Прејди на содржината

Акаша

Од Википедија — слободната енциклопедија

Акаша е санскритски збор со значење етер како елемент и како митолошки симбол. Во хиндуизмот Акаша значи основа и суштина на сите нешта во материјалниот свет; најмалиот материјален елемент создаден од астралниот свет. Тоа е еден од Панчамахабхута или еден од „петте големи елементи“; главна одлика му е звукот. На јазикот хинди значењето на Акаша е небо.[1]

Акаша во различните учења

[уреди | уреди извор]
  • Акаша (санскритски збор आकाश) е простор во концептот на универзумот на џаинизмот. Се дели на два дела: Лоакаса (делот на материјалниот свет) и Алоакаса (просторот зад него, кој е потполно празен). Во Лоакаса универзумот е само еден дел, а она што дава простор и место за постоењето на сè материјално е Акаша.[2]
  • Во будистичката феноменологија, Акаша се дели на Сканда, Деса и Прадеса.[3]
  • Хинду школата Нијаја Ваишешика тврди дека Акаша или етерот е петтата физичка супстанца, која е супстрат на квалитетот на звукот. Тоа е Една, Вечна и Сепроткајувачка физичка супстанца, која е незабележлива.[4]
  • Според школата Самкја, Акаша е едно од петте Махабхута (големи физички елементи), кое има специфична одлика на звук.[5]
  • Индиската Карвака филозофија тврди дека овој свет е создаден од четири елементи, и ја исклучува Акаша како петти елемент, бидејќи нејзиното постоење не може да се забележи.[6]
  • Раната будистичка школа Ваибхашика постоењето на Акаша го смета за реално.[7]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Dictionary of World Philosophy by A. Pablo Iannone, Taylor & Francis, 2001, p. 30. ISBN 0-415-17995-5
  2. Encyclopaedia of Jainism by Narendra Singh, Anmol Publications PVT. LTD., 2001, p. 1623. ISBN 81-261-0691-3
  3. Buddhist Dictionary by Nyanatiloka, Buddhist Publication Society, 1998, pp. 9-10. ISBN 955-24-0019-8
  4. Indian Metaphysics and Epistemology by Karl H. Potter, Usharbudh Arya, Motilal Banarsidass Publications, 1977, p. 71. ISBN 81-208-0309-4
  5. Six Systems of Indian Philosophy; Samkhya and Yoga; Naya and Vaiseshika by F. Max Muller, Kessinger Publishing, 2003, p. 40. ISBN 0-7661-4296-5
  6. "The Tale of Carvaka" By Manga Randreas, Mangalakshmi Ravindram, iUniverse, 2005, ISBN 0-595-34955-2, pg, 270
  7. "Encyclopedia of Asian Philosophy" By Oliver Leaman, Contributor Oliver Leaman, Taylor & Francis, 2001, ISBN 0-415-17281-0, pg. 476

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]