Аспарагинска киселина
| |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
56-84-8 | |||
ChemSpider | 411 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
PubChem | 5960 | ||
| |||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Дополнителни податоци | |||
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Аспарагинската киселина е α-аминокиселина со хемиска формула HO2CCH(NH2)CH2CO2H. Карбоксилатниот анјон (конјугирана база) на аспарагинската киселина е познат како аспартат. L-изомерот на аспартатот е еден од 20 белковинообразувачки аминокиселини, односно градбени делови на белковините. Кодоните на оваа аминокиселина се GAU и GAC.
Аспарагинската, заедно со глутаминската киселина, се класифицираат како кисели аминокиселини со pKa од 4,0.
Улога во биосинтезата на другите аминокиселини
[уреди | уреди извор]
Аспарагинската киселина е неесенцијална кај цицачите и се произведува од оксалацетат по пат на трансаминација. Кај растенијата и микроорганизмите, аспарагинската киселина е претходник за синтеза на неколку аминокиселини, вклучувајќи четири есенцијални: метионин, треонин, изолеуцин и лизин. Претворањето на аспарагинската киселина во овие аминокиселини започнува со нејзина редукција до соодветниот семиалдехиден облик, односно HO2CCH(NH2)CH2CHO. Аспарагинот се добива од аспарагинската киселина преку трансаминација:
- HO2CCH(NH2)CH2CO2H + GC(O)NH2 HO2CCH(NH2)CH2CONH2 + GC(O)OH
(каде GC(O)NH2 и GC(O)OH се глутамин и глутаминска киселина, соодветно)
Други биохемиски улоги
[уреди | уреди извор]Аспартатот е исто така метаболит во циклусот на уреата и учествува во гликонеогенезата. Тој пренесува редуцирачки еквиваленти во малатно-аспартатниот пренесувач, кој ја поттикнува меѓупретворбата на аспартатот и оксалацетатот (кој е оксидираниот, т.е. дехидрогениран дериват на јаболковата киселина, т.е. малат). Аспарагинската киселина дава еден азотен атом при биосинтезата на инозитолот, претходникот на пуринските бази.
Невротрансмитер
[уреди | уреди извор]Аспартатот ги стимулира NMDA рецепторите (рецептори за N-метил-D-аспарагинска киселина, што е хемиското име на глутаминската киселина). Тој е ексцитаторен невротрансмитер во мозокот и претставува ексцитотоксин.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|