Прејди на содржината

Аероп I

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аероп I бил крал на Македонија од династијата на Аргеадите, син на Филип I, правнукот на Пердика I, четвртиот крал, и татко на Алкет I.[1]

Според примо генитура, за крал е прогласен уште во лулка, на бојното поле пред битката со Илирите, зашто (според Јустин) „на Македонците не им недостига храброст, туку крал“. Ја зајакнува македонската воена организација и во негово време македонската држава се проширува.[2]

На почетокот од неговото владеење, Тракијците и Илирите честопати ја напаѓале Македонија. Се верува дека Македонците почнале да остваруваат победи над Тракијците и Илирите откако на чело на македонската армија во битките застанал младиот Аероп. Неговото присуство придонело да се зголеми борбениот морал кај војската со што Тракијците и Илирите биле присилени да престанат с�� нападите.

Претходник
Филип I
Крал на Античка Македонија
602 п.н.е.–576 п.н.е.
Наследник
Алкет I
  1. Херодот, VIII. 139.
  2. Herodotus, I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Harward, University Press, 1961

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Farr, Edward History of the Macedonians (Robert Carter & Brothers, New York, 1850), pg. 37 (англиски)