007;
- Селанец — „Сите лица на Петре М. Андреевски“, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје, мултимедијален проект, 2008;
- Помет — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевски-Попова, МНТ, 2008;
- Базил, месарот, Бегалецот, Војникот, Инспекторот, Стражарот, Новинарот — „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
- Пациент — „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
- Иви — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андовска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
- г. Нинковиќ, државен секретар во МНР — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
- Троил — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, ��НТ, 2010;
- Даскал Наум, Комитата — „Суд“ од Коле Чашуле, р. Љупчо Ѓоргиевски, 2010;
- Јохан, неуспешен студент по филозофија, ботаничар — „Спиноза“ од Гоце Смилевски, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје, 2010;
- Миле — „Слепи птици“ од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, НУЦК „Антон Панов“ - Струмица, 2010;
- Атанас — „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
- „Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011;
- Иван Шатов — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски според Албер Ками, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
- Сегизмундо — „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
- Ролен, славен поет — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
- Јаша, млад лакеј — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2013;
- Бохумил Зелински — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
- Агамемнон, Еврипид — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
- Дедо Тил — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
- Леарт — „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
- Четвртиот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
- „Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016;
- Спиро — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ (Полска), 2016;
- Духовникот — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
- Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
- Кирил — „Дух“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2018;
- Доктор — "Бесачи" од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019;
- Рос — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019;
- 40 разбојници/7 џуџиња — "Хенгинг Араунд" од Љупчо Јованов, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2024.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога | Канал |
2004 | Алеф ТВ-филм | Оги | |
2006 | Тајната книга ТВ-филм | Гласот | МРТ 1 |
2006 | Караула ТВ-филм | Војник | |
2007 | Сенки ТВ-филм | д-р Лазар Перков | МРТ 1 |
2007-2010 | Народни приказни ТВ-серија | А1 ТВ | |
2012-2013 | Македонски приказни ТВ-серија | Канал 5 | |
2012-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Пешо | ТВ Сонце |
2014 | Приказни од животот ТВ-серија | Огнен | Алфа ТВ |
2014 | Среќна Нова 1903 (филм) ТВ-филм | Србинот | Канал 5 |
2014-2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | МРТ 1 | |
2016 | Вистинска љубов ТВ-филм | Ацо Пинго | Канал 5 |
2016-2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Канал 5 | |
2017 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Никола | Канал 5 |
2017 | Искушаните ТВ-филм | Един | |
2017 | Инсајдер ТВ-серија | Новинар | Телма |
2018-2020 | Преспав ТВ-серија | Шиме | МРТ 1 |
2019 | Змија ТВ-филм | Дарко | |
2021 | Последните денови на невиноста ТВ-филм | Дарко | |
2022 | Драматургија на незавршеното ТВ-филм | ||
2022 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Алфа ТВ | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Докторот во станот | Алфа ТВ |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Борче Начев Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Борче Начев“ на Ризницата ? |
- Борче Начев на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Борче Начев, Македонски народен театар.