Владимир Путин
Владимир Владимирович Путин (руски: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин; р. 7 октомври 1952 година) — руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 2000 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.
Владимир Путин | |
---|---|
Претседател на Русија | |
На должноста | |
Стапил 7 мај 2012 | |
Премиер | Виктор Зубков Димитриј Медведев Михаил Мишустин |
Претходник | Димитриј Медведев |
На должноста 31 декември 1999 – 7 мај 2008 31 декември 1999 – 7 мај 2000 | |
Премиер | Михаил Касјанов Виктор Христенко Михаил Фрадков Виктор Зубков |
Претходник | Борис Елцин |
Наследник | Димитриј Медведев |
Премиер на Русија | |
На должноста 8 мај 2008 – 7 мај 2012 | |
Претседател | Димитриј Медведев |
Заменик | Игор Шувалов |
Претходник | Виктор Зубков |
Наследник | Виктор Зубков (Acting) |
На должноста 9 август 1999 – 7 мај 2000 9 август 1999 – 16 август 1999 | |
Претседател | Борис Елцин |
Заменик | Виктор Христенко Михаил Касјанов |
Претходник | Сергеј Степашин |
Наследник | Михаил Касјанов |
Претседавач на Советот на министри на Русија-Белорусија | |
На должноста | |
Стапил 27 мај 2008 | |
Претходник | нема |
Генерален секретар на Единствена Русија | |
На должноста | |
Стапил 1 јануари 2008 | |
Претходник | нема |
Претседател на Единствена Русија | |
На должноста 1 јануари 2008 – 30 мај 2012 | |
Претходник | Борис Гризлов |
Наследник | Димитриј Медведев |
Директор на ФСБ | |
На должноста 25 јули 1998 – 29 март 1999 | |
Претседател | Борис Елцин |
Претходник | Николај Ковалов |
Наследник | Николај Петрушев |
Лични податоци | |
Роден(а) | Vladimir Vladimirovich Putin 7 октомври 1952 Ленинград, Советски Сојуз |
Партија | КПСС (пред 1991) Наш дом - Русија (1995 – 1999) Единство (1999 – 2001) независен (1991 – 1995; 2001 – 2008) Единствена Русија (2008–денес) |
Сопружник | Људмила Путина |
Деца | Марија Екатерина |
Установа | Ленинградски универзитет |
Вероисповед | Руска православна црква |
Потпис | |
Портал | Матична страница |
Воена служба | |
Припадност | СССР |
Род | КГБ |
Траење | 1975 – 1991 |
Чин | подполковник |
Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петербург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.[1][2].
Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесеттите години[3][4]. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите трипати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%.[5][6][6][7][7][8][9][10]. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањет�� на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз[11][12][13][14].
Како претседател на Русија, Путин донел закон за рамен данок на доход од 13%. Како премиер вовел големи воени реформи и реформи во полицијата. Неговата енергетска политика ја потврдило позицијата на земјата како енергетска велесила.[15][16]. Освен тоа, Путин поддржал и развој на јадрената и одбранбената индустрија. Порастот на странските инвестиции[17] донел до голем економски развој во индустрии како авртомобилската на пример. Развојот на земјата во неговиот мандат вклучува изградба на цевководи, реставрација на сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС, и изградба на инфраструктура за меѓународни настани.
Во Русија, водството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг[18]. Според некои, голем дел од неговите дела се одликувале како недемократски[19]. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор,[20][21][22], кое Путин категорично го негира.
Рани години
уредиВладимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација)[23] како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години[24]. Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.
Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде честопати престојувал и самиот Владимир Путин.[25].
Потеклото на Владимир е опишано како мистерија без евиденција на преживеаните негови предци поради тоа што нема низ историските документи презиме Путин. Се смета дека неговото семејство потекнува од Тверското кралско семејство. Во семејната книга на Тверскиот регион се споменува името на Путијанин од каде се смета дека потекнува од аристократско семејство, точно од родот на Големиот кнез на Твер, Михаил од средниот век. Низ историјата било вообичаена практика семејните имиња поврзани со поранешни аристократски семејства да бидат скратувани, како на пример Путјанин да стане Путин[26].
Во својата автобиографија Во прво лице[24] кое се заснова на интервју со Путин, се зборува за скромниот живот на Путин кој живеел во комунален стан во Ленинград. На 1 септември 1960 година тој започнал да оди во училиштето број 193 кое се наоѓало спроти неговата куќа. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сè уште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.
Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет.[27]. Неговата докторска тема била под наслов "Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи" според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика.[28]. Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година[29]. Исто така, на универзитетот се запознал со Анатолиј Собчак кој подоцна одиграл важна улога во неговата кариера. Анатолиј Собчак во тоа време бил доцент и предавал на П��тин[30].
Кариера во КГБ
уредиПутин се приклучил во КГБ во 1975 година, по дипломирањето, и бил подложен на обука од една година во 401-то училиште во Охта, Ленинград. Тој потоа продолжил да работи кратко време како контраразузнавач пред да биде префрлен во главната дирекција на КГБ каде меѓу своите должности му биле следење на странски државјани и на конзуларните функционери во Ленинград.[31][32]
Во периодот од 1985 до 1990 година, Путин од страна на КГБ бил пуштен во Дрезден, Источна Германија.[33] По падот на источногерманската влада, Путин бил повикан да се врати во Ленинград, каде во јуни 1991 година започнал да работи во Ленинградскиот државен универзитет кај заменик-ректорот Јуриј Молчанов.[34], односно на вториот ден од неуспешниот Агустовски пуч против советскиот претседател Михаил Горбачов.[35] Путин подоцна за овие настани изјавил: „Штом започна ударот, јас веднаш одлучив на која страна ќе бидам“ и покрај тоа што неговиот избор бил тежок, бидејќи претходно најголемиот дел од својот живот работел во органите на КГБ.[36]
Рана политичка кариера
уредиСанкт Петербург
уредиВо мај 1990 година, Путин бил назначен за советник за меѓународни прашања на тогашниот градоначалник и негов пријател Анатолиј Собчак. На 28 јуни 1991 година бил назначен за шеф на Комитетот за надворешни односи на канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург, со одговорност да ги промовира меѓународните односи и да привлече странски инвестиции. Во тоа време Путин се нашол под истрага од страна законодавниот дом во градот. Според членовите на комисијата, Путин дозвол извоз на метали во вредност од 93.000.000 $, во замена за надворешна помош во храна што никогаш не пристигнала[37][38]. И покрај препораката на Европската комисија дека Путин треба да биде отпуштен, Путин останал на позицијата шеф на Комитетот за надворешни односи до 1996 година[39][40].
Москва
уредиВо 1996 година, Анатолиј Собчак бил поразен на изборите во Санкт Петербург за градоначалник. Путин бил повикан во Москва и во јуни 1996 година станал заменик-шеф на претседателскиот кабинет за управување со имот, каде на чело се наоѓал Павел Бородин. На таа позиција останал до март 1997 година.
На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именувал Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, каде на таа позиција останал до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначил за шеф на ФСБ, каде се задржал до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.
Прв премиерски мандат
уредиНа 9 август 1999 година, Владимир Путин бил назначен за еден од трите заменик-премиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин станал премиер поставен од страна на Ворис Елцин.[41]. Елцин исто така изјавил дека сака да го види Путин како негов наследник на претседателската функција. Подоцна Путин се согласил да се кандитира за претседател[42]. На 16 август Државната дума го одобрило неговото назначување за премиер со 233 гласа, наспроти 84 против, 17 воздржани[43]. По неговото именување, тогаш непознатиот Путин за поголемата руска јавност, аналитичарите очекувале дека неговиот мандат нема да трае долго, слично како и неговите претходници.
Како главни противници застанале московскиот градоначалник Јуриј Лужков и поранешниот премиер Евгениј Примаков, кој веќе воделе кампања да го заменат Елцин од претседателската позиција. Популарноста на Путин во голема мера се зголемила кога Исламската меѓународна бригада ја започнала Дагестанската инвазија, главно поради неговата непопустливост во однос на конфликтот на Северен Кавказ.
Вршител на должност
уредиНа 31 декември 1999 година, Елцин неочекувано поднел оставка од позицијата претедател на Руската Федерација. Според уставот, Путин станал в.д. претседател.
