Прејди на содржината

Фил Колинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:47, 16 ноември 2024; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Фил Колинс
Collins before a concert in France in 2007
Фил Колинс во 2007
Роден(а)Филип Дејвид Чарлс Колинс
30 јануари 1951(1951-01-30)(73 г.)
Лондон, Англија
Занимање
  • Пејач
  • тапанар
  • текстописец
  • музички продуцент
  • глумец
Активен период
  • 1963–2011
  • 2015–present
Сопружник
  • Андреа Берторели (в. 1975; раз. 1980)
  • Џил Тејвелман (в. 1984; раз. 1996)
  • Orianne Cevey (в. 1999; раз. 2006)
Деца5

Филип Дејвид Чарлс Колинс (англиски: Philip David Charles Collins; роден на 30 јануари 1951 г.) ― англиски пејач, тапанар, музичар, текстописец, музички продуцент и глумец. Познат е како пејач и тапанар на рок групата Genesis, но имал и успешна соло кариера. Од 1982 до 1990 година, како солист Колинс имал три песни на врвот на топ-листата во Велика Британија и седум песни во САД. Во целокупната негова кариера, како дел од Genesis, во соработка со други музичари и како солист, во текот на 1980-тите, имал најмногу песни кои се пласирале на американската топ 40 листа.[1] Негови најуспешни песни од овој период се „In the Air Tonight“, „Against All Odds“, „One More Night“, „Another Day in Paradise“ и „I Wish It Would Rain Down“.

Роден е и детството го поминал во Западен Лондон. Фил Колинс почнал да свири на тапани на пет годишна возраст. Посетувал драмско училиште и уште како дете добил многу театарски улоги. Неговата прва позначајна улога била во мјузиклот Оливер! на тринаесет годишна возраст. Истовремено ја започнал и музичката кариера; во 1970 година станал тапанар на рок групата Genesis, а по заминувањето на Питер Гејбриел во 1975 година станал главен вокал на групата. Во 1980-те, Фил Колинс ја започнал својата успешна соло кариера.

Напишал и отпеал песни за Дизниевиот анимиран филм, Тарзан (1999): „Two Worlds“, „Son of Man“, „Strangers Like Me“ и „You'll Be in My Heart“, а за последната добил Оскар за најдобра оригинална песна. Во 2007 година, повторно се приклучил на Genesis за турнејата Turn It On Again. Во 2016 година објавил мемоари, а во 2019 ја завршил својата турнеја Not Dead Yet. Во 2020 година повторно се приклучил на Genesis на втора турнеја која завршила во март 2022 година.

Детство и младост

[уреди | уреди извор]

Филип Дејвид Чарлс Колинс е роден на 30 јануари 1951 година во Вандсворт, југозападен Лондон.[2] [3] Татко му, Гревил Филип Остин Колинс (1907-1972), бил агент за осигурување во London Assurance, а мајка му Винифрд Џун Колинс (моминско Стрејнџ, 1913-2011), работела во продавница за играчки, а подоцна и како агент за резервации во уметничко училиште.[3] [4]

На петгодишна возраст, неговите родители му дале комплет тапани и тоа значело почеток на неговата музичка кариера.[3] За време на семеен одмор во Батлин, седумгодишниот Колинс учествувал на натпревар за таленти и ја пеел „The Ballad of Davy Crockett“, но на пола песна го прекинал оркестарот за да им каже дека свират фалш.[5] [3] Врз музиката на Колинс огромно влијание имале Битлси, а особено нивниот тапанар Ринго Стар.[6] [7] [8] Колинс, исто така, бил под влијание на џез тапанарот Бади Рич.[9]

На дванаесетгодишна возраст, Колинс се запишал на часови по пијано и музика кај неговата тетка.[3] Тој не научил да чита или пишува музичка нотација и смислил свој систем, за што зажалил во подоцнежниот живот. „Отсекогаш мислев дека ако можам нешто да потпевнувам, ќе можам и да го свирам. Сметав дека е задоволително, ама таквото мислење е лошо.“ [10]

Колинс бил примен во граматичко училиште во Чисвик, каде што ја формирал групата Real Thing, училишна група во која членувале неговата идна сопруга Андреа Берторели и неговата пријателка Лавинија Ланг, како придружни пејачи. Двете девојки, подоцна ќе имаат влијание врз личниот живот на Колинс.[3] Следна група на Колинс била Freehold, во која ја напишал својата прва песна, „Lying, Crying, Dying“,[2] а свирел и во групата Charge.[11]

1963-1970: Улоги како глумец и први групи

[уреди | уреди извор]

Колинс бил статист во филмот на Битлси A Hard Day's Night (1964), каде што е меѓу тинејџерите кои врескаат за време на телевизиски концерти.[12] Во 1964 година, Колинс бил избран да глуми во две серии од Вест Енд мјузиклот Оливер! [13] Колинс глумел во „Calamity the Cow“ (1967), филм продуциран од Детската филмска фондација. По расправијата со режисерот, Колинс одлучил да се откаже од глумата и да се занимава со музика.[14] Тој требало да се појави во Chitty Chitty Bang Bang (1968) како едно од децата кои влегуваат во замокот, но неговата сцена била пресечена.[15] Колинс бил на аудиција за улогата на Ромео во Ромео и Јулија (1968), но улогата му припаднала на Леонард Вајтинг.[3]

Додека се занимавал со глума, кај Колинс сѐ повеќе растел ентузијазмот кон музиката.[13] По неуспешните аудиции за Вајнгар Џо и Манфред Ман, третото поглавје,[16] Колинс се приклучил на групата „Cliff Charles Blues Band“. Потоа станал член на The Gladiators,[3] а откако разбрал дека групата Yes бара нов тапанар, разговарал со фронтменот Џон Андерсон, кој следната недела го поканил на аудиција. Колинс не отишол на аудицијата.[3]

