Прејди на содржината

Арја Старк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арја Старк
лик од Песна за мраз и оган лик
Игра на тронови
Мејси Вилијамс во улога на Арја Старк
Прво појавувањероман:
Игра на тронови (1996)
Телевизија:
"Зимата доаѓа" (2011)
СоздавачЏорџ Р.Р. Мартин
ТолкуваМејси Вилијамс
Информации
Полженско
СемејствоКуќата Старк
РодниниНед Старк (татко)
Кетлин Старк (мајка)
Роб Старк (брат)
Санса Старк (сестра)
Бран Старк (брат)
Рикон Старк (брат)
Џон Сноу (братучед)
Робин Арин (братучед)

Арја Старк е измислен лик создаден од страна на американскиот автор Џорџ Р.Р. Мартин. Таа е истакнат карактер во наградуваната серија на Мартин, Песна за мраз и оган, и исто така е главен лик во адаптацијата на серија на HBO Игра на тронови. Таа е единствен лик што има поглавја во секоја објавена книга од серијалот.

Арја е помладата ќерка на Нед Старк и неговата сопруга Кетлин Старк. Таа е тврдоглава, независна, ја презира традиционалната женска улога, и често погрешно ја сметаат за машко. Има меч кој го вика „Нидл“ (игла), подарок од Џон Сноу, и тренирала борба со меч во стилот Бравоси.

Во ТВ серијата Игра на тронови Арја ја глуми Мејси Вилијамс.[1][2] Нејзината глума е поздравена од критиката, посебно во втората сезона од серијата, каде глуми заедно со глумецот Чарлс Денс (Тајвин Ланистер) кога е во служба кај него како пехарник.[3] Арја Старк се вбројува меѓу популарните ликови и во серијата и во книгите.[4][5] Вилијамс за оваа улога е номинирана за Еми награда во 2016 година.[6]

Облеката што ја носи Арја и нејзиниот придружник во ТВ серијата

Арја е трето дете и помлада ќерка на Нед и Кетлин Старк. Речено е дека наликува на нејзината тетка Лијана Старк според темпераментот.[7] На почетокот на серијата, често ја сметаат за машко, но во книгите на неколку места е споредена со убавата Лијана,[7] и речено е дека машките ја загледуваат поради тоа. Има моќ во сон да раководи со својот волк „Нимерија“.[8]

  1. „Game of Thrones: Cast & Crew“. HBO. Архивирано од изворникот на 2015-04-07. Посетено на June 6, 2012.
  2. Martin, George R. R. (July 16, 2010). „From HBO“. Посетено на May 28, 2012.
  3. „The Tywin and Arya Show“. Rolling Stone magazine. May 15, 2012. Архивирано од изворникот на 2017-07-17. Посетено на May 19, 2013.
  4. Erickson, Christine (June 12, 2014). „Ranking the Most Popular Characters in 'Game of Thrones'. Mashable. Mashable.com. Посетено на September 24, 2014.
  5. „Top 40 'Game of Thrones' Characters, Ranked“. Rolling Stone. Jann Wenner. March 31, 2014. Архивирано од изворникот на 2016-09-22. Посетено на September 24, 2014.
  6. Rice, Lynette (July 14, 2016). „Emmy nominations 2016: See the full list“. Entertainment Weekly. Посетено на July 14, 2016.
  7. 7,0 7,1 „A Game of Thrones: Chapter 22, Arya II“.
  8. „A Storm of Swords: Chapter 3, Arya I“.