Домат
Домат | |
---|---|
Напречен пресек и целосен зрел домат | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Зрнец |
Вид: | Домат |
Научен назив | |
Solanum lycopersicum L. | |
Синоними | |
Lycopersicon lycopersicum |
Домат (науч. Solanum lycopersicum, разг. „патлиџан“) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. Во Македонија во 2010 година се произведени 168 010 тони домати.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]По потекло е од Средна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка — од Мексико до Перу. За првпат ја опишал л��карот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.
Употреба
[уреди | уреди извор]Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 74 kJ (18 kcal) |
4 г | |
Шеќери | 2,6 г |
Влакна | 1 г |
0.2 г | |
1 гр | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (5 %) 42 μг123 μг |
Витамин Ц | (17 %) 14 мг |
Витамин Е | (4 %) 0,54 мг |
Минерали | |
Калиум | (5 %) 237 мг |
Други состојки | |
Вода | 95 гр |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Доматот е овошје што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.
Доматот, со просечна потрошувачка од 49,8 кг по домаќинство, е 3. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[3].
Опис
[уреди | уреди извор]Растението е повеќегодишни, но во умерениот климатски појас се одгледува како едногодишно. Со напредните земјоделски техники на производство во контролирани услови во стаклена градина (и пластеници) постојат и повеќе реколти (берби) во текот на една година, односно две до три, на крајот на зимата или раната пролет и во средината и кон крајот на летото. На површината е влакнесто и лепливо. Растението типично достигнува височина од 1 до 3 м и има слабо дрвенесто стебло кое често расте како ползавец со други растенија. Листовите се долги 10 до 25 см со назабен раб. Цветовите се со пречник од 1 до 2 см, со жолтеникава боја.
Сорти
[уреди | уреди извор]Постојат повеќе видови на домат, коишто се одгледуваат ширум светот и во Македонија. Најпознати се: рајско јаболко поради што во повеќе средноевропски земји доматот се нарекува „рајчица“ (хрватски) или „рајчата“ (чешки), ситната сорта на црешовиден домат наречена „шери“ (cherry), јабучар, воловско срце, розов или индустриски домат итн.
Јабучар
[уреди | уреди извор]Јабучар е сорта на домат кој изобилува со неговата големина и специфичната розова боја. Најмногу го има во околината на Скопје и во Струмичкиот предел[4]. Тој се одликува со розова боја и вкус на вистински домат. Исто така, помал број производители почнале да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени улови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена [5].
Во 2013 година, во Охрид изниклал јабучар со големина од еден килограм. Доматот, воопшто не бил прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор.Тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.
Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини[6]. Никнува од 7-15 дена од денот на сеењето. Потребна е голема влажност на земјата и топлина во првите 10 дена. Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат на друго место на поглемо растојание. Кога билките се околу 5 санмтиметри големина, слободно можат да се наводнуваат преку листовите. Доматот треба да се наводнува со млака вода од 18-28°C, бидејќи ако се заливаат со ладна вода, билките можат да добијат шок и да угинат или да имаат последици во понатамошната вегетација[7] .
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Одгледување патлиџани во Стакленик „Balkan Green House“ во Македонија
-
Одгледување патлиџани во Стакленик „Balkan Green House“ во Македонија
-
Домати во гајба
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) Архивирано на 4 јуни 2012 г. (англиски)
- ↑ Производство на домати: Македонија Архивирано на 19 јуни 2012 г. — ФАО (англиски)
- ↑ ПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017
- ↑ „скопски јабучар | агри.мк“. agri.mk (англиски). Посетено на 2017-08-28.
- ↑ „Наместо „јабучари" произведуваме „дрвени "домати“. Економски. 2013-08-12. Посетено на 2017-08-28.[мртва врска]
- ↑ „Во двор во Охрид одгледан џиновски домат тежок 1 килограм“. Посетено на 2017-08-28.
- ↑ „Uzgoj Paradajza "Domaći Jabučar" (Organska Proizvodnja)“. organska-hrana.blogspot.mk. Посетено на 2017-08-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Домат на Викивидовите ?
- „Домат“ — Енциклопедија на живиот свет
- Водич за органско производство на домат, Љупчо Михајлов; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Скопје, 2007 Архивирано на 22 март 2011 г.
|