Светско првенство во фудбал

(Пренасочено од ФИФА Светско Првенство)

Светското првенство во фудбал е меѓународно натпреварување во фудбал кое се одржува под покровителство на ФИФА. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од сите земји кои се членки на ФИФА.

Победничкиот пехар на светските првенства

Завршниот турнир се одржува на секои четири години, а според моментните правила на него учествуваат 32 репрезентации. Во минатото на завршниот турнир учествувале 13, 16 и 24 репрезентации.

Првото светско првенство е одржано во 1930 година во Уругвај, а прв првак станала домашната репрезентација, која во финалето ја победила репрезентацијата на Аргентина со 4-2. Значаен придонес за развојот на светското првенство дал Французинот Жил Риме, по кого во 1950 година бил наречен победничкиот пехар. Во 1970 година, Бразил станал светски првак по третпат, со што го освоил пехарот во трајна сопственост. Следната година бил претставен нов пехар, кој се доделува и денес.

Најмногу светски титули досега има освоено репрезентацијата на Бразил, вкупно 5.

Од 1991 година, ФИФА организира и Светско првенство во фудбал за жени.

Историја

уреди

Пред организацијата на првото светско првенство, постоеле бројни други меѓународни натпреварувања. Првиот меѓународен фудбалски натпревар се одиграл во Глазгов во 1872 година, меѓу репрезентациите на Шкотска и Англија.[1] До првиот меѓународен натпревар од натпреварувачки карактер се чекало до 1884 година, кога во Белфаст се сретнале репрезентациите на Ирска и Шкотска на првото издание на првенството на Британија. Во тоа време, фудбалот многу ретко се играл надвор од Велика Британија и Ирска, но откако играта се развила и нејзината популарност се проширила, фудбалот бил демонстративен спорт на Олимписките игри во 1900 и 1904 година, а веќе од игрите во 1908 година, фудбалот станал редовен спорт во олимписката програма. Фудбалот на Олимписките игри,, тогаш бил организиран од страна на Фудбалскиот сојуз на Англија, а настап им бил дозволен само на аматери. Репрезентацијата на Велика Британија, којашто всушност претставувала фудбалска репрезентација на Англија го освоила златниот медал на игрите во 1908 и го повторила истиот успех на игрите во 1912 година.

По своето основање во 1904 година, челниците на ФИФА се обиделе да организираат меѓународно натпреварување во Швајцарија во 1906 година. Со оглед на тоа, дека тоа биле почетоците на развојот на меѓународниот фудбал, самата ФИФА признала дека натпреварувањето било неуспешно.[2]

Фактот што ФА купот како најстаро фудбалско натпреварување и најпопуларно во тоа време било нарекувано светско првенство, иако на него учествувале фудбалски клубови од Велика Британија.

Како што на Олимписките игри продолжило да се почитува правилото, според кое може да учествуваат само аматери, Сер Томас Липтон во Торино во 1909 година органирал „Трофеј Сер Томас Липтон“. Ова натпреварување бил единствен турнир по тоа што на него учествувале по еден клуб од секоја држава која добила покана за настап, а клубот ја претставувал целата нација. Во литературата, овој турнир понекогаш е опишан како првото светско првенство.[3] На турнирот учествувале најелитните фудбалски клубови од Италија, Германија и Швајцарија, додека фудбалскиот сојуз на Англија одбил да испрати професионална екипа. Поради тоа, Липтон го поканил клубот Вест Окленд Таун од Дарам да ја претставува Англија. Англискиот клуб победил на турнирот, а титулата ја одбранил во 1911 година, со што го задржал пехарот во трајна сопственост, што било одредено со усвојувањето на правилата.

Во 1914 година ФИФА се согласила да го признае фудбалот на Олимписките игри како „аматерско светско првенство во фудбал“ и се нафатила на организирање на натпреварувања низ целиот свет, што овозможило фудбалскиот турнир Олимписките игри во 1920 во Антверпен да добие интерконтинентален карактер, со настапот на репрезентацијата на Египет, покрај тринаесет останати европски репрезентации. Златниот медал го освоила домашна репрезентација.[4]

Во текот на 1920-тите дошло до повеќекратна доминација на фудбалската репрезентација на Уругвај, која освоила две златни медали на игрите во 1924 и 1928. По Летните олимписки игри во 1928 година, ФИФА конечно одлучила да организира натпреварување во сопствено покровителство, независно од Олимписките игри. Поради тоа што Уругвај бил двократен олимписки првак и државата ја славела стогодишнината од независноста, ФИФА му ја доделила организацијата на првото светско првенство на Уругвај.

На Летните олимписки игри во 1932, кои се одржале во Лос Анџелес било одлучено фудбалот да не биде вклучен во олимписката програма, поради слабата популарност во САД. ФИФА и МОК не успеале да се согласат околу статусот на аматерите, што резултирало со отфрлање на фудбалот од Олимписките игри.[5]

Прво светско првенство

уреди
 
На стадионот Центенарио се одиграле најголем дел од натпреварите на првото светско првенство.

