Арзамас
„Арзамас“ — книга на српската писателка Ивана Димиќ од 2016 година. За неа, авторката ја добила НИН-овата награда за најдобар роман на годината.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата се состои од повеќе драмски дијалози и кратки текстови, распоредени во два дела. Во кратките текстови, авторката дава размислувања за различни теми (смртта, љубовта, итн.) при што како главни ликови во нив се појавуваат и некои познати личности, како Лудвиг Витгенштајн, Антон Чехов и Емили Дикинсон. Низ драмските текстови се опишува животот на една жена и нејзината стара мајка, кои живеат во Белград. Притоа, мајката и ќерката постојано се караат. Мајката страда од хипохондрија и во повеќе прилики неосновано се жали дека е болна од различни видови рак. Истовремено, таа има висок крвен притисок, но не е дисциплинирана и не сака да ги пие пропишаните лекови. Често, мајката се буди доцна во ноќта и ја буди ќерката со бесмислени прашања. Всушност, кај неа веќе се појавени првите знаци на деменција. По неколку претрпени мозочни удари, таа ја губи смислата за стварноста, така што мора да лежи в кревет. Најпосле, нејзината состојба се влошува и на крајот таа умира.[1]
Прв дел
[уреди | уреди извор]Првиот дел ги содржи следниве делови:[2]
- Амам
- Лек за притисок
- Божиќно послание
- Писмо
- Ноември
- Машина за садови
- Во потрага по брезата
- Тироида
- Бдеењето на Гоја
- Струја
- Шалот на Јелена
- Скинати чорапи
- Забрзување
- Возење
- Дополнително доживување
- Кај интернистот
- Страв од кенотаф
- Денационализација
- Осамената Ируканџи
- Деменција на повидок
- Пролет
- Кујна
- Распоред и часови
- Типли во земјотресот
- Игранка без престанок
- Живот без провод
- Ерусалим
- Адвокат
- Одовде до вечноста
- Водоинсталатер
- Страничен прозорец
- Бања
- Велосипед
- На светилникот
- Достоен противник
- Поштар
- Калта игра салса
- Заливот на свињите
- Нем гнев
- Гори лонецот
- Пат до Бешка
- Старателство
- Стапица за глувци
- Џемпер
- Одблесок
- Педикир
- Бескраен канон
- Работен состанок
- Ката-строфа
Втор дел
[уреди | уреди извор]Вториот дел ги содржи следниве делови:[3]
- Идеални половини
- Кој чука?
- Страв и треперење
- Торта
- Сеќавање на иднината
- Темпо
- Исчекор
- Претстава
- Спирален полет
- Отказ
- Кеноза
- Дискреција
- Писмо на ленени дланки
- Идиот
- Тажни леми
- Кој е тој што ме краде
- Неопходен услов
- Пеколот на Виетнам
- Прекин на работите
- Деветтиот удар
- Соочување
- Оставка
- Ежовата куќарка
- Летување
- Среќна ѕвезда
- Не сакам
- Самотија