Претседателската должност Путин ја потпишал на 31 декември 1999 година. Освен ова била потпишана и гаранција за поранешниот претседател на Руската федерација и членовите на неговото семејство.[44][45], според која нема да бидат покренети обвиненија за корупција против претседателот во заминување.
Додека неговите противници се подготвувале за изборите во јуни 2000 година, оставката на Елцин резултирала со претседателски избори кои биле закажани во март 2000 година, на кои Путин победил со 53% од гласовите[46].
Прв претседателски мандат
уредиВладимир Путин бил инаугуриран за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал дектет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.
За време на неговиот прв мандат, тој започнал да се справува со моќта на дел од поранешните олигарси на Елцин, како што се Борис Березовски, кој според самиот него му помогнал на Путин да влезе во претседателскиот кабинет и ја финансирал кампањата на Путин[47][48].
Во периодот од 2000-2004 година завршила т.н. Јукос афера, период во кој Путин започнал отворена војна со најголемиот дел од руските олигарси. Според оваа зделка, на олигарсите им било дозволено да го задржат поголемиот дел од своите имоти во замена за нивна експлицитна поддршка на владата[49][50] .
Еден од првите поголеми предизвици на Путин дошол по потонувањето на подморницата Курск каде тој бил жестоко критикуван. Во декември 2000 година Путин го променил и законот за државната химна на Русија. Химната ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990 година. Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера. Новиот текст бил составен од страна на Александар Василевич Александров со мали измени од Сергеј Михалков кој претходно бил автор на текстот на двете верзии од советската химна[51][52].
Многумина во рускиот печат и во меѓународните медиуми предупредиле дека смртта на околу 130 заложници во спасувачката операција на специјалните сили во текот на Московската театарска заложничка криза сериозно ќе му наштети на популарноста на претседателот Путин. Меѓутоа, кратко време по опсадата, рускиот претседател уживал рекорден процент на популарност од 83%, односно 83% од Русите се изјасниле дека се задоволни од Путин и неговото справување со опсадата[53].
Неколку месеци пред изборите, Путин го отпуштил Касјанов и го назначил Михаил Фрадков за нов премиер на земјата. Сергеј Иванов станал министер за одбрана. Во 2003 година бил одржан референдум во Чеченија за усвојување на новиот устав кој ја декларира републиката како дел од Русија. Чеченија постепено се стабилизирала со одржувањето на парламентарните избори[54][55].
Втор претседателски мандат
уредиНа 14 март 2004 година, Путин бил реизбран за претседател на земјата, освојувајќи 71% од гласовите[46].
Во почетокот на септември 2004 година се одвила Бесланската заложничка криза каде биле убиени повеќе од 300 луѓе, повеќе од нив деца. По крајот на овој терористички акт, Путин покренал иницијатива за директен избор на гувернерите и претседателите на руските земји од страна на Претседателот на Руската Федерација и истиот ќе биде одобрен од страна на регионалните законодавни тела[56][57].
Во 2005 година, Националниот приоритетен проект бил основан за подобрување на здравствената заштита на Русија, како и подобрување на образованието, домувањето и земјоделството. Како резултат на тоа во 2006 година следувало зголемување на платите во здравството и образованието како и одлуката за модернизација на опремата во двата сектора во 2006 и 2007 година[58]. Во 2006 година Путин најавил и поголеми породилни бенифиции и поголема државна поддршка за грижа на жените. До 2012 година, демографските програми на Владата довеле до зголемување за 45% на породилните бенефиции за родено второ дете, 60% зголемување за трето дете и.т.н[59].
Континуираното кривично гонење на тогаш најбогатиот човек во Русија, претседателот на Јукос Михаил Ходорковски за измама и даночно затајување, беше видено од страна на меѓународниот печат како одмазда кон Ходорковски[60].
Путин бил критикуван на западните земји како и од страна на руските либерали за напад врз слободата на медиумите во Русија. На 7 октомври 2006 година, Ана Политковскаја, новинарка која изложила корупцијата во руската војска и нејзиното однесување во Чеченија, била застрелана пред влезот на нејзината зграда. Смртта на Политковскаја предизвикало негодување во западните медиуми со обвинувања дека во најдобар случај Путин не успеал да ги заштити независните медиуми во земјата[61][62] Кога бил прашан за убиството на Политковскаја во интервју за германскиот телевизиски канал АРД, Путин изјавил дека нејзиното убиство носи многу повеќе штета на руските власти од самото нејзиното пишување и известување[63].
Во 2007 година биле организирани протести од опозициската група Друга Русија[64] предводени од поранешниот шаховски шампион Гари Каспаров и национално-болшевичката водач Едвард Лимонов. По претходно предупредување, демонстраците во неколку руски градови биле исполнети од страна на полициската акција и апсење на околу 150 луѓе кои се обиделе да ги пробијат полициските линии[65].
На 12 септември 2007 година, Путин ја распуштил Владата по барање на премиерот Михаил Фрадков. Виктор Зубков бил назначен за нов премиер.[66]. Во декември 2007 година, Единствена Русија освоила 64,24% од гласовите за Државната дума според изборните резултати.[67], наспроти најголемиот конкурент, Комунистичка партија на Русија, која освоила 12% од гласовите[68].
На 8 февруари 2008 година, Путин одржал говор пред на Државниот совет на Руската Федерација под наслов "Стратегија за развој на Русија до 2020 година"[69]
Втор премиерски мандат
уредиПо крајот на својот втор мандат, Путин според законот немал право да бара трет последователен претседателски избор. Првиот заменик-премиер Димитриј Медведев бил избран за негов наследник. На 8 мај 2008 година, само еден ден по предавањето на претседателството на Медведев, Путин бил назначен за премиер на Русија одржувајќи ја својата политичка доминација во земјата[70].
Светската економска криза од 2008 година ја погодила и руската економија, прекинувајќи го протокот на евтини западни кредити и инвестиции. Ова се совпаднало и со тензиите меѓу западот и Русија по војната во Јужна Осетија и Грузија.
Сепак, големите финансиски резерви, акумулирани во изминатиот период од високите цени на нафтата помогнале на земјата да се справи со кризата и да продолжи со економскиот раст од средината на 2009 година. Самите антикризни мерки на руската влада биле пофалени од страна на Светската Банка[71]. Надминувањето на последиците од економската криза[59] како и стабилизирањето на големината на населението на Русија во периодот меѓу 2008 и 2011 година по големиот демографски пад на населението во 1990-тите биле најуспешните работи во текот на премиерскиот мандат на Путин.[59].
На конгресот на Единствена Русија кој се одржал на 24 септември 2011 година, Медведев официјално го предложил Путин за кандидат за претседател, понуда која Путин ја прифатил. По парламентарните избори од декември 2011 година, десетици илјади Руси протестирале против наводната изборна измама. Овиер протести биле најголемите во текот на доминацијата на Путин во руската политика. Демонстрантите барале поништување на изборните резултати[72].
Трет претседателски мандат
уредиНа 4 март 2012 година, Путин победил на претседателските избори освојувајќи 63,6% од гласовите.[46]. И покрај преземаните чекори за изборна транспарентност, гласањето било критикувано од страна на руската опозиција и некои меѓународни институции. Неколку шефови на држави му ја честитале победата на Путин. Ху Ѓинтао му честитал на Путин за преземањето на функцијата и му посакал на рускиот народ поголеми достигнувања во развојот на нивната земја под раководство на Путин.[73]
Антипутински протести се одржале за време и непосредно по претседателската кампања. На 6 мај 2012 година, во Москва се собрале меѓу 8 000 и 20 000 демонстранти.[74][75] На 6 мај, околу 80 луѓе биле повредени во нередите со полицијата,[76] а 450 биле уапсени, плус околу 120 следниот ден.[77] .
Путин бил инаугуриран во Кремљ на 7 мај 2012 година. На првиот ден како претседател, Путин издал 14 претседателски декрети.
