Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Бајер Леверкузен, исто така познат како Баjер 04 Леверкузен, Баjер Леверкузен, Леверкузен или едноставно Бајер, е фудбалски клуб од Германија со седиште во Леверкузен, Северна Рајна-Вестфалија.[3] Клубот настапува во германската Бундеслига, највисоката лига на германскиот фудбалски систем.
Клубот е основан во 1904 година од страна на вработените во германското фармацевтско претпријатие Бајер, чие седиште е во Леверкузен и од каде што клубот го добил името. Тоа било порано најпознат оддел на "ТСВ Бајер 04 Леверкузен", спортски клуб, чии членови исто така учествуваат во атлетика, гимнастика, кошарка и други спортови, вклучувајќи ги и клубовите за (веслање, тенис и хокеј). Во 1999 година фудбалскиот оддел бил одвоен од спортскиот клуб и сега е посебен ентитет кој официјално се нарекува "Бајер 04 Леверкузен ГмбХ".[4]
Меѓу позначајните успеси на клубот се вбројуваат освојувањето на Купот на Германија и Купот на УЕФА,[5] како и финалето во УЕФА Лига на шампионите во сезоната 2001-2002 во кое загубиле од Реал Мадрид со 2-1.
Домашните натпревари клубот ги игра на стадионот БајАрена, кој има капацитет од преку 30.000 места.[1][4] Нивните локални соперници се Келн, Борусија Менхенгладбах и Фортуна Диселдорф.[6]
- Обновено на 31 август 2017 [7]
|
---|
| Вербандслига | |
---|
| Гаулига | |
---|
| Оберлига | |
---|
| Бундеслига |
- Келн (1964)
- Вердер Бремен (1965)
- Минхен 1860 (1966)
- Ајнтрахт Брауншвајг (1967)
- Нирнберг (1968)
- Бајерн Минхен (1969)
- Борусија Менхенгладбах (1970, 1971)
- Бајерн Минхен (1972, 1973, 1974)
- Борусија Менхенгладбах (1975, 1976, 1977)
- Келн (1978)
- Хамбургер (1979)
- Бајерн Минхен (1980, 1981)
- Хамбургер (1982, 1983)
- Штутгарт (1984)
- Бајерн Минхен (1985, 1986, 1987)
- Вердер Бремен (1988)
- Бајерн Минхен (1989, 1990)
- Кајзерсалутерн (1991)
- Штутгарт (1992)
- Вердер Бремен (1993)
- Бајерн Минхен (1994)
- Борусија Дортмунд (1995, 1996)
- Бајерн Минхен (1997)
- Кајзерслаутерн (1998)
- Бајерн Минхен (1999, 2000, 2001)
- Борусија Дортмунд (2002)
- Бајерн Минхен (2003)
- Вердер Бремен (2004)
- Бајерн Минхен (2005, 2006)
- Штутгарт (2007)
- Бајерн Минхен (2008)
- Волфсбург (2009)
- Бајерн Минхен (2010)
- Борусија Дортмунд (2011, 2012)
- Бајерн Минхен (2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022, 2023)
- Бајер Леверкузен (2024)
|
---|
|