Прејди на содржината

Археогенетика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Археогенетика, е термин направен од Колин Рејнфру, а се однесува на примена на техниките на Молекуларна човечка генетика во проучувањата на човечкото минато. Ова може да вклучи:

  • анализа на ДНК земена од археолошките остатоци, т.е. древна ДНК;
  • анализа на ДНК од модерните популации (вклучувајќи ги човечките како и растителните и животинските видови) со цел да се проучи човечкото минато и генетскиот запис на човечката интеракција со Биосферата; и
  • апликација на статистички методи развиени кај молекуларната генетика за примена во археолошките податоци.