Приватен живот
уредиВо ноември 2013 година, во Сеул, претседателот на Светската теквондо организација, Чо Чунг Вон, го прогласил Путин за почесен мајстор по теквондо, со црн појас од деветти степен. На тој начин, Путин го надминал глумецот Чак Норис, кој е носител на црн појас од осми степен.[78]
Во февруари 2015 година, во Германија бил објавен документарен филм во кој биле објавени информации од германската тајна служба, според кои, Путин одвреме-навреме имал навика да ја удри својата поранешна сопруга, Људмила и дека често ја изневерувал. Според филмот, Путин одржувал тајна љубовна врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, со која, наводно, имал барем едно дете. Слични информации објавил и весникот „Њујорк пост“, според кои во 2009 година Алина го родила синот од врската со Путин, а во 2012 година му родила ќерка. Исто така, според филмот, Путин се плашел од стареењето и во 2010 година бил подложен на пластична операција во која се ослободил од подочниците и брчките на челото. Инаку, во 2013 година, Путин се развел од сопругата Људмила.[79]
Наводи
уреди- ↑ Putin Hails Vote Victory, Opponents Cry Foul RIAN
- ↑ „Elections in Russia: World Awaits for Putin to Reclaim the Kremlin“. The World Reporter. March 2012. Архивирано од изворникот на 2019-10-09. Посетено на 2012-03. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ McFaul, Michael; Stoner-Weiss, Kathryn (2010). White, Stephen (уред.). Developments in Russian Politics 7. Elections and Voters. New York: Palgrave McMillan. стр. 72. ISBN 9780230224490.
- ↑ Krone-Schmalz, Gabriele (2008). Was passiert in Russland?. Der Präsident (германски) (4. изд.). München: F.A. Herbig. ISBN 978-3-7766-2525-7.
- ↑ Guriev, Sergei; Tsyvinski, Aleh (2010). Anders Åslund, Sergei Guriev, Andrew C. Kuchins (уред.). Russia After the Global Economic Crisis. Challenges Facing the Russian Economy after the Crisis. Peterson Institute for International Economics; Centre for Strategic and International Studies; New Economic School. стр. 12–13. ISBN 9780881324976.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ 6,0 6,1 „Russians weigh Putin's protégé“. Moscow. Associated Press. 3 May 2008. Посетено на 2008-12-29.
- ↑ 7,0 7,1 Putin's Economy – Eight Years On. Russia Profile, 15 August 2007. Посетено на 23 April 2008
- ↑ of Russia from 1992 to 2007 International Monetary Fund Посетено на 12 May 2008
- ↑ Russia’s economy under Vladimir Putin: achievements and failures RIA Novosti Посетено на 1 May 2008
- ↑ „RUSSIA AVERAGE MONTHLY ACCRUED WAGES OF EMPLOYEES“. Russia's Federal State Statistics Service. Архивирано од изворникот на 2019-02-20. Посетено на 2012-09-29.
- ↑ „Oil & Natural Gas Sector in Russia: Fueling Growth“. Thomas White Intl. January 2011.
- ↑ „Russian Economic Report“ (PDF). World Bank. November 2009. Посетено на 2009-11. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „The Putin Paradox“. Americanprogress.org. 2004-06-24. Посетено на 2010-03-02.
- ↑ Rutland, Peter (2005). White, Gitelman, Sakwa (уред.). Developments in Russian Politics. Putin's Economic Record. 6. Duke University Press. ISBN [[Special:BookSources/082233522012 |082233522012 [[Категорија:Статии со неважечки ISBN]]]] Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) - ↑ Russia, China in Deal On Refinery, Not Gas by Jacob Gronholt-Pedersen. Wall Street Journal, Sept 22, 2010
- ↑ Did A New Pipeline Just Make Russia The Most Important Energy Superpower By Far by Graham Winfrey. Business Insider, 6 Jan 2010