Во мај 1970 година, Колинс свирел на конга за песната од Џорџ Харисон „Art of Dying“, но неговиот придонес не бил наведен на песната.[6][17]

1970-1978: Genesis, фронтмен на групата

[уреди | уреди извор]

Во јули 1970 година, рок групата Genesis потпишала договор со Charisma Records и го снимила нивниот втор албум Trespass (1970), но од групата си заминале тапанарот Џон Мејхју и гитаристот Ентони Филипс. Тие во Melody Maker објавиле оглас за тапанар „чувствителен на акустична музика“.[3] [18] Колинс заедно со Керил отишле на аудицијата. Групата, која била основана пред помалку од една година, се состоела од негови пријатели приватен интернат: пејачот Питер Гејбриел, клавијатуристот Тони Бенкс и басистот/гитаристот Мајк Радерфорд. На 8 август 1970 година, Колинс станал нивниот четврти тапанар. Радерфорд сметал дека Керил не им одговара; во 1971 година, групата го ангажирала Стив Хакет.

Од 1970 до 1975 година, на албумите и на концертите од Genesis Колинс свирел на тапани, перкусии и претежно пеел придружни вокали. Негов прв албум како член на групата, Nursery Cryme, ја содржи песната „For Absent Friends“ на која Колинс го пее главниот вокал. Тој ја отпеал „More Fool Me“ на нивниот албум од 1973 година Selling England by the Pound.[19]

Во август 1975 година, јавно било објавено дека Гејбриел си заминува од бендот. Genesis во Melody Maker објавил оглас за нов пејач и и добиле околу 400 апликации. По долгиот процес на аудиција, Колинс станал прв вокал на групата и потоа го снимиле албумот A Trick of the Tail.[20] Албумот имал комерцијален и критички успех, и се искачил на трето место на топ листите во ОК и на 31 во САД.[21] Ролинг Стоун напишал дека Genesis „успеа да ја претвори потенцијалната катастрофа од заминувањето на Габриел во нивниот прв американски успех“. [22] Wind & Wuthering бил последниот албум на Genesis снимен со Хакет, по што тој ја напуштил групата. Во 1976 година, Колинс во групата го повикал американскиот тапанар Честер Томпсон, поранешен тапанар на Френк Запа и Weather Report, кој останал главен столб на придружните групи на Genesis и Колинс до 2010 година. Откако Колинс, Бенкс и Радерфорд решиле со Genesis да продолжат како трио, тие во 1977 година го снимиле албумот ...And Then There Were Three.... Овој албум ја означува новната промена од прогресивен рок кон поп-рок музика. На албумот била песната „Follow You Follow Me“, прва нивна песна во Топ 10 во Велика Британија и Топ 40 во САД. [23] [24]

1978-1984 –Прв солистички албум и Hello, I Must Be Going!

[уреди | уреди извор]

Тој, исто така, стана познат по препознатливиот звук на тапан со затворен реверб на многу од неговите снимки. [25] Во 1985 година, тој беше единствениот артист кој настапи на двата концерти на Live Aid . Тој, исто така, ја продолжи својата актерска кариера, појавувајќи се во Miami Vice и последователно глумејќи во филмот Бастер (1988). Во 1996 година, Колинс го напушти Genesis за да се фокусира на соло работа; ова вклучуваше пишување песни за Тарзан на Дизни (1999) за кој доби Оскар за најдобра оригинална песна за „ Ти ќе бидеш во моето срце “. Тој повторно се приклучи на Genesis за нивната турнеја Turn It On Again во 2007 година. По петгодишното пензионирање за да се фокусира на својот семеен живот, Колинс објави автобиографија во 2016 година и ја заврши својата турнеја Not Dead Yet во 2019 година. Потоа повторно се приклучи на Genesis во 2020 година за втора турнеја за обединување, која заврши во март 2022 година.

По завршувањето на турнејата на Genesis во декември 1978 година, групата заминала на пауза, а Колинс заминал за Ванкувер во обид да го спаси својот брак.[26] Бракот пропаднал, неговата сопруга се вратила во Англија со нивните деца. Разводот бил финализиран во 1981 година. Бенкс и Радерфорд во меѓувреме ги снимиле своите први соло албуми. Потоа, Genesis го снимиле албумот Duke (1980).

Во февруари 1981 година, Колинс го издал својот прв соло албум, Face Value. Тој потпишал со Virgin Records и WEA за дистрибуција на албумот во САД.[27] Основна тематика во неговиот прв албум бил неговиот развод и емотивните промени низ кои поминува.[19] „In the Air Tonight“, водечкиот сингл од албумот, станал хит и стигнал до второ место на топ листите во Велика Британија. Песната е позната по ефектот на затворен амбиент кој Колинс го користи тапаните, техника развиена од Падгам кога работел како аранжер на песната на Габриел „Intruder“, на која Колинс свирел на тапани.[28]

Hello, I Must Be Going (1982), No Jacket Required (1985) и . . . Но, сериозно (1989). Колинс стана, според зборовите на AllMusic, „еден од најуспешните поп и возрасни современи пејачи од 80-тите и пошироко“. [29]

Вториот соло албум на Колинс, Hello, I Must Be Going!, бил објавен во ноември 1982 година. Неговите брачни проблеми повторно биле инспирација за неговите песни, како „I Don't Care Anymore“ и „Do You Know, Do You Care“. Албумот стигнал до второ место во ОК и 8мо во САД, каде што се продал во 3 милиони копии.[23] [30] Во мај 1983 година, Колинс, Бенкс и Радерфорд го снимиле истоимениот албум Genesis; нивната турнеја завршила со пет концерти во Бирмингем во февруари 1984 година. Последните концерти биле снимени и објавени како албум во живо,Genesis Live – The Mama Tour.[31]

1984–1989: No Jacket Required и комерцијална сѐприсутност

[уреди | уреди извор]

Колинс ја напишал и ја отпеал „Against All Odds“, главна нумера од истоимениот романтичниот филм. Објавена во февруари 1984 година, тоа била прва песна во неговата соло кариера која се искачила на прво место на Billboard Hot 100 листата; стигнала до второ место во ОК. Колинс добил Греми награда за најдобра машка поп вокална изведба.[24] За песната, исто така,бил номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна.

Третиот албум на Колинс, No Jacket Required, бил снимен во 1984 година и означува пресвртница во неговата музичка продукција. Тој отстапил од стихови за неговиот личен живот и напишал поведри и поигриви мелодии, како „Sussudio“, „One More Night“ и „Take Me Home“. На албумот како гости придружни вокали биле Стинг, Питер Габриел и Хелен Тери. No Jacket Required бил објавен во февруари 1985 година и имал огромен светски успех, искачувајќи се на прво место во неколку земји.[21] „Sussudio“ и „One More Night“ се нашле на врвот на американската табела за синглови, а „Don't Lose My Number“ и „Take Me Home“ влегле во топ десет во САД. Албумот е најуспешен албум на Колинс во неговата кариера, продаден во преку 12 милиони примероци во САД и 1,9 милиони во Велика Британија.

No Jacket Required, на Колинс му ги донел првите две од шесте Брит награди; освоил награда за најдобар британски машки изведувач и најдобар британски албум.[32] Колинс во 1985 година имал три песни на прво место во САД, најмногу таа година.[24] No Jacket Required освоил три Греми награди вклучувајќи и албум на годината.[33]

На 13 јули 1985 година, Колинс свирел на Live Aid на стариот стадион Вембли ( слика на екстериерот) во Лондон, а подоцна истиот ден со авион отпатувал во Филаделфија за да свири на втората рунда од фестивалот.

Светската турнеја No Jacket Required го виде Колинс изведувајќи 85 претстави помеѓу февруари и јули 1985 година. На 13 јули, Колинс учествуваше на концертите за помош во живо, продолжение на напорите за собирање средства започнати од Band Aid. Колинс беше единствениот изведувач што се појави на концертот во Лондон на стадионот Вембли и на американскиот концерт на стадионот ЏФК во Филаделфија истиот ден. [34] Откако ги изведе „Against All Odds“, „In the Air Tonight“ и свирејќи заедно со Стинг, Колинс одлета во Филаделфија на Конкорд за да го изведе својот соло материјал, да свири тапани за Клептон и тапан со Плант и Џими Пејџ за повторно обединување на Лед Цепелин . . Последниот настап беше слабо прифатен и подоцна отфрлен од бендот. [35] Пејџ подоцна рече дека Колинс не ги научил неговите делови за сетот. [36] Колинс одговори дека бендот „не е многу добар“, дека „дриблингот“ на Пејџ го натера да се чувствува непријатно, и тој само продолжи со сетот наместо да ја напушти сцената за да избегне негативно внимание. [37] Во ноември 1985 година, песната „ Separate Lives “, дует со Колинс и Мерилин Мартин за музичкиот драмски филм Бели ноќи, беше објавена и стана хит број еден во САД. [24]

До крајот на 1985 година, музичкиот печат забележа дека астрономскиот успех на Колинс како соло уметник го направил попопуларен од Genesis. [38] Пред објавувањето на No Jacket Required, Колинс инсистираше на тоа дека нема да го напушти бендот и дека се чувствува „посреќен со она што го правиме сега, бидејќи чувствувам дека ми е поблиску“. [38] Во октомври 1985 година, тој повторно се обединил со Бенкс и Радерфорд за да го сними тринаесеттиот албум на Џенезис, Invisible Touch . Издаден во 1986 година, тој стана најпродаваниот албум на групата со 6 милиони продадени копии во САД и 1,2 милиони продадени во ОК. Нејзината насловна песна беше издадена како сингл и стигна до број 1 во САД, единствената песна на Genesis со тоа. Групата доби Греми награда (нивната единствена) и номинација за наградата за видео музика на Ем-ти-ви за видео на годината во 1987 година за „ Земја на конфузија “, која содржи куклени карикатури од британската сатирична програма Spitting Image . [39] Неколку музички критичари направија споредби помеѓу албумот и соло-делото на Колинс, но Џеј Ди Консидин од Ролинг Стоун ја пофали комерцијалната привлечност на албумот, изјавувајќи: „секоја мелодија е внимателно исчистена така што секој процут не дава инструментална епифанија, туку цврста кука“. [40] Во март 1986 година беше објавено „ Никој не е виновен “, хит сингл на Хауард Џонс, кој вклучуваше Колинс на тапани, придружен вокали и копродукција заедно со Падгам. [41] Колинс беше еден од тапанарите, придружните вокали и продуцентите на албумот на Ерик Клептон, август 1986 година. [42]

По турнејата со Genesis во 1987 година, Колинс зел едногодишна пауза од пишување и снимање песни. За прв пат по доцните 1960-ти добил улога во филм, и глимел заедно со Џули Волтерс во романтичната комедија Бастер. Тематиката на филмот била контроверзна; принцот Чарлс и принцезата Дијана ја одбиле поканата за премиерата откако филмот бил обвинет за величење на криминалот.[43] За саундтракот на филмот Колинс испеал четири песни; неговата песна „A Groovy Kind of Love“ (преработка на песната од Mindbenders) станала негова единствена песна што стигнала прво место во ОК и во САД. Филмот, исто така, ја соджел и песната „Two Hearts“ (бр.1 во САД), која Фил ја напишал заедно со Ламонт Дозиер, а таа добила Златен глобус за најдобра оригинална песна и номинација за Оскар во истата категорија. Во 1988 година, Колинс глумел во епизода од британската ТВ серија Ова е твојот живот.[44] Во 1989 година, Колинс бил меѓу музичарите кои донирале сопствена облека на Рок циркусот на Мадам Тисо, изложба одржана во Лондонскиот павилјон во која се слави историјата на рок и поп музиката со со восочни фигури на најистакнатите претставници од тие жанрови.[45]

1989–1996: ... But Seriously, Both Sides, и напуштање на Genesis

[уреди | уреди извор]

Во август 1989 година, Колинс се појавил во две претстави како специјален гостин на турнејата на The Who од 1989, каде го глуми чичко Ерни и ги пее песните „Fiddle About“ и „Tommy's Holiday Camp“ од рок операта Томи (1969).[46]

Во 1989 година, Колинс го снимил својот четврти албум ...But Seriously, во кој текстот од песните се осврнува на општествени и политички теми. Албумот петнаесет недели поминал на место бр. 1 на топ листите во ОК и три недели во САД.[23] Тоа бил албум продаден во најмногу примероци во Обединетото Кралство во 1990 година и е меѓу најпродаваните албуми во историјата на британската топ листа.[47] ...But Seriously е втор најпродаван албум во Германија.[48] Неговата носечка песна „Another Day in Paradise“ е песна против бездомништвото и во која Дејвид Крозби пее како придружен вокал. И покрај нејзиниот успех, песната исто така била жестоко критикувана, а Колинс обвинуван за лицемерие.[49] [50] Одговарајќи на критиките за песната, Колинс изјавил: „Кога возам по улица, ги гледам истите работи што ги гледаат и сите други. Заблуда е дека ако имаш многу пари, некако не си во контакт со реалноста.“[51] Во 1991 година, „Another Day in Paradise“ ја освои наградата Греми за Запис на годината.[52] [53] Други песни од ...But Seriously кои исто така стигнале до топ-5 во САД: „Something Happened on the Way to Heaven“, „Do You Remember?“ и „I Wish It Would Rain Down“ во која Ерик Клептон свири на гитара.[23] [24]

Во февруари 1990 година, на Брит наградите Колинс ја извел „Another Day in Paradise“, која ја освоила наградата Британски сингл на годината, а во септември на MTV Video Music Awards во Лос Анџелес ја извел „Sussudio“.[54]

Во 1991 година, Колинс повторно се состанал со Бенкс и Радерфорд и го снимиле новиот албум на Genesis, We Can't Dance. Албумот бил петти последователен бр. 1 албум на групата во ОК и стигнал до бр. 4 во САД, каде што се продал во над 4 милиони копии. На Американските музички награди во 1993 година, Genesis ја освоила наградата Омилен поп/рок бенд, дуо или група.[55]

Колинс, во 1992 и 1993 година, работел на неговиот петти студиски албум „Both Sides“. Пропаѓањето на неговиот втор брак била главна тема на албумот.[3] Го објавил во ноември 1993 година.

На 29 март 1996 година, јавно била објавена одлуката на Колинс да го напушти Genesis и да се насочи кон својата соло кариера.[3]

1996–2006: Биг Бенд на Фил Колинс, Dance into the Light, сорабиотка со Дизни работа и Testify

[уреди | уреди извор]
Колинс настапува со својот Биг бенд во 1996 година

Колинс ја основал групата Phil Collins Big Band каде чукал на тапани. Тој веќе подолго време сакал да го преземе проектот и бил инспириран од проектот Burning for Buddy кој го составил тапанарот Нил Пирт. По поканата за настап на џез-фестивалот во Монтре се составила групата, во која Квинси Џонс бил диригент, а Тони Бенет вокал. [56] Во јули 1996 година Групата имала турнеја по летните џез фестивали и изведувала џез-преработки од соло материјалот од Genesis и од Колинс. Првпат свиреле заедно во Ројал Алберт Хол на концертот од Принцовиот труст, а присутни биле и кралицата Елизабета II и Нелсон Мандела. За да ги научи своите делови, Колинс смислил своја нотација.[56] Групата заминала на пауза до турнејата во САД и Европа (летото 1998 година), по која бил објавен албумот во живо A Hot Night in Paris.

Во октомври 1996 година, Колинс го објавил шестиот соло албум, Dance into the Light (место број 4 во ОК и бр. 23 во САД). Албумот имал негативни критики од музичкиот печат и послабо се продавал во споредба со неговите претходни албуми. Entertainment Weekly напишал „дури и Фил Колинс треба да знае дека на сите ни се смачи од Фил Колинс“.[57]

Во октомври 1998 година, Колинс го издал својот прв компилациски албум „...Hits“ на кој имало и нова песна, преработката на „True Colors“ од Синди Лопер.[58] Албумот имал комерцијален успех ширум светот, место број 1 на топ листите во Обединетото Кралство и продадени 3,4 милиони копии во САД до 2012 година.[59]

Колинс на неговата прва проштална турнеја во 2005 година

Кон средината на 1990-тите, Дизни го ангажирал Колинс да напише и да отпее песни за нивниот авантуристички филм Тарзан (1999), кои ќе бидат додадени кон музиката која ја компонирал на Марк Манчина. За синхронизираните верзии на саундтракот од филмот Колинс ги отпеал своите песни на и француски, италијански, германски и шпански. Неговата песна „You'll Be in My Heart“ била објавена во јуни 1999 година и 19 недели се наоѓала на прво место на Билбордовата Adult Contemporary топ-листа, рекордно време дотогаш. Во 2000 година, за таа песна Колинс добил Оскар и награда Златен глобус во категоријата Најдобра оригинална песна.

Во јуни 1999 година, Колинс добил своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. [60] Во 2000 година, поради вирусна инфекција останал делумно глув на едното уво.[61] Во јуни 2002 година, Колинс ја прифати поканата да биде тапанар на Забавата во Палатата, концерт кој се одржал на имотот од Бакингемската палата за да се прослави Златниот јубилеј на кралицата Елизабета II [62] Во 2002 година ја добил наградата Дизниева легенда. [63]

На 11 ноември 2002 година, Колинс го издал седмиот соло албум, Testify. Освртот кон албумите од Метакритик навел дека овој албум е најлошо оценет албум во времето на неговото издавање.[64] До крајот на годината „Testify“ бил продаден во 140.000 примероци во САД. [19]

Дизни го ангажирала Колинс да го компонира и да пее на саундтракот од неговата анимирана игра Brother Bear од 2003 година.[65] Истата година, бил примен во Куќата на славата на текстописците.[66] Во 2004 година, Колинс објавил два компилациски албуми, The Platinum Collection и Love Songs. Од јуни 2004 до ноември 2005 година, Колинс бил на својата прва последна проштална турнеја, повикувајќи се на повеќекратните проштални турнеи на други популарни уметници.[67] Во 2006 година, соработувал со Дизни на музичката продукција за мјузиклот <i id="mwA1c">Тарзан</i>.[68]

2006–2015: Прво обединување на Genesis, Going Back и повлекување од музиката

[уреди | уреди извор]
Колинс (десно) настапува со Genesis во 2007 година

Колинс повторно се обединил со Бенкс и Радерфорд и на 7 ноември 2006 година го објавиле албумот Turn It On Again: The Tour, речиси 40 години по основањето на групата. Летото 2007 година заминале на турнеја во дванаесет земји низ Европа, по што следела втора рунда во Северна Америка.[69] Во 2007 година ја добиле наградата VH1 Rock Honors.[70] На 22 мај 2008 година, Колинс ја добил својата шеста Ајвор Новело награда.

Во октомври 2009 година, било објавено дека Колинс ќе снима албум со преработки од Motown. Тој за германски весник изјавил: „Сакам песните да звучат исто како оригиналите“ и дека албумот ќе има најмногу 30 песни.[71] Албумот Going Back бил издаден на 13 септември 2010 година. Стигнал до прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија.[72]

Во март 2010 година, Колинс, како член на Genesis, бил примен во Куќата на славата на рокенролот.[73] На 4 март 2011 година, поради здравствени и други проблеми, Колинс објавил дека ќе паузира со кариерата, со што започнале шпекулации за негово повлекување. [74] На 7 март, неговиот претставник за печат рекол: „Не, тој нема намера да се повлече“.[75] Сепак, истиот ден, Колинс на сопствената веб-страница објавил порака која ја потврдува неговата намера да се повлече од музиката за да се насочи кон семејниот живот. [76] [77]

На 24 јануари 2014 година, Колинс во интервју за Inside South Florida рекол дека пишува нови композиции со колешката Адел.[78] Колинс рекол дека немал поим која е Адел кога дознал дека таа сака да соработува со него.[79] Колинс се согласил на соработка откако го слушнал нејзиниот глас.[79] Меѓутоа, во септември 2014 година, Колинс рекол дека соработката е завршена и дека не требало ни да почне.[80]

2015 – денес: Повторно активирање во музиката, турнеја Not Dead Yet, и второ обединување на Genesis

[уреди | уреди извор]
Колинс на сцената во Ројал Алберт Хол, Лондон на 7 јуни 2017 година

Во мај 2015 година, Колинс потпишал договор со Warner Music Group за ремастерирање на неговите соло албуми и нивно реиздавање со претходно необјавен материјал.[81] Во октомври 2015 г., објави дека повторно ќе се активира во музиката и дека почнал да планира турнеја и да прави нов албум.[82] [83] Кон средината на 2016 година, биле реиздадени осумте негови албуми.[84]

Во октомври 2016 година, била објавена автобиографијата на Колинс Сѐ уште не сум мртов (анг: Not Dead Yet). [85] На прес-конференцијата одржана истиот месец во Ројал Алберт Хол, Колинс ја најавил неговата турнеја Not Dead Yet Tour. [86] Летото 2017 година имал куса турнеја низ Европа и 5 концерти во Ројал Алберт хол, а потоа тргнал на светска турнеја која траеја до октомври 2019 година со вкупно 97 концерти.[87] [88] [89]

Во март 2020 година, Колинс, Бенкс и Радерфорд објавиле дека уште еднаш ја обновиле групата Genesis за да одат на The Last Domino? турнејата. Турнејата била двапати презакажувана поради пандемијата COVID-19, и започнала во септември 2021 година, а завршила во Лондон на 26 март 2022 година [90] На последниот концерт во Лондон, Колинс на сцената рекол: „Ова е последниот концерт на Genesis“. [91]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Колинс три пати се разведувал. Од 1975 до 1980 година, бил во брак со Андреа Берторели, родена во Канада. Тие се запознале како 11-годишни ученици на час по драма во Лондон и повторно се сретнале во 1974 година кога Genesis имала концерт во Ванкувер. Се венчале во Англија (и двајцата имале 24 години),[92] а Колинс легално ја посвоил ќерката на Берторели, Џоли (родена 1972 година).[93] Тие имале и син, Сајмон Колинс (р. 1976), поранешен вокал и тапанар на прогресивната рок група Sound of Contact. Во 2016 година, Берторели го тужела Колинс за пишувањето за нивната врска во неговата автобиографија.[94]

Во 1984 година, Колинс се оженил со Американката Џил Тавелман. Тие имаат една ќерка, Лили Колинс (р. 1989), која стана актерка.[95] Имале проблеми во бракот кои кулминирале со аферата на Колинс со Лавинија Ланг, поранешна соученичка од драмското училиште. Тие претходно биле свршени, но ја раскинале врската пред да се венчаат.[95] Во 1994 година, Колинс отворено изјавил дека веќе не ја сака Тавелман и дека поднел барање за развод, кој бил финализиран во 1996 година. Како дел од спогодбата, Колинс на Тавелман ѝ платил 17 милиони фунти.[95] [96]

Во 1999 година, Колинс се оженил со Оријана Севи, швајцарска државјанка која работела како негов преведувач на почетокот на неговата турнеја од 1994 година; тогаш таа имала 22 години. [97] [98] Имаат два сина, Николас и Метју. [99] Тие живееле во поранешната куќа на Џеки Стјуарт во Бегинс, Швајцарија. Се развеле во 2006 година. Колинс ѝ платил 25 милиони фунти на Севи, што било најголема спогодба во разводот на британската славна личност.[100]

Од 2007 до 2016 година, Колинс бил во врска со американската спикерка Дејна Тајлер.[61] Од јануари 2016 година, откако претходната година за да биде поблиску до неговите два сина (Севи се преселила таму во 2008 година) се преселил во Мајами Бич[101] Колинс повторно започнал врска со Севи и живееле заедно во Мајами.[102] Во октомври 2020 година, откако таа тајно се омажила за друг маж во август, Колинс поднел налог за иселување против Севи.[103] Во 2021 година Колинс за 39 милиони долари го продал својот дом во Мајами.[104]

Богатство

[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, било проценето дека Колинс е втор најбогат тапанар во светот, пред него бил само Ринго Стар.[105] Богатството на Фил Колинс се проценува на 120 милиони фунти (според Листата на богаташи од Sunday Times од 2018 година) што значи дека тој меѓу 25-те најбогати луѓе во британската музичка индустрија.[106]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • 1981. Face Value
  • 1982. Hello, I Must Be Going!
  • 1985. No Jacket Required
  • 1989. ...But Seriously
  • 1993. Both Sides
  • 1996. Dance Into the Light
  • 1999. Tarzan: An Original Walt Disney Records Soundtrack
  • 2002. Testify
  • 2003. Brother Bear: Original Soundtrack
  • 2010. Going Back

Позначајни песни

  • 1981. In The Air Tonight
  • 1983. You Can't Hurry Love
  • 1984. Against All Odds (Take A Look At Me Now)
  • 1985. Sussudio
  • 1985. One More Night
  • 1985. Easy Lover (са Филипом Бејлијем)
  • 1985. Separate Lives (са Marilyn Martin)
  • 1988. A Groovy Kind Of Love
  • 1988. Two Hearts
  • 1989. Another Day In Paradise
  • 1990. I Wish It Would Rain Down
  • 1999. You'll Be In My Heart
  • 2002. Can't Stop Loving You

Концертни турнеи

[уреди | уреди извор]
  • The Hello, I Must Be Going Tour (1982–1983)
  • The No Jacket Required World Tour (1985)
  • Seriously, Live! World Tour (1990)
  • Both Sides of the World Tour (1994–1995)
  • Trip into the Light World Tour (1997)
  • The First Final Farewell Tour (2004–2005)
  • Not Dead Yet Tour (2017–2019)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки
1964 година Ноќта по тежок ден Обожувач што седи со вратоврска
1967 година Calamity the Cow Мајк Лукас
1968 година Чити Чити Бенг Бенг Палаво дете
1970 година Почнувам да бројам Продавач на сладолед
1988 година Бастер Бастер Едвардс
1991 година Кука Инспектор Гуд
1993 година Измами Роланд Копинг
And the Band Played On Еди Папасано ТВ филм
1995 година Балто Мук / Лук (глас)
2003 година Книгата за џунглата 2 Лаки (глас)

Телевизија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки
1965 година R3 Тери Епизода: „Недобредојден посетител“
1966 година Триесет минутен театар Гвин Епизода: „Писмо од Земјата“
1985 година Пороците на Мајами Фил Мејхју Епизода: „Фил Шил“

Видео игри

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки
2006 година Grand Theft Auto: Vice City Stories Самиот (глас)
  • The Alamo and Beyond: A Collector's Journey (2012)
  • Уште не сум мртов: Автобиографија (2016)
  1. Anderson, John (7 January 1990). „Pop Notes“. Newsday. New York.
  2. 2,0 2,1 Collins 2016.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Coleman 1997.
  4. Sheff, David (October 1986). „Phil Collins Interviews – Playboy, October 1986“. Архивирано од изворникот на 1 September 2002. Посетено на 23 January 2022.
  5. Sutherland, Gill (10 January 2009). „Think your child has a future in showbiz? Read on ...“. The Guardian. Посетено на 29 June 2014.
  6. 6,0 6,1 Hodgkinson, Will (14 November 2002). „Home entertainment: Phil Collins“. The Guardian. Посетено на 30 September 2013.
  7. Battistoni, Marielle. „Ringo Starr guards Beatles' legacy with new album 'Liverpool 8'. The Dartmouth. Архивирано од изворникот на 8 August 2014. Посетено на 9 August 2014.
  8. „Phil Collins Interviews – Hitmen, 1986 – Part Two“. Hitmen. Архивирано од изворникот на 1 August 2008. Посетено на 22 September 2014.
  9. Kelman, John (14 July 2004). „A Salute To Buddy Rich“. All About Jazz. Посетено на 28 July 2015.
  10. Празен навод (help)
  11. Gallo 1978.
  12. Lumenick, Lou (11 June 2014). „10 things you didn't know about 'A Hard Day's Night'. The New York Post. Посетено на 30 June 2014.
  13. 13,0 13,1 McLean, Craig (4 September 2010). „Rock's outsider: Phil Collins interview“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 25 November 2019.
  14. Brown, Len (17 November 1988). „Well Chuffed“. New Musical Express. Посетено на 14 April 2020.
  15. „Film details“. Chittybangbang.com. Посетено на 22 September 2014.
  16. „Phil Collins Interviews – Q – December 1993“. Q. December 1993. Архивирано од изворникот на 20 October 2002. Посетено на 17 July 2019.
  17. Taysom, Joe (10 February 2021). „The hilarious prank George Harrison pulled on Phil Collins“. Far Out. Посетено на 22 April 2021.
  18. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] "Genesis" Biography], Billboard.
  19. 19,0 19,1 19,2 Thompson 2004.
  20. „Bio: Phil Collins“. MTV Artists. Архивирано од изворникот на 2020-08-18. Посетено на 30 September 2013.
  21. 21,0 21,1 „Phil Collins | full Official Chart History“. Official Charts Company. Посетено на 23 February 2017.
  22. Празен навод (help)
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 Roberts, David (2006).
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 Whitburn 2000.
  25. Howell, Steve (March 2005). „Q. How do I set up a gated reverb?“. Sound On Sound. Посетено на 31 January 2016.
  26. Празен навод (help)
  27. Sendra, Tim. „AllMusic Review by Tim Sendra“. AllMusic. Посетено на 14 March 2016.
  28. West, David (5 February 2014). „Classic Drum Sounds: 'In The Air Tonight'. MusicRadar. Посетено на 14 March 2016.
  29. „Phil Collins Biography“. Allmusic. Посетено на 16 April 2014.
  30. „American album certifications – Phil Collins“. RIAA. Архивирано од изворникот на 16 October 2015. Посетено на 17 December 2014.
  31. Bowler & Dray 1992.
  32. „Brit Awards: Phil Collins“. Brit Awards. Архивирано од изворникот на 9 November 2014. Посетено на 22 September 2014.
  33. „Past Winners: Phil Collins“. The GRAMMYs. Посетено на 22 September 2014.
  34. „How Phil Collins Became Live Aid's Transcontinental MVP“. Ultimate Classic Rock. Посетено на 8 June 2020.
  35. „Zeppelin defend Live Aid opt out“. BBC News. 4 August 2004. Посетено на 23 July 2014.
  36. Празен навод (help)
  37. Sellers, John (19 August 2010). „Tough Questions for Phil Collins“. Spin. Посетено на 23 July 2014.
  38. 38,0 38,1 Празен навод (help)
  39. „MTV Video Music Awards“. MTV. 1987. Архивирано од изворникот на 2012-06-23. Посетено на 30 September 2013.
  40. „Rolling Stone : Genesis: Invisible Touch : Music Reviews“. Archive.is. Архивирано од изворникот на 12 March 2007. Посетено на 21 January 2019.
  41. Dean 2003.
  42. Ruhlmann, AWilliam. „August – Eric Clapton | Songs, Reviews, Credits“. AllMusic. Посетено на 29 October 2015.
  43. (9 September 1988).
  44. Röttgers 2015.
  45. „Waxing Enthusiastic Over Tussaud's Rock 'n' Roll Circus : Nostalgia: Opened less than a year ago in London, the rock museum features robotic figures of rock stars sculpted in wax. Each exhibit is accompanied by music and comment“. Los Angeles Times. 4 August 1990. Посетено на 13 July 2023.
  46. Silverman, David (24 August 1989). 'Tommy' Comes Home“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2014-07-28. Посетено на 23 July 2014.
  47. Copsey, Rob (4 July 2016). „The UK's 60 official biggest selling albums of all time revealed“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 9 July 2016. Посетено на 11 May 2018.
  48. „Highest Gold Platinum certifications as of 2008“ (PDF). International Federation of the Phonographic Industry. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-01-04. Посетено на 2020-07-03.
  49. Larkin 2007.
  50. Wilson, Hugh (3 April 2013). „Famous men and their misunderstood politics“. MSN. Архивирано од изворникот на 22 February 2014. Посетено на 9 February 2014.
  51. Holden, Stephen (6 December 1989). „The Pop Life“. The New York Times. Посетено на 21 August 2014.
  52. „1990 Brit Awards“. Brit Awards. Архивирано од изворникот на 2012-08-14. Посетено на 22 September 2014.
  53. „Phil Collins“. Rockonthenet.com. Посетено на 22 September 2014.
  54. „MTV Video Music Awards“. MTV. 1990. Архивирано од изворникот на 2017-02-19. Посетено на 30 September 2013.
  55. „20th American Music Awards“. Rockonthenet.com. Посетено на 22 September 2014.
  56. 56,0 56,1 Празен навод (help)
  57. Празен навод (help)
  58. „Phil Collins – True Colors (CD)“. Discogs. 1998. Посетено на 23 February 2017.
  59. Billboard magazine, [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] Phil Collins Chart History].
