Голема Пеш
„Голема Пеш“
| |
Местоположба | 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° СГШ; 21.16056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Здуње, Порече |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | палеолитско време |
Портал „Археологија“ |
Голема Пеш во литературата и како Голема Пешт[1] е археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од палеолитот.[2] Местоположбата на пештерата овозможува многу добра прегледност на околината, а особено кон долината на некогашната река Треска. Се наоѓа на 460 метри надморска височина и на 62 метри над релативната висина на тогашното ниво на оваа река. Со изградбата на хидроцентралата и со полнењето на езерото Козјак, пештерета денес се наоѓа на 10 м. над водата и сериозно е загрозена од големото присуство на влага. Во 1999 година е извршено пробно сондирање а од лабораторијата на Институтот за физика во Ерланген, Нирнберг (каде биле испратени два примерока од јаглен) пронајдено е дека пештерата била населена и пред 50.000 п.н.е. Камените и коскените артефакти укажуваат на присуство на луѓе од времето кога сè уште немало изработки и употреба на керамика (глина). Кварцот бил главна суровина која била употребувана за изработка на алатките. На простор од 6 м2на длабочина од 70 см се откриени 6000 камени артефакти и 4900 наоди од животински коски. Најголем број остатоци потекнуваат од елени, а во помал број од: алпски козорог, дива свиња, пештерна хиена, мечка, дабар, птици, желка. Наоѓалиштето било мета на див�� копачи и биле се пронајдени оштетувања на импровизираната ограда од наоѓалиштето и во внатрешноста на пештерата, каде што биле евидентирани копања, со што бил нарушен стратиграфскиот слој на просторот предвиден за истражување, а исто така бил направен и откоп на два геолошки слоја од сондата каде што биле вршени систематски ископувања, со што, пак, било предизвикано нарушување на хоризонталната стратиграфија на сондата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Засечишта — населба од средниот век;
- Бошевци — црква и некропола од средниот век;
- Градиште — населба од доцноантичко време;
- Подградец — населба од доцноантичко време;
- Св. Недела — црква и некропола од средниот век;
- Оча — некропола од раниот среден век;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Цуцул — населба од рисмко време и среден век;
- Куклојца — населба од доцноантичко време и среден век;
- Потпетрушка — светилиште од раниот сред век;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Здуње;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Shalamanov-Korobar Lj., 2008, First Paleolithic Researches in the R. Macedonia: the Cave Golema Pesht near the Village Zdunje - Preliminary Results, Proceedings of the XV world Congress of the International Union for Prehistoric and Protohistoric Sciences (UISPP), BAR - International Series 2007/2008, Lisbon
- ↑ Шаламанов-Коробар, Лилјана (2002). Пештера - Голема Пешт, село Здуње. Скопје, 2008: Министерство за култура на Република Македонија, Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Шаламанов-Коробар Љ., "Илегални ископувања и заштита на наоѓалиштето Голема Пешт", Археолошки преглед бр. 2, Управа за заштита на културно наследство
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Во Македонија има остатоци од пред 50.000 години[мртва врска] - Вечер, 5 септември 2006
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |