Scorpions
Скорпионс е германскa рок група формирана во 1965 година. Од основањето на бендот, нивниот стил се одликува со хард рок стил[5][6] to Хеви метал.[1][2][3][4] Единствен константен член на групата, од самиот почеток е гитаристот Рудолф Шенкер, кој воедно e и вокалист Клаус Мајне учествувал во снимањето на сите албуми.[8] Еден од најпознати рок бендови ги направи нивни��т хит од 1980 година “Rock you like a hurricane” и многу синглови како “No one Like you”, “Send Me an Angel”, “Still Loving You” и “Wind of Change”. Групата беше рангиранa на 46-та позиција на изборот на VH1 за најдобри артисти во хард рок жанрот. “Rock you like a hurricane” е исто така на 18-та позиција на листата од 100 најдобри хард рок песни.[9] "Rock You Like a Hurricane" is also No. 18 on VH1's list of the 100 Greatest Hard Rock Songs.[10]
Скорпионс | |
---|---|
Скорпионс во живо 2010 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Хановер, Германија |
Жанрови | Хеви метал,[1][2][3][4] Хард-рок[5][6] |
Период на активност | 1965[7] – до сега |
Издавачи | Rhino, RCA, EMI |
Соработници | UFO, The Michael Schenker Group, Electric Sun |
Мреж. место | the-scorpions.com |
Членови | |
Рудолф Шенкер Клаус Мајне Матијас Јабс Џејмс Котак Павел Мацивода | |
Поранешни членови | |
See former members section |
Групата се одликува како една од групите со најпродавани албуми, односно 75 милиони низ светот.[11]
Историја
уредиФормирање и рана историја (1965–1973)
уредиРудолф Шенкер, гитарист на групата, ја основал во 1965 година. Најпрво, тој бил и вокалист. Потоа, работите почнале да се средуваат кога во 1970 година помладиот брат на Шенкер, Мајкл и вокалистот Клаус Мајне се придружиле во бендот. Во 1972 година групата го снимила и објавила нивниот прв албум Lonesome Crow, со Lothar Heimberg како басист и Wolfgang Dziony како тапанар. За времетраењето на турата Lonesome Crow, Скорпионс склучиле соработка со британскиот бенд UFO. Кога крајот на турата се наближувал, гитаристот Мајкл Шенкер прифатил понуда за гитарист во бендот UFO. Uli Roth, пријател на браќата Шенкер, бил пов��кан за турата да биде завршена.
Заминувањето на Мајкл Шенкер довело до распаѓање на групата. Во 1973 година Uli Roth кој му помогнал на бендот да ја завршат турата Lonesome Crow, бил понуден да биде гитарист, но ја одбил понудата, претпочитајќи да остане во бендот Dawn Road. Рудолф Шенкер одлучил дека сака да работи со Roth, но не сакал бендот повторно да се распадне. Тој присуствувал на пробите на бендот Dawn Road и решил да се приклучи во бендот, во кој освен Roth, членови биле и Францис Буххолц, Ахим Киршинг и Јирген Розентал. Roth и Buchholz го убедувале Рудолф Шенкер да го повика Клаус Мајне да се придружи во групата како вокалист. По кратко време, тој го направил тоа. Иако имало повеќе членови од бендот Dawn Road наместо од бендот Scorpions, тие одлучиле да го користат името Scorpions бидејќи било попознато во германската хард рок сцена, и веќе бил издаден еден албум под тоа име.[12]
Години на успех (1974–1978)
уредиВо 1974 година Scorpions го издадоа албумот Fly to the Rainbow. Албумот се покажа како поуспешен од Lonesome Crow. После снимањето, Ахим Киршинг одлучил да ja напушти групата. По кратко време Јирген Розентал морал да ja напушти групата затоа што бил повикан во армијата. Во 1976 се приклучил во германска рок група наречена Eloy каде што снимиле три албуми. Подоцна, бил заменет со белгискиот тапанар Rudy Lenners.
Во 1975 го објавиле албумот In Trance, кој го означил почетокот на долгата соработка помеѓу Scorpions и германскиот продуцер Dieter Dierks. Албумот претставувал голем чекор напред за групата и за усовршувањето на нивната хеви метал формула. Во 1976, Scorpions го објавиле Virgin Killer. Обвивката на албумот содржела разголена девојка позади скршено стакло. Била дизајнирана од страна на Штефан Бол кој бил менаџер на RCA Records.[13] Обвивката донела голема популарност на пазарот, меѓутоа подоцна била отстранувана или заменувана во другите држави. Следната година, Rudy Lenners го напуштил бендот поради лични причини и бил заменет од страна на Херман Раребел.
За петтиот албум, Taken by Force, RCA Records го промовирале албумот во продавници и на радио станиците. Синглот “Steamrock Fever” бил додаден во списокот на промоциони песни. Roth не бил задоволен од начинот на кој групата се промовира. После турнејата во Јапонија, тој ja напуштил групата и формирал нова. Во средината на 1978, после аудиција на кој учествувале околу 140 гитаристи, Scorpions го одбрале гитаристот Матијас Јабс.
Комерционален успех (1979–1991)
уредиScorpions ги напуштаат RCA Records и случуваат соработка со Mercury Records за Англија и Harvest/Emi Electrola за цел свет, со што го снимиле нивниот следен албум Lovedrive. По неколку недели откако добил отказ од групата UFO, поради неговата зависност од алкохол, Мајкл Шенкер се вратил во Scorpions за краток временски период, додека траело снимањето на албумот. Тоа и донело три гитаристи на групата (иако Schenker учествувал само во три песни). Резултатот бил албумот Lovedrive, за кој некои критичари велат дека бил отскочна даска за нивната кариера.[14] Создавајќи фаворити како "Loving You Sunday Morning", "Always Somewhere", "Holiday" и инструменталката "Coast to Coast" се формирала “Scorpions формула” за создавање на хард рок песни измешани со мелодични балади.Lovedrive се искачил на 55-то место на англиските музички листи. По довршувањето и објавувањето на албумот, групата одлучила да го задржи Мајкл во бендот, форсирајќи го Јабс да си отиде. Но, после неколку недели од турнејата, Michael сè уште борејќи се со алкохолизмот паѓа во несвест на сцената. Јабс бил вратен за да го замени Michael онаму каде што тој не можел. Во Април 1979, додека траела нивната турнеја во Франција, Jabs официјално бил ставен на местото на Мајкл.
Во 1980 групата го објавила Animal Magnetism, повторно со провокативна обвивка. Овој пат тоа бил девојка која била на колена и доберман кој седел во близина на еден маж. Скоро после издавањето на албумот Meine почнал да се соочува со проблеми. Направил операција на гласните жици и било прашање дали тој ќе може да пее повторно.
Во меѓувреме, групата почнала да работи на нивниот нареден албум, Blackout во 1981 година. Don Dokken бил донесен како менаџер и следечки вокали додека Meine заздравувал.[15] По одредено време Meine заздравил целосно и бил способен да го доврши албумот. Blackout бил издаден во 1982 година и брзо станал најпродаван албум. Гласот на Мајне не покажувал знаци на слабост и реакцијата на обожавателите била добра.
Зголемувањето на нивната популарност довела до тоа Scorpions да настапат пред 375.000 обожаватели на вториот ден на тридневниот американски фестивал во Сан Бернандино, Калифорнија во 1983 година. Концертот бил пренесуван во живо на MTV.
Во 1984 година со објавувањето на деветтиот албум Love at First Sting групата го дефинирала нивниот статус како метал музичари. Албумот и синглот "Rock You Like a Hurricane" за неколку месеци се искачиле на првите места во музичките листи.
MTV придонела во успехот на албумот “Love at first sting”, со тоа што долго време ги прикажувала на својата програма песните "Rock You Like a Hurricane", "Bad Boys Running Wild", "Big City Nights” и една од најдобрите балади “Still Loving You”. MTV на групата и го доделиле името “Амбасадори на рокот” што направило бендот да стане позабележан. Списанието “The Rolling Stone” ги нарекува Scorpions “Хероите на хеви металот”
Групата одлучила да сними уште еден албум во живо, World Wide Live во 1985. Снимањето се одвивало преку едногодишна светска турнеја, што значително ја зголемила нивната популарност. Албумот бил уште еден успех плус за групата, кој се искачил на 14-то место на музичките листи во Америка, и на 18-то место на музичките листи во Англија.
После нивните турнеи, групата најпосле се вратила во студиото за да го сними албумот Savage Amusement. Албумот бил објавен во 1988 година. Продажбата била релативно добра.
На турнејата Savage Amusement во 1988 година, Scorpions станале втората вестерн група која настапувала во Советскиот Сојуз. Uriah Heep настапувал во декември 1987 во Ленинград. Следната година Скорпионс се вратиле да настапат на Moscow Music Peace Festival. Како резултат на тоа, групата добилa повеќе обожаватели од Русија, и повторно се враќала да настапува.[16]
Посакувајќи да се оддалечат од стилот на Savage Amusement, Скорпионс го прекинале долгогодишниот договор со нивниот продуцер Dieter Dierks и “Sixth Scorpion”. Во 1990 година, штом бендот се вратил во музичкото студио, како нов продуцер го назначиле Keith Olsen. Crazy World бил објавен во истата година и се одликувал со помалку обработуван звук. Особен успех добила баладата "Wind of Change". Песната е посветена на социо-политичките промени кои ја зафаќале Европа и другите делови на светот по завршувањето на Студената војна. На 21 јули 1990 година, групата настапила во Берлин. После турнејата Crazy World, Francis Buchholz, долгогодишниот басист на Скорпионс, ја напуштил групата.
Периодот од 1992–2009
уредиВо 1993, Скорпионс го објавуваат дванаесеттиот албум, Face the Heat. Басистот бил заменет од страна на Ralph Rieckermann. За време на снимањето, групата го ангажирала продуцерот Bruce Fairbairn. Албумот имал повеќе металски особини отколку мелодични со што обожавателите биле поделени. Љубителите на металот реагирале позитивно, додека некои од долгогодишните обожаватели реагирале негативно. Сингловите "Alien Nation" и баладата "Under The Same Sun" речиси го достигнале успехот на “Wind of Change”. Во 1995, бил снимен нов албум наречен Live Bites. Дискот содржел снимки од настапите во живо од 1988 и 1994 година. Меѓутоа, во споредба со албумот World Wide Live, овој не бил толку успешен.
Во 1996 година, за време на снимањето на нивниот 13-ти албум, Pure Instinct, тапанарот Herman Rarebell ја напуштил групата. Curt Cress повремено дошол како замена, но после тоа Џејмс Котак станал член на групата за подолг период. Најпопуларни песни од тој албум биле “Wild Child” и баладата “You and I”. Во 1999 година бил објавен албумот Eye II Eye кој го променил стилот на групата, вметнувајќи елементи на поп и техно. Тогаш, од обожавателите добиле негативно мислење. Меѓутоа, спотот на “To be No.1” имал мало влијание во подобрувањето на тоа мислење. Следната година, Скорпионс склучиле соработка со Берлинскиот Предлошка:Филхармониски оркестар што резултирало со 10 песни под име Moment of Glory. Албумот поминал низ ново градење на репутацијата на групата после Eye II Eye. Како и да е, критичарите се насочиле кон тоа што Металика имала слична соработка со Симфонијата од Сан Франциско, што се случила претходната година, иако идејата на Скорпионс била од 1995 година.
Во 2001, Скорпионс го објавиле албумот Acoustica, кој содржел преработки на некои од најголемите хитови на групата, плус нови песни. Тоа наишло на добра реакција кај обожавателите, со што популарноста на Скорпионс полека се враќала. Во 2004, групата го објавила Unbreakable, исто така еден од добрите албуми. Се одликувал со хеви стил, и обожавателите добро реагирале на песни како "New Generation", "Love 'em or Leave 'em" и "Deep and Dark". Меѓутоа, слабата промоција на албумот довело до тоа албумот да не се искачи на музичките листи.
Во почетокот на 2006, Скорпионс го објавиле ДВД-то 1 Night in Vienna кое содржело 14 изведби во живо. Во Лос Анџелес, бендот поминал 4 месеци во студиото со продуцентите James Michael и Desmond Child работејќи на албумот насловен Humanity: Hour I, објавен во 2007 година.[17] По објавувањето, следела турнеја под наслов “Humanity World Tour”.
При крајот на 2007, Меine изјавил дека албумот не бил концептен албум, туку нешто како колекција од песни со слична тема.
“Не сакавме да направиме уште еден албум со песни на тема како машките бркаат девојчиња. Мислам, ајде, дај ми одмор.” – рекол Meine.[18]
На 20 декември 2007, Скорпионс одржале концерт во Кремљ пред елитата на Русија. Концертот се одржал по повод 90-годишнината од формирањето на Cheka-претходникот на КГБ. Групата тврдела дека има Божиќен концерт и изјавиле дека нивниот концерт не бил одржан во чест на Cheka, комунизмот или бруталното минато на Русија. Дел од публиката биле и Vladimir Putin и Dmitry Medvedev. [19]
На 21 февруари 2009, Скорпионс добиле награда за животно дело.[20]
Sting in the Tail, турнеја и следен албум (2010–до сега)
уредиВо ноември 2009, Скорпионс изјавиле дека нивниот 17-ти албум Sting in the Tail ќе биде објавен во почетокот на 2010.,[21] Сниман во Hanover, со продуцентите Mikael "Nord" Andersson и Martin Hansen. Албумот бил објавен на 23 март 2010.[22]
На 6 април 2010, отпечатоците на рацете на членовите од групата,[23] биле поставени на Холивутската рок патека.
Албумот со преснимувањето на нивните постари песни,Comeblack, бил објавен на 7 ноември 2011.[24] Во април 2013, Скорпионс договориле концерти со оркестар во Русија и Белорусија. На 11, 12 и 14 септември 2013, Скорпионс се појавува во три концерти на MTV.[25]
Членови на групата
уредиМоментални членови
уреди- Рудолф Шенкер — (1965–до сега)
- Клаус Мајне — (1970–до сега)
- Матијас Јабс — (1978, 1979–до сега)
- Џејмс Котак — (1996–до сега)
- Павел Мацивода — (2004–до сега)
Поранешни членови
уреди- Lothar Heimberg — (1965–1973)
- Wolfgang Dziony — (1965–1973)
- Karl-Heinz Vollmer – (1965–1970)
- Michael Schenker — (1970–1973, 1978–1979)
- Francis Buchholz — (1973–1983, 1984–1992)
- Uli Jon Roth — (1973–1978)
- Jürgen Rosenthal — (1973–1975)
- Achim Kirschning — (1973–1974)
- Rudy Lenners — (1975–1977)
- Joe Wyman - (1977)
- Herman Rarebell — (1977–1983, 1984–1995)
- Ralph Rieckermann — (1993–2000, 2000–2003)
- Curt Cress — (1996)
- Ken Taylor — (2000)
- Ingo Powitzer —(2004)
Менаџери
уреди- Peter F. Amend (1991–до сега)
- Stewart Young (1995–до сега)
- Tom Consolo (2011)
- Steve Martin (2012)
Дискографија
уреди- Студио албуми
- Lonesome Crow (1972)
- Fly to the Rainbow (1974)
- In Trance (1975)
- Virgin Killer (1976)
- Taken by Force (1977)
- Lovedrive (1979)
- Animal Magnetism (1980)
- Blackout (1982)
- Love at First Sting (1984)
- Savage Amusement (1988)
- Crazy World (1990)
- Face the Heat (1993)
- Pure Instinct (1996)
- Eye II Eye (1999)
- Moment of Glory (2000)
- Unbreakable (2004)
- Humanity: Hour I (2007)
- Sting in the Tail (2010)
- Return to Forever (2015)
- Rock Believer (2022)
- Албуми во живо
- Tokyo Tapes (1978)
- World Wide Live (1985)
- Live Bites (1995)
- Acoustica (2001)
- Live 2011 – Get Your Sting and Blackout (2011)
- MTV Unplugged (2013)
Турнеи
уредиСкорпионс направиле околу 5,000 концерти во повеќе од 80 земји.[26]
- 1972: Lonesome Crow Tour
- 1974: Fly to the Rainbow Tour
- 1975–1976: In Trance Tour
- 1976: Virgin Killer Tour
- 1977–1978: Taken by Force Tour
- 1979: Lovedrive Tour
- 1980: Animal Magnetism Tour
- 1982–1983: Blackout Tour
- 1984–1986: Love at First Sting Tour
- 1988–1989: Savage Amusement Tour
- 1990–1991: Crazy World Tour
- 1993–1994: Face the Heat Tour
- 1996–1997: Pure Instinct Tour
- 1999: Eye to Eye Tour
- 2000: Moment of Glory Tour
- 2001: Acoustica Tour
- 2002: Scorpions Tour 2002
- 2003: Scorpions Tour 2003
- 2004–2006:Unbreakable World Tour
- 2007–2009: Humanity World Tour
- 2010–2013: Get Your Sting and Blackout World Tour[27]
Награди и признанија
уреди- 1975: Best German Live Band
- 1976: Album of the Year in Germany Virgin Killer
- 1979: Playboy magazine: Best artwork of the year for the Lovedrive cover
- 1985: Entry into the Golden Book of Hanover
- 1986: Bravo-Otto Band in Silver Category Hard & Heavy
- 1991: Bravo Otto in Gold Category band Hard & Heavy
- 1991: Invitation to the Kremlin, reception at the former Soviet state and party leader Mikhail Gorbachev
- 1992: Bravo Otto in bronze category band Hard & Heavy
- 1992: World Music Award as the most successful German rock act
- 1992: Echo as the best national group
- 1992: Europe Golden (German: Goldene Europa)
- 1994: World Music Award
- 1998: Radio Regenbogen Award Rock International
- 2000: Town of Hanover Plaque (German: Stadtplakette)
- 2000: Entry into the Golden Book of Hanover
- 2000: Cultural Prize of the City of Hanover
- 2001: Scorpions street in Leganes, Spain
- 2009: Echo Lifetime Achievement
- 2010: Star on the Hollywood Rock Walk Los Angeles
- 2010: Rock Legend Award the World Music Award (special award for her outstanding contribution to the development of rock music)
- 2010: Special postage stamp Scorpions to the Brazil tour, published by the Brazilian Post
- 2010: Lifetime Achievement Awards, the Hard Rock Cafe chain
- 2011: Radio Regenbogen Award in the Category Lifetime Rock [28]
- 2011: Pioneer of Pop-Award of SWR3-New-Pop-Festival [29]
- 2011:Metal Guru Award from Classic Rock (magazine)[30]
- 2012: CGDC Award for Music for Dialogue from the Center for Global Dialogue and Cooperation (CGDC)[31]
- 2012: Deutscher Nachhaltigkeitspreis der Städte und Gemeinden[32]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ingham, Chris. The Book of Metal. Thunder's Mouth Press. стр. 104. ISBN 978-1-56025-419-5. LCCN 2002071975.
- ↑ 2,0 2,1 Weinstein, Deena. Heavy Metal: The Music and its Culture. DaCapo, 2000. ISBN 0-306-80970-2, pp. 29, 36.
- ↑ 3,0 3,1 Christe, Ian (2004). Sound of the Beast. Allison & Busby. стр. 2. ISBN 0-7490-8351-4.
- ↑ 4,0 4,1 Walser, Robert (1999). Running with The Devil. Wesleyan University Press. стр. 2. ISBN 0-8195-6260-2. LCCN 92056911.
- ↑ 5,0 5,1 M. C. Strong (1998). The great rock discography. Giunti. стр. 722. ISBN 88-09-21522-2.
- ↑ 6,0 6,1 Philip Dodd (2005). The Book of Rock: from the 1950s to today. Thunder's Mouth Press. ISBN 1-56025-729-6.
- ↑ „Scorpions Band-History“. The-scorpions.com. Архивирано од изворникот на 2015-08-09. Посетено на 2011-10-20.
- ↑ „Scorpions“. Encyclopaedia Metallum.
- ↑ The Greatest: 100 Greatest Artists of Hard Rock (40–21) Архивирано на 21 август 2011 г. at VH1.com
- ↑ „VH1's 100 Greatest Hard Rock Songs“. Stereogum.com. January 5, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-02-16. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ Spahr, Wolfgang (2009-02-05). „Echo Awards Honor For Scorpions“. Billboard. Посетено на 2013-04-18. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ The Story of "Scorpions" Архивирано на 10 април 2008 г. (ulijonroth.com)]
- ↑ Syrjälä, Marko. „Interview with Uli Jon Roth“. Metal-rules.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на May 12, 2008.
- ↑ „Allmusic review of the album“. allmusic.com. Посетено на 2007-05-18.
- ↑ Don Dokken interview Архивирано на 12 октомври 2007 г. (classicrockrevisited.com)
- ↑ Interview with Klaus Meine (metal-rules.com)
- ↑ New SCORPIONS Album Title, Artwork Revealed Архивирано на 7 јануари 2010 г. (bravewords.com)
- ↑ „Klaus Meine podcast interview“. Stuck in the 80s. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-11-19. Посетено на 2007-11-26.
- ↑ „Scorpions Give Spies a Perestroika Ballad“. Ocnus.net. Посетено на 2011-10-20.
- ↑ „Scorpions performs at Germany's ECHO Awards“. Blabbermouth.net. February 22, 2009. Посетено на February 22, 2009.
- ↑ „BLABBERMOUTH.NET – SCORPIONS: New Album Title Announced“. Roadrunnerrecords.com. Посетено на 2010-06-23.
- ↑ „SCORPIONS: 'Sting In The Tail' U.S. Release Date Confirmed“. BlabberMouth.
- ↑ „rockwalk“. Guitar Center's Hollywood Rockwalk. Посетено на 2011-10-20.
- ↑ „SCORPIONS To Re-Record Classics For Upcoming Album“. BlabberMouth.
- ↑ http://www.the-scorpions.com/german/tourdates.asp
- ↑ Orange but Green supporten die Scorpions in Essen - Musik Архивирано на 29 мај 2010 г.. Monstersandcritics.de. Посетено на 2012-04-24.
- ↑ Scorpions Tourdaten
- ↑ „Radio Regenbogen Award: Da freut sich das Promi-Fan-Herz! - Radio Regenbogen-Award 2011“. Ka-news.de. Посетено на 2011-10-20.
- ↑ „SWR3 New Pop Festival 2011“. Swr3.de. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2011-10-20.
- ↑ „Classic Rock » Blog Archive » CR AWARDS: The Winners“. Classicrockmagazine.com. Посетено на 2011-12-07.
- ↑ „CGDC Award 2012 | cgdc.eu“. Архивирано од изворникот на 2014-08-11. Посетено на 2013-08-07.
- ↑ Dt. Nachhaltigkeitspreis: Ehrenpreisträger stehen fest | Markenartikel
Надворешни врски
уредиРизницата има слики и снимки поврзани со: Scorpions (band) (категорија) |
- Предлошка:Официјално мрежно место
- Неофицијална Фејсбук група на Скорпионс
- Официјално мрежно место за документарецот "Big City Nights – The Scorpions Film"
- Официјален профил на Скорпионс на Allmusic
- Слики од концертот на Скорпионс во Минск 29.04.2010, Final World турнеја
- Слики од прес-конференцијата на Скорпионс во Минск 29.04.2010
- Галерија на Скорпионс во живо