- ↑ ПОСТУПЛЕНИЕ ИНОСТРАННЫХ ИНВЕСТИЦИЙ ПО ТИПАМ Архивирано на 13 февруари 2022 г. Rosstat
- ↑ Индексы Архивирано на 6 март 2012 г. levada.ru
- ↑ Treisman, D. „Is Russia's Experiment with Democracy Over?“. UCLA International Institute. Архивирано од изворникот на 2004-11-11. Посетено на 31 Dec. 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Andrew Osborn (25 Sep 2011). „Fears Vladimir Putin will turn Russia into outright dictatorship“. The Telegraph. Посетено на 25 Sep 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|newspaper=
(help) - ↑ {{наведени вести|url=http://www.theaustralian.com.au/arts/books/putin-the-elected-dictator-is-doomed-biographer-claims/story-e6frg8nf-1226359371505%7Cauthor= Stephen Romei |title= Putin the elected dictator is doomed, biographer claims |newspaper=[[The Australian|date= May 18, 2012 |accessdate= May 18, 2012 }}
- ↑ {{наведени вести|url=http://www.huffingtonpost.co.uk/2012/03/04/ed-miliband-vladimir-putin-ruthless-dictator_n_1319204.html%7Cauthor=%7Ctitle= David Miliband: Vladimir Putin Is A 'Ruthless Dictator' |newspaper=[[The Huffington Post|date= 4/03/2012 |accessdate= 4/03/2012 }}
- ↑ Biography at the Russia's Prime Minister web site, in Russian
- ↑ 24,0 24,1 Vladimir Putin, Nataliya Gevorkyan, Natalya Timakova, Andrei Kolesnikov (2000). First Person. trans. Catherine A. Fitzpatrick. PublicAffairs. стр. 208. ISBN 978-1-58648-018-9. Недостасува
|author1=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Sakwa 2008, стр. 2
- ↑ Pravda, English Edition, 5 ноември 2002
- ↑ theme: руски: «Принцип наиболее благоприятствуемой нации»Выпускники за 1975 г. Архивирано на 2 април 2012 г. Saint Petersburg State University's website. ("The principle of most favored nation").
- ↑ Mehdi, Ahmed (6 May 2012). „Putin's Gazprom Problem“. ForeignAffairs.com. Посетено на 11 May 2012.
- ↑ Владимир Путин. От Первого Лица. Chapter 6 Архивирано на 30 јуни 2009 г.
- ↑ Pribylovsky, Vladimir (2010). Власть-2010 (60 биографий) (PDF). Valdimir Putin (руски). Moscow: Panorama. стр. 132–139. ISBN 978-5-94420-038-9.
- ↑ Sakwa 2008, стр. 8–9
- ↑ Hoffman, David (2000-01-30). „Putin's Career Rooted in Russia's KGB“. The Washington Post.
- ↑ „Putin set to visit Dresden, the place of his work as a KGB spy, to tend relations with Germany“. International Herald Tribune. 2006-10-09. Архивирано од изворникот 2008-12-06. Посетено на 2012-09-30.
- ↑ . Путин конечно поднел оставка како агент на КГБ со ранг на потполковник на 20 август 1991 година.<ref name="R. Sakwa p. 10"
- ↑ R. Sakwa Putin: Russia's Choice, pp. 10-11.
- ↑ R. Sakwa Putin: Russia's Choice, p ноември
- ↑ Kovalev, Vladimir (2004-07-23). „Uproar At Honor For Putin“. The Saint Petersburg Times. Архивирано од изворникот на 2015-03-20. Посетено на 2012-09-30.
- ↑ Hoffman, David (2000-01-30). „Putin's Career Rooted in Russia's KGB“. The Washington Post.
- ↑ Putin's Name Surfaces in German Probe by Catherine Belton
- ↑ The Man Who Wasn't There by Nick Paton Walsh. The Observer, 29 February 2004.
- ↑ „Text of Yeltsin's speech in English“. BBC News. 1999-08-09. Посетено на 2007-05-31.[мртва врска]
- ↑ Yeltsin redraws political map BBC, 10 August 1999
- ↑ Yeltsin's man wins approval BBC, 16 August 1999.
- ↑ УКАЗ от 31 декабря 1999 г. № 1763 О ГАРАНТИЯХ ПРЕЗИДЕНТУ РОССИЙСКОЙ ФЕДЕРАЦИИ, ПРЕКРАТИВШЕМУ ИСПОЛНЕНИЕ СВОИХ ПОЛНОМОЧИЙ, И ЧЛЕНАМ ЕГО СЕМЬИ. Rossiyskaya Gazeta
- ↑ «Развращение» первого лица. Госдума не решилась покуситься на неприкосновенность экс-президента. Архивирано на 3 јули 2013 г.. newizv.ru 18 March 2004.
- ↑ 46,0 46,1 46,2 History of Presidential Elections in Russia: Infographics RIAN
- ↑ Profile: Boris Berezovsky BBC Посетено на 1 May 2008
- ↑ What a carve-up! The Guardian Посетено на 28 April 2008
- ↑ Putin: Russia's Choice, By Richard Sakwa, (Routledge, 2008) page 143-150
- ↑ Playing Russian Roulette: Putin in search of good governance, by Andre Mommen, in Good Governance in the Era of Global Neoliberalism: Conflict and Depolitisation in Latin America, Eastern Europe, Asia, and Africa, By Jolle Demmers, Alex E. Fernández Jilberto, Barbara Hogenboom (Routledge, 2004)
- ↑ Duma approves old Soviet anthem Архивирано на 7 август 2013 г. CNN, 8 December 2000.
- ↑ National anthem of Russian Federation, StateSymbol.Ru
- ↑ Moscow siege leaves dark memories, BBC News, 16 December 2002
- ↑ Can Grozny be groovy? Архивирано на 1 октомври 2007 г. by The Independent, 13 March 2007.
- ↑ Human Rights Watch Reports, on human rights abuses in Chechnya. Retrieved 22 November 2006.
- ↑ Lynch, Dov (2005). "The enemy is at the gate": Russia after Beslan[мртва врска]. International Affairs 81 (1), 141–161.
- ↑ Putin tightens grip on security, BBC News, 13 September 2004.
- ↑ „The challenges of the Medvedev era“ (PDF). BOFIT Online. Bank of Finland. 24 June 2008. ISSN 1456-811X. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-20. Посетено на 2011-09-24.
- ↑ 59,0 59,1 59,2 Путин очертил "дорожную карту" третьего срока BBC
- ↑ Putin's Kremlin Asserting More Control of Economy. Yukos Case Reflects Shift on Owning Assets, Notably in Energy by Peter Baker, Washington Post, 9 July 2004.
- ↑ Putin's Russia failed to protect this brave woman Архивирано на 27 септември 2007 г., Joan Smith.
- ↑ Anna Politkovskaya, Prominent Russian Journalist, Putin Critic and Human Rights Activist, Murdered in Moscow Архивирано на 14 ноември 2007 г., Democracy Now
- ↑ Answers on questions asked during interview Архивирано на 11 јуни 2008 г. to ARD TV channel (Germany), Dresden, 10 October 2006
- ↑ Lee, Steven (2007-03-10). „Kasparov, Building Opposition to Putin“. Russia: Nytimes.com. Посетено на 2010-03-02.
- ↑ „Garry Kasparov jailed over rally“. BBC News. 24 November 2007. Посетено на 9 April 2010.
- ↑ „Putin Dissolves Government, Nominates Viktor Zubkov as New Prime Minister“. Foxnews.com. 2007-09-12. Посетено на 2 March 2010.
- ↑ Election Preliminary Results for United Russia Архивирано на 8 септември 2012 г., 4 December 2007, Rbc.ru
- ↑ Preliminary results of voting, Посетено на 4 December 2007, Central Election Commission of the Russian Federation
- ↑ Выступление на расширенном заседании Государственного совета «О стратегии развития России до 2020 года». Архивирано на 3 август 2009 г. RF President's official web site, 8 February 2008.
- ↑ Putin Is Approved as Prime Minister nytimes.com, 9 May 2008.
- ↑ „Russian Economic Reports“. Web.worldbank.org. 2009-11-10. Архивирано од изворникот на 2007-08-13. Посетено на 2010-03-02.
- ↑ Russian election protests – follow live updates, Guardian, retrieved 10 December 2011
- ↑ http://www.chinadaily.com.cn/china/2012-05/07/content_15229863.htm
- ↑ Провокация вместо марша vz.ru
- ↑ „Russian police battle anti-Putin protesters“. Reuters. 6 May 2012. Архивирано од изворникот на 2015-11-18. Посетено на May 7, 2012.
- ↑ СК пересчитал пострадавших полицейских во время "Марша миллионов" Lenta.ru
- ↑ Parfitt, Tom (7 May 2012). „Vladimir Putin inauguration shows how popularity has crumbled“. London: Telegraph. Посетено на May 7, 2012.
- ↑ „Путин е појак од Чак Норис“, Дневник, год. XVII, бр. 5316, петок, 15 ноември 2013, стр. 21.
- ↑ „Неофицијална прва дама на Русија“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 17.