Прејди на содржината

Бара Тумба (Породин)

Координати: 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.93306; 21.36667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бара Тумба

Карта

Местоположба 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.93306; 21.36667
Основни податоци
Место Породин
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Бара Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во рамното поле, на околу 1,8 км источно од селото, а на околу 800 м западно од современиот пат Битола-Лерин. По обликот и димензиите е слична на многубројните тумби во Пелагонија. Со интензивното обработување на земјата, а уште повеќе со изградбата на каналот за наводнување и со трасирањето на селскиот пат, тумбата е значително оштетена. Така, денес таа е сосема рамна и малку се издвојува од околниот терен. Во 1978 и 1979 година се извршени заштитни ископувања при што се пронајдени два хоризонта на живеење. Постариот хоризонт му припаѓа на средниот неолит, а помладиот на доцниот неолит и преминот во бакарното време. Од откриениот материјал најмногубројни се керамичките садови и орудијата од камен и кремен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 2,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678