  60. „Phil Collins“. Hwof.com. Архивирано од изворникот на 7 July 2019. Посетено на 22 September 2014.
  61. 61,0 61,1 Lynskey, Dorian. „Phil Collins returns: 'I got letters from nurses saying, "That's it, I'm not buying your records"' | Life and style“. The Guardian. Посетено на 23 February 2017.
  62. „Partying at the palace“. BBC News. 4 June 2002. Посетено на 17 December 2014.
  63. „Disney Legends“. Disney D23. Посетено на 24 February 2013.
  64. „Best Music and Albums“. Metacritic. Посетено на 23 February 2017.
  65. Moore, Roger (1 November 2003). „A Genesis For Phil Collins“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на 2015-07-07. Посетено на 6 July 2015.
  66. „Songwriters Hall of Fame announces 2003 inductees: Phil Collins, Queen, Van Morrison and Little Richard“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на 8 March 2013. Посетено на 24 February 2013.
  67. Touchette, Deborah. „Famous Baby Boomers with Significant Hearing Loss and/or Tinnitus“. Today's Senior Magazine. Посетено на 30 September 2013.
  68. Ruhlmann, William (27 June 2006). „Tarzan: The Broadway Musical [Original Broadway Cast Recording] – Original Broadway Cast | Songs, Reviews, Credits“. AllMusic. Посетено на 29 October 2015.
  69. „Genesis to participate in Live Earth“. MSN. Архивирано од изворникот на 19 August 2009. Посетено на 22 September 2014.
  70. „Genesis in Las Vegas last night (VH-1 Rock Honors)“. Genesis-news.com. Архивирано од изворникот на 4 September 2012. Посетено на 29 October 2015.
  71. „Phil Collins To Record Motown Covers Album“. Undercover.com.au. 24 October 2009. Архивирано од изворникот на 21 November 2009. Посетено на 26 March 2010.
  72. „Phil Collins tops album chart after 12 years“. BBC News. 27 September 2010.
  73. „Genesis inducted into hall of fame“. Belfast Telegraph. 16 March 2010. Посетено на 23 February 2013.
  74. Wardrop, Murray (3 March 2011). „Phil Collins calls time on music career“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 4 March 2011.
  75. Bartolomeo, Joey (7 March 2011). „Phil Collins Is Not Retiring“. People. Посетено на 23 February 2017.
  76. „Phil Collins confirms retirement“. BBC News. 9 March 2011. Посетено на 9 March 2011.
  77. „A Message From Phil“. Архивирано од изворникот на 13 November 2013. Посетено на 21 January 2019.
  78. Празен навод (help)
  79. 79,0 79,1 „Adele working with Phil Collins“. UTV. 24 January 2014. Архивирано од изворникот на 2 February 2014. Посетено на 25 January 2014.
  80. „Adele chose motherhood over Phil Collins collaboration“. 3 News. 30 September 2014. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 1 October 2014.
  81. Празен навод (help)
  82. „Phil Collins 'no longer retired'. 28 October 2015. Посетено на 28 October 2015.
  83. Greene, Andy (28 October 2015). „Phil Collins Plotting Comeback: 'I Am No Longer Retired'. Посетено на 28 October 2015.
  84. „Phil Collins Reshot All His Original Album Covers for the 2016 Reissues“. PetaPixel (англиски). 8 April 2016. Посетено на 14 May 2018.
  85. Празен навод (help)
  86. „Phil Collins marks comeback with European tour“. BBC News. Посетено на 17 October 2016.
  87. „Phil Collins announces Mexico, South America tour dates for 2018“. Consequence (англиски). 27 November 2017. Посетено на 16 May 2018.
  88. „Phil Collins announces first North American tour in 12 years“. Consequence (англиски). 7 May 2018. Посетено на 16 May 2018.
  89. ConcertFix. „Phil Collins Tour Dates & Concert Tickets 2019“. ConcertFix (англиски). Посетено на 26 March 2019.
  90. Празен навод (help)
  91. Sicily, Angeline (27 March 2022). „Phil Collins Retiring? Drummer Worries Fans During Last Performance With Genesis“. Music Times. Посетено на 28 March 2022.
  92. „I'm Not So Ambitious As I Was“. Replay.waybackmachine.org. Архивирано од изворникот на 22 April 2009. Посетено на 22 September 2014.
  93. „An interview with film producer Joely Collins on Becoming Redwood“. UrbanMoms. 25 April 2013. Посетено на 3 August 2015.
  94. „Phil Collins sued by ex-wife over claims made in autobiography“. Sky News. 3 December 2016. Посетено на 5 December 2016.
  95. 95,0 95,1 95,2 „Dropping the Ax Via Fax“. People. 8 August 1994. Посетено на 14 June 2019.
  96. Cottrill, Jeffrey (23 July 2014). „Phil Collins reportedly pays ex-wife $50 million in divorce settlement“. Divorce Magazine. Посетено на 17 June 2019.
  97. „A brief bio of Orianne Collins“. Orianne Collins Jewellery. Архивирано од изворникот на 16 October 2015. Посетено на 4 August 2015.
  98. Richard, Katja (20 February 2016). „Orianne Collins: "Phil und ich wollen nochmals heiraten!" / Orianne Collins: "Phil and I want to get married again!". Blick. Архивирано од изворникот на 21 February 2016. Посетено на 23 February 2016.
  99. Webber, Stephanie (20 February 2016). „Phil Collins to Remarry His Third Ex-Wife, Orianne Cevey, After $46 Million Divorce“. Us Weekly. Посетено на 23 February 2016.
  100. Michaels, Sean (19 August 2008). „Phil Collins sets divorce pay-out record“. The Guardian. London. Посетено на 5 December 2016.
  101. Празен навод (help)
  102. „Against all odds, Phil Collins is back with his ex-wife after £25m divorce settlement“. The Daily Telegraph. 29 January 2016. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 30 January 2016.
  103. „Phil Collins' ex-wife Orianne Cevey 'still refusing to leave Miami house'. Metro (англиски). 21 October 2020. Посетено на 2020-11-02.
  104. San Juan, Rebecca (28 January 2021). „Phil Collins' Miami Beach house sold to billionaire businessman and wife for $39.25M“. Miami Herald. Посетено на 5 February 2021.
  105. Breihan, Tom (28 August 2012). „The 30 Richest Drummers in the World“. Stereogum. Посетено на 30 May 2014.
  106. Hanley, James (10 May 2018). „Paul McCartney tops 2018 Sunday Times list of richest musicians“. musicweek.com. Посетено на 18 February 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]