Швајцарија
Швајцарија, официјално Швајцарски Сојуз, е европска земја без излез на море. Таа граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е седиште на голем број на меѓународни организации.
Швајцарска Конфедерација Пет официјални имиња
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: (традиционален) "Unus pro omnibus, omnes pro uno" (латински) „Еден за сите, сите за еден“ |
||||||
Химна: Швајцарски псалм |
||||||
Местоположбата на Швајцарија (зелено) на Европскиот континент (темносиво) — [Легенда] |
||||||
Главен град | нема (де јуре) Берн (де факто)[1] 46°57′N 7°27′E / 46.950° СГШ; 7.450° ИГД | |||||
Најголем град | Цирих | |||||
Службен јазик | [2] | |||||
Демоним | Швајцарец | |||||
Уредување | Федерална режисерска република со елементи на директна демократија | |||||
• | Федерален Совет | |||||
• | Федерален канцелар | Валтер Турнхер | ||||
Законодавство | Федерално собрание | |||||
• | Горен дом | Совет на кантони | ||||
• | Долен дом | Државен совет | ||||
Формирање | ||||||
• | Основање | ок. 1300 | ||||
• | де факто | 22 септември 1499 | ||||
• | де јуре | 24 октомври 1648 | ||||
• | Обновена | 7 август 1815 | ||||
• | Конфедерација | 12 септември 1848[3] | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 41.285 км2 (132.) | ||||
• | Вода (%) | 4.34 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 8.014.000[4][5] (99.) | ||||
• | Попис 2015 | 8.327.126 | ||||
• | Густина | 207 жит/км2 (48.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $584 млд.[6] (38.) | ||||
• | По жител | ▲ $67,557[6] (9.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $749 млд.[6] (20.) | ||||
• | По жител | ▲ $86,673[6] (2.) | ||||
Џиниев коеф. (2018) | 29.7[7] низок · 19. |
|||||
ИЧР (2019) | ▲ 0.955[8] многу висок · 2. |
|||||
Валута | Швајцарски франк (CHF ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | дд.мм.гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ch | |||||
Повик. бр. | +41 | |||||
Светец заштитник | Св. Никола Флуески |
Confoederatio Helvetica (CH), латинската верзија на официјалното име, избегнува употреба на било кој од четирите службени јазици.
Историја
уредиСтар Швајцарски Сојуз
уредиШвајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделена на три подрачја: Швиц, Ури и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското Царство уште од 1339 година, по Битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.
Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабсбуршката династија и Германското Царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоил од 13 кантони.
Наполеонова ера
уредиКако таков систем на уредување, Швајцарија постоела сè до започнувањето на ерата на Наполеон Бонапарт. За време на реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани кои биле зафатени соседните европски држави. По Француската револуција во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав.[9] Конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна. Кантоните станале обични административни единици.
Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржи федералното уредување со некои онфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал ни во пракса, туку во 1815 година, во Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.
Федерална држава
уредиПриоѓањето на Швајцарија од конфедерација во федерација било проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони, Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период со мал број на жртви, околу 100. Така, во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането какво било делење односно формирање на сојузите.
Географија и клима
уредиШвајцарија е земја која се наоѓа во Средна Европа. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повр��мени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.
Хидрографијата во Швајцарија
уредиШвајцарија претставува земја која во поголем дел е со планински масиви во кои преовладуваат водени површини меѓу кои најзастапени се езерата,реките и водопадите.Најголемиот дел од овие води протекуваат на сливот на реката Рајна со 68% и водат во Северното Море,28% од водите преку реките Рона,Тацино и Адиџе во Средоземното Море и само 4% преку реката Ин,односно Дунав одат во Црното Море.Најголеми реки во Швајцарија се Рајна(1.320км), Рона(812км), Ин(525км), и Аре(295км).Од езерата како најголеми и најзначајни се Женевското или Леманското Езеро,Боденското,Нешателското,Вирвалдешкото,Циришкото и други.Како најкарактеристично е Боденското езеро кое се протега на дури четири држави односно Швајцарија,Австрија,Германија и Лихтенштајн.Водите од ова езеро се користат за пиење на околните населби.Сите езера се наоѓаат во градот Митленд и се со ледничко потекло.Додека пак водопадите на реката Рајна се меѓу најголемите во Европа, со широчина од 150 m и височина од 23 m. Овие водопади се најмногу посетувани во Швајцарија, а пристапноста до нив е доста лесна. Можат да се видат на неколку начини, од високи платформи за набљудување, со помош на брод, како и од кулите што се изградени во нивна непосредна близина. Временските услови влијаат многу на тоа како ќе ги доживеете овие водопади, но како и да е, чувството е неверојатно. Особено спектакуларно е кога ќе има посилен тек на водата, тогаш може да почувствувате капки вода како паѓаат на вас дури и да сте многу оддалечени од нив.[10]
Административна поделба
уредиСтопанство
уредиШвајцарското стопанство најмногу се заснова на услужните дејности,од кои најмногу се застапени банкарството,туризмот и трговијата,а во помал дел и индустријата.Се одсликува со висок степен на производство како и со стабилна валута,каде што швајцарскиот франк има исклучително висока вредност на сите светски берзи на пари и стоки.Со оглед на скромните призводи,Швајцарија е главно ориентирана на увоз на најразлични суровини од една и на извоз на голем број индустриски производи од друга страна.Трговијата е најмногу ориентирана кон соседните држави,членки на Европската Унија.
Население, јазик и религија
уредиНаселение -Германци 63,7 % -Французи 20,4 % -Италијанци 6 % -Има и помал број на Македонци, Босанци, Срби и други народи.
Бр. | Кантон | Нас. | Бр. | Кантон | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цирих Женева |
1 | Цирих | Цирих | 379.915 | 11 | Тун | Берн | 42.764 | Базел Лозана |
2 | Женева | Женева | 194.245 | 12 | Кениц | Берн | 38.936 | ||
3 | Базел | Базел-град | 172.091 | 13 | Ла Шо де Фон | Нешател | 37.843 | ||
4 | Лозана | Во | 129.383 | 14 | Фрибур | Фрибур | 35.680 | ||
5 | Берн | Берн | 125.681 | 15 | Шафхаузен | Шафхаузен | 35.121 | ||
6 | Винтертур | Цирих | 104.366 | 16 | Верние | Женева | 34.471 | ||
7 | Луцерн | Луцерн | 78.093 | 17 | Хур | Граубинден | 33.984 | ||
8 | Санкт Гален | Санкт Гален | 74.101 | 18 | Сион | Вале | 31.676 | ||
9 | Лугано | Тичино | 60.815 | 19 | Устер | Цирих | 32.710 | ||
10 | Бил/Бјен | Берн | 51.635 | 20 | Нешател | Нешател | 33.412 |
Култура во Швајцарија
уредиШвајцарија лежи на крстосницата на неколку големи европски култури. Германскиот, францускиот и италијанскиот, се национални јазици на Швајцарија, затоа, швајцарската култура се одликува со разновидност, и поголема творечка разнообразност и уметничка продукција.
Архитектура
уредиВо Швајцарија постои богата архитектонска традиција. Почетокот на истакнат архитектонски израз, забележлив е во доменот на романичкиот стил со првите споменици од 12 век, како што се катедралите во Базел, Сион, Чур, Женева и Лозана. Овој стил, со изразито декорирање, исто така бил применуван и во изградбата на многуте замоци и тврдини низ целата земја, од кои многу се зачувани во добра состојба[12]. Потоа, во Швајцарија исто така, успешно бил применет и готскиот стил: Катедралите на Шафхаузен, Цуг и Цирих а барокниот стил се забележува во црквите на Ајнзиделн и Св. Гален . Голем број швајцарски градители и архитекти од времето на ренесансата и барокот оставиле бројни архитектонски дела во Италија, истакнувајќи се како одлични мајстори и архитекти. Нивните дела особено биле подигани во Северна Италија, а особено во Венеција.Додека пак архитектот Доменико Трецини изградил многу објекти во Санкт Петербург по наредба на Петар Велики, всушност, тој бил еден од поважните архитекти кои го подигнале градот Санк Петербург]]. Во дваесеттиот век, благодарение на Ле Корбизје еден од нај важните архитекти на ова столетието, Швајцарија ќе ја изиграла клучната улога во развојот на светската модерна архитектура[13]. Во оваа плејада истакнати архитекти со меѓународна слава и придонес спаѓаат и: Марио Бота Жак Херцог , Пјер де Мерон, Петар Зумтор.
-
Студентски проект на Корбизје, Вилата Фалет, во Шау-де-Фондс, Швајцарија(1905)
-
Вилата Фавре-Жакот во Леколе, Швајцарија (1912)
Ликовна уметност
уредиШвајцарската уметност, не била директно под влијаније на италијанската и француската, низ сите стилски епохи : ренесансата, барокот па дури и класицизмот. Тоа било најмногу затоа што швајцарската средина била постојано, во континуитет, со протестанско верување, кое ја оддалечувало од уметничките импулси и влијанија на соседните земји. Од овој период по познат е сликарот Самуел Хиеронимус Грим. Швајцарската уметност, својата вистинска афирмација ја доживеала од почетокот на дваесеттиот век, во времето на модерното творештво и естетика. Тоа е најмногу заради појавата на бројните ликовни творци со изразит индивидуализам и посебност. Меѓу поистакнатите автори се: Алберто Џакомети чие дело се одликува со исклучителен снажен израз особено во издолжените човечки фигури и фигурите на кучињата, доловувајќи ја човековата осаменост и изгубеност. Жан Тангиј изработил еден вид на конструктивистичка и кинетичка уметност, целосно доловена со подвижни скулптури. Додека пак Пол Кле не само што бил најзначајниот и за најоригинален сликар во Швајцарија, туку неговиот ликовен опус ќе биде многу важен во развојот на современата европска уметност.
Швајцарија е татковината на едено од суштествените уметнички движења во Европа, тоа е дадаизмот, кое потекнува од Кабаре Волтер во Цирих, каде што се собирале авангардните, анархистички уметници.
Швајцарија е позната и како еден од центрите на колекционерството на современата уметност, особено собрана и изложена во бројните музеи на современата уметност во: Цирих, Базел и Женева, но и во помалите градови како што се Шафхаузен, Мартињи и Винтертур.
Графичкита уметност и дизајн, денес се водечки во швајцарската применета уметност, особено применети во печатарството, ликовното обликување на книги, плакати и друго[14].
Книжевност
уредиВо областа на литературата, во Швајцарија создавале голем број многу добро познати писатели. Жан-Жак Русо потекнувал од Женева. Критичарот и историчар Јакоб Буркхард бил од Базел. Домот на Жермен де Стал во Копет бил центар на европскиот книжевен живот во текот на 18 век.
Значајни се и современите писатели : Готфрид Келер, Конрад Фердинанд Мејер, Јеремија Готхелф и Шарл Фердинанд Рами. Херман Хесе и Карл Спитлер биле добитници на Нобелова награда за литература.
Во 20 век драмите на Фридрих Диренмат и Макс Фриш ги импресионирале читателите надвор од границите на Швајцарија[15].
Музика
уредиШвајцарија не се смета за водечка музичка нација. Меѓутоа,од 20 век започнал период во кој работеле голем број значајни композитори, како што се: Артур Хонегер, Отмар Шек и Френк Мартин, сите со меѓународна слава. Во Луцерн и Вербје се формираат престижни интернационални фестивали на класична музика.
Швајцарскиот композитор и музичар Андреас Фоленвајдер се здоби со светска слава за своето музичко творештво ја добил наградата Греми. Издал над 17 инструментални албуми[16].
Филм
уредиФилмот започна релативно доцна во Швајцарија. Денес во Швајцарија нема вистинска филмска индустрија, туку државна филмска субвенција од филмската секција на Сојузната канцеларија за култура. Филмаџиите обично зависат и од приватната подкрепа[17]. Неколку швајцарски филмови се познати низ целиот свет, а повеќето швајцарски кина прикажуваат најмногу филмови од американската продукција. Најпознатиот швајцарски филмски режисери: Жан-Лик Годар, Клод Горета, Мишел Сорета, Алан Танер, Ролф Лиси, Фреди М. Мјурер, Даниел Шмид и Мајкл Штајнер[18].
Филмот „Патувањето на надежта“ од Ксавиер Колер освоил Оскар во 1991 година за најдобар странски филм. Во 2005 година бил снимен филмот „Моето име е Евгениј“, кои исто така забележал светско признание, работен според романот на Клаус Шаделин.
Најуспешниот Швајцарец во меѓународниот филмски бизнис денес е веројатно продуцентот Артур Кон, кој освоил неколку Оскари и бројни други награди со неговите филмови што ги продуцирал. Германскиот швајцарски режисер Марк Форстер исто така беше успешен во Холивуд веќе неколку години.
Секоја година во август се одржува Меѓународниот филмски фестивал Локарно, еден од најважните меѓународни филмски фестивали ширум светот. Најновиот фестивал е и Филмскиот фестивал во Цирих, кој се одржува од 2005 година.
Театар
уредиСите поголеми градови во Швајцарија имаат градски театар. Најпознат е Шауспиелхаус во Цирих, еден од најважните театри од германско јазично подрачје[19].. По познати се глумците Валтер Родерер, Вало Луенд, Зарли Кариџет, Шаги Стрели и Јерг Шнајдер. Швајцарија има долга традиција на аматерскиот театар, со над 600 театарски клубови.
Религија
уредиХристијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграцијата го донела исламот во изминатиот век и денеска бројот на муслиманите е околу 4,26%. Истото се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1,8%[20]. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова апостолска црква (0,45%), хиндуизам (0,38%), будизам (0,29%), јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарците се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да се изјаснат.
Наводи
уреди- ↑ Holenstein, André (2012). „Die Hauptstadt existiert nicht“ (PDF). http://www.kommunikation.unibe.ch (scientific article). UniPress (германски). Berne: University of Berne (UniPress 152: Die Hauptstatdtregion): 16–19. Посетено на 2014-03-27.
Als 1848 ein politisch-administratives Zentrum für den neuen Bundesstaat zu bestimmen war, verzichteten die Verfassungsväter darauf, eine Hauptstadt der Schweiz zu bezeichnen und formulierten stattdessen in Artikel 108: «Alles, was sich auf den Sitz der Bundesbehörden bezieht, ist Gegenstand der Bundesgesetzgebung.» Die Bundesstadt ist also nicht mehr und nicht weniger als der Sitz der Bundesbehörden.
Надворешна врска во|website=
(help) - ↑ Federal Constitution, article 4 Архивирано на 23 октомври 2014 г., "National languages" : National languages are German, French, Italian and Romansh; Federal Constitution, article 70 Архивирано на 23 октомври 2014 г., "Languages", paragraph 1: The official languages of the Confederation are German, French and Italian. Romansh shall be an official language for communicating with persons of Romansh language.
- ↑ A solemn declaration of the Tagsatzung Архивирано на 14 јули 2016 г. declared the Federal Constitution adopted on 12 September 1848. A resolution of the Tagsatzung Архивирано на 14 јули 2016 г. of 14 September 1848 specified that the powers of the institutions provided for by the 1815 Federal Treaty would expire at the time of the constitution of the Federal Council, which took place on 16 November 1848.
- ↑ „Recent monthly and quarterly figures: provisional data“. Population and Households Statistics (STATPOP). Swiss Federal Statistical Office, Neuchâtel. Посетено на 16 June 2013.
- ↑ „Press Release: Estimates of Switzerland's population in 2012 – Switzerland has 8 million inhabitants“. Swiss Federal Statistical Office, Neuchâtel. 2012. Посетено на 2012-09-08.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „World Economic Outlook Database, October 2019“. International Monetary Fund. Посетено на 29 July 2020.
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 4 December 2015.
- ↑ „Global Launch of 2015 Human Development Report“. United Nations Development Programme (UNDP). 14 December 2015. Посетено на 20 December 2015.
- ↑ „A Brief Survey of Swiss History“. admin.ch. Архивирано од изворникот на 26 јуни 2009.
- ↑ „Институт за географија“. igeografija.mk. Посетено на 2021-03-20.
- ↑ Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB, Datenwürfel für Thema 01.2 - Bevölkerungsstand und -bewegung (германски)
- ↑ Swiss Architecture[мртва врска]
- ↑ Swiss Sensibility[мртва врска]
- ↑ The Swiss National Museum
- ↑ Literature (Switzerland)
- ↑ „Swiss music“. Архивирано од изворникот на 2015-06-09. Посетено на 2019-07-16.
- ↑ Movie Theaters in Switzerland
- ↑ SWISS CINEMA
- ↑ Theatre
- ↑ „CIA World Factbook section on Switzerland“. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2009-11-07.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |