Прејди на содржината

Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови
Знаме Грб
ХимнаБоже, чувај го Кралот
Местоположба на Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови
Службен јазик англиски
Уредување британска прекуморска територија
Површина
 •  Вкупна 3,903 км2 
Население
 •  проценка за 2006 г. 30 (n/a)
 •  Густина 0.005 жит/км2 (n/a)
Валута Британска фунта (GBP)
Часовен појас (UTC-2)
Се вози на лево
НДД .gs
Поранешни и современи селишта на островот Јужна Џорџија
Музеjот во Грjутвикен, Јужна Џорџија

Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови (англ. South Georgia and the South Sandwich Islands) е британска прекуморска територија во јужниот Атлантски Океан. Тоа е далечна и ненаселена збирка на острови кои се состојат од Јужна Џорџија - која има околу 170 км на 29 км површина и е најголем остров во територијата, и ланец од помали острови познати како Јужни Сендвички Острови кои се наоѓаат југоисточно на околу 650 км.

На островите нема домородна популација, и единствени жители се Британскиот повереник, поштар, научници и персонал за поддршка кои ги одржуваат научните бази на Јужна Џорџија и во главниот ��рад Кинг Едвард Поинт (именуван по ‘ртот Крал Едвард).

Британија прогласила суверенитет над Јужна Џорџија во 1775, а над Јужните Сендвички Острови во 1908. Британската прекуморска територија Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови била формирана во 1985, пред тоа била дел од Фолкландската прекуморска територија. Аргентина бара суверенитет над Јужна Џорџија од 1927, а над Јужните Сендвички Острови од 1938. Овие барања на Аргентина придонеле за Фолкландската војна од 1982.