Одлуката дека Уругвај ќе го организира првото светско првенство била проблематична, бидејќи европските земји не сакале да испратат свои репрезентации, бидејќи патот преку Атлантскиот Океан бил доста скап и одземал многу време. Сепак, тогашниот претседател на ФИФА, Жил Риме, успеал да ги наговори Белгија, Франција, Романија и Југославија да испратат свои репрезентации, при што ФИФА ќе им го финансира патот. На првенството учествувале 13 репрзентации: 7 јужноамерикански, 4 европски и Канада и САД.

Првите два натпревари се одиграле истовремено. Франција ја победила репрезентацијата на Мексико со 4-1, додека репрзентацијата на САД ја совладала Белгија со 3-0. Првиот погодок на првенството го постигнал Французинот Лисијен Лоран. Во финалето, домашната репрезентација на Уругвај пред 93.000 гледачи ја совладала репрезентацијата на Аргентина со 4-2 (1-2), со што станала прв светски првак.

Останати светски првенства

уреди

Во 1930-тите, главни проблеми кои го ограничувале учеството на репрезентациите во странство биле тешкотиите за влез во земјата. Поради тоа, на светските првенства во 1934 и 1938, ниту една јужноамериканска репрезентација освен Бразил не сакала да игра во Европа. Првенствата кои требало да се одржат во 1942 и 1946 година биле откажани, како последица на Втората светска војна.

На светското првенство во 1950, за првпат учествувала репрезентацијата на Велика Британија, која уште во 1920 година се повлекла од ФИФА, делумно поради тоа што не сакале да играат против репрезентации од земјите против кои војувале, а делумно како протест поради странското влијане во фудбалот[6], но во 1946 година поднела молба која ФИФА ја одобрила. На своето второ учество на светските првенства, репрезентацијата на Уругвај по вторпат станала светски првак.

Во периодот од 1934 до 1978 година, на првенствата учествувале 16 репрезентации, освен во 1938 година, кога Австрија била припоена со Германија, па едно место останало празно и во 1950 година, кога Шкотска, Турција и Индија се повлекле од учеството, со што бројот на земји-учеснички се намалил на 13, како и на првото светско првенство. Најголем број од репрезентациите кои учествувале биле од Европа и Јужна Америка, додека репрезентациите од Азија, Северна Америка, Африка и Океанија биле малубројни и главно имале споредна улога. До 1982 година, репрезентациите кои го поминале првиот круг на натпревари, а не биле од Европа или Јужна Америка, биле:

  • САД (во 1930 година, обезбедиле учество во полуфиналето);
  • Куба (во 1938 година, обезбедила учество во четвртфиналето);
  • Северна Кореја (во 1966 година, обезбедила учество во четвртфиналето);
  • Мексико (во 1970 година, обезбедило учество во четвртфиналето).

На првенството во 1982 година, било извршено зголемување на бројот на учесници од 16 на 24, а во 1998 година од 24 на 32. Со тоа се гарантира учество на земји од сите континенти, освен Океанија. Од 1982, па до денес, земји-учеснички од останатите континенти (освен Европа и Јужна Америка), кои оствариле најголем успех се;

  • Мексико (во 1986 година, обезбедило учество во четвртфиналето);
  • Мароко (во 1986 година, обезбедило учество во четвртфиналето);
  • Камерун (во 1990 година, обезбедил учество во четвртфиналето);
  • Гана (во 2010 година, обезбеди учество во четвртфиналето);
  • Саудиска Арабија (во 1994 година, обезбеди учество во осминафиналето);
  • САД (во 1994 и во 2002 година, обезбеди учество во четвртфиналето);
  • Јужна Кореја (во 2002 година го освои четвртото место);
  • Сенегал (во 2002 година, обезбеди учество во четвртфиналето);
  • Јапонија (во 2002 и во 2010 година, обезбеди учество во осминафиналето);
  • Австралија (во 2006 година, обезбеди учество во осминафиналето).

Сепак европските и јужноамериканските репрезентации останале доминантни над репрезентациите од останатите континенти. Така на првенството во 2006 во четвртфиналето учествуваа репрезентации од овие два континента.

Во квалификациите за учество на завршницата на првенството во 2010 учествуваа рекордни 204 репрезентации од исто толку земји.[7]

Победнички пехар

уреди

Од 1930 до 1970, на победничката репрезентација и бил доделуван „Пехарот Жил Риме“, име коешто трофејот го добил во 1946 година, во чест на претседателот на ФИФА и еден од најзаслужните за организацијата на светските првенства, Жил Риме. Пред тоа, пехарот бил наречен „Светски пехар“. На првенството во 1970 година, репрезентацијата на Бразил станала светски првак по трет, па според правилата го освоила пехарот во трајна сопственост. Пехарот бил украден во 1983 година и до денес не е пронајден.[8]

По 1970 година бил изработен нов пехар, кој го носи името „Пехар на светските првенства во фудбал“. Имало 53 предлози за нов пехар, меѓу кои на 5 април 1971 година бил избран предлогот на италијанскиот вајар Силвио Гацанига. Пехарот е висок 36 cm, изработен е од 18-каратно злато и тежи 6,175 килограми. израђен је од 18-каратнога злата и тежи 6.175 килограма. Подлогата е изработена од два слоја полудрагоцен камен, а од долната страна на подлогата се изгравирани годините на одржување на светските првенства и победниците на истите, од 1974 година до денес.

Правилото за трајна сопственост на новиот пехар не важи, туку без оглед на бројот на освоени титули, светскиот првак го чува пехарот до наредното натпреварување, а по враќањето му се доделува копија на пехарот, обложена со злато, која се задржува во трајна сопственост. Аргентина, Германија, Италија и Бразил го имаат освоено новиот пехар по двапати, додека Франција еднаш. Пехарот ќе биде победнички, сè до 2038 година, кога на долната страна од пехарот, повеќе нема да има место за запишување на новите победници.

Преглед на досегашните светски првенства

уреди
Година Домаќин Финале Натпревар за трето место
Победник Резултат Второ место Трето место Резултат Четврто место
1930
детали
Уругвај  
Уругвај
4 - 2  
Аргентина
 
САД
n/a[а]  
Југославија
1934
детали
Италија  
Италија
2 - 1
по продолженија
 
Чехословачка
 
Германија
3 - 2  
Австрија
1938
детали
Франција  
Италија
4 - 2  
Унгарија
 
Бразил
4 - 2  
Шведска
1950
детали
Бразил  
Уругвај
n/a[б]  
Бразил
 
Шведска
n/a[б]  
Шпанија
1954
детали.
Швајцарија  
Западна Германија
3 - 2  
Унгарија
 
Австрија
3 - 1  
Уругвај
1958
детали
Шведска  
Бразил
5 - 2  
Шведска
 
Франција
6 - 3  
Западна Германија
1962
детали
Чиле  
Бразил
3 - 1  
Чехословачка
 
Чиле
1 - 0  
Југославија
1966
детали
Англија  
Англија
4 - 2
по продолженија
 
Западна Германија
 
Португалија
2 - 1  
СССР
1970
детали
Мексико  
Бразил
4 - 1  
Италија
 
Западна Германија
1 - 0  
Уругвај
1974
детали
Западна Германија  
Западна Германија
2 - 1  
Холандија
 
Полска
1 - 0  
Бразил
1978
детали
Аргентина  
Аргентина
3 - 1
по продолженија
 
Холандија
 
Бразил
2 - 1  
Италија
1982
детали
Шпанија  
Италија
3 - 1  
Западна Германија
 
Полска
3 - 2  
Франција
1986
детали
Мексико  
Аргентина
3 - 2  
Западна Германија
 
Франција
4 - 2
по продолженија
 
Белгија
1990
детали
Италија  
Западна Германија
1 - 0  
Аргентина
 
Италија
2 - 1  
Англија
1994
детали
САД  
Бразил
0 - 0
(3 - 2) по пенали
 
Италија
 
Шведска
4 - 0  
Бугарија
1998
детали
Франција  
Франција
3 - 0  
Бразил
 
Хрватска
2 - 1  
Холандија
2002
детали
Јужна Кореја
и Јапонија
 
Бразил
2 - 0  
Германија
 
Турција
3 - 2  
Јужна Кореја
2006
детали
Германија  
Италија
1 - 1
(5 - 3) по пенали
 
Франција
 
Германија
3 - 1  
Португалија
2010
детали
Јужна Африка  
Шпанија
1 - 0
по продолженија
 
Холандија
 
Германија
3 - 2  
Уругвај
2014
детали
Бразил  
Германија
1 - 0
по продолженија
 
Аргентина
 
Холандија
3 - 0  
Бразил

Резултати по држави

уреди
Пласман Екипа Победник Второ место Трето место
1   Бразил 5
1958, 1962, 1970, 1994, 2002
2
1950, 1998
2
1938, 1978
2   Германија 4
1954, 1974, 1990, 2014
4
1966, 1982, 1986, 2002
3
1934, 1970, 2006
3   Италија 4
1934, 1938, 1982, 2006
2
1970, 1994
1
1990
4   Аргентина 2
1978, 1986
3
1930, 1990, 2014
 
5   Уругвај 2
1930, 1950
   
6   Франција 1
1998
1
2006
2
1958, 1986
7   Шпанија 1
2010
  1
1950
8   Англија 1
1966
   
9   Холандија   3
1974, 1978, 2010
1
2014
10   Чехословачка   2
1934, 1962
 
11   Унгарија   2
1938, 1954
 
12   Шведска   1
1958
2
1950, 1994
13   Полска     2
1974, 1982
14   Турција     1
2002
15   Хрватска     1
1998
16   Португалија     1
1966
17   Чиле     1
1962
18   Австрија     1
1954

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а На светското првенство во 1930, не се одиграл натпревар за трето место.
  • б На светското првенство во 1950 натпреварите завршиле без систем на елиминации, туку најдобрите 4 репрезентации играле во завршна група, па завршниот пласман бил одреден според завршното место на групната табела.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди