Список на екипи и велосипедисти на Тур де Франс 2019
Следи список на екипи и велосипедисти кои учествувале на Тур де Франс 2019.[1]
Екипи
уредиИзданието во 2019 година имало вкупно 22 екипи.[2] Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Дополнително, организаторот на трката, поканиле четири професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Трите француски екипи и една белгиска екипа учествувале на трката и претходно.[4][5] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставени пред медиумите и локалните власти – се одржала пред 75.000 луѓе на Големиот плоштад во Брисел, Белгија, на 4 јули, два дена пред воведната етапа.[6]
Секоја екипа имала дозволено да настапи со осум возачи, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката.[2] Од нив, 33 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[7] Возачите доаѓале од 30 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (43), Белгија (21), Италија (15), Шпанија (13), Германија (11) и Холандија (11).[2] Просечната возраст на возачите на трката била 29,71 година,[8] движејќи се од 21-годишниот Јаспер Филипсен (ОАЕ Тим Емирати) до 39-годишниот Ларс Бак (Тим Дименжн Дата).[9][10] Тим Санвеб го имала најмладиот состав, додека Тим Дименжн Дата го имала најстариот.[11]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
Список на учесници
уредиПо националност
уредиНа трката настапиле 176 возачи од 30 различни држави.
Држава | Број на возачи | Завршиле | Етапни победи |
---|---|---|---|
Австралија | 8 | 7 | 3 (Кејлеб Јуан x3) |
Австрија | 4 | 3 | |
Аргентина | 1 | 1 | |
Белгија | 21 | 19 | 3 (Дилан Тенс, Томас де Гент, Ваут ван Ерт) |
Обединето Кралство | 6 | 5 | 2 (Сајмон Јејтс x2) |
Германија | 11 | 8 | |
Данска | 9 | 7 | |
Еритреја | 1 | 1 | |
Естонија | 2 | 2 | |
Ирска | 2 | 2 | |
Италија | 15 | 13 | 3 (Елија Вивијани, Матео Трентин, Винченцо Нибали) |
ЈАР | 2 | 2 | 1 (Дарил Импи) |
Казахстан | 1 | 1 | |
Канада | 2 | 2 | |
Колумбија | 4 | 4 | 1 (Наиро Кинтана) |
Костарика | 1 | 1 | |
Латвија | 1 | 1 | |
Нов Зеланд | 3 | 2 | |
Норвешка | 6 | 6 | |
Полска | 2 | 2 | |
Португалија | 3 | 3 | |
Русија | 1 | 1 | |
Словачка | 1 | 1 | 1 (Петер Саган) |
Словенија | 2 | 2 | |
САД | 4 | 3 | |
Франција | 34 | 31 | 3 (Жилијан Алафилип x2, Тибо Пино) |
Холандија | 11 | 8 | 2 (Мике Тенисен, Дилан Груневеген) |
Чешка | 1 | 1 | |
Швајцарија | 4 | 4 | |
Шпанија | 13 | 12 | |
Вкупно | 176 | 155 | 19 |
Наводи
уреди- ↑ „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „List of starters – Tour de France 2019“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 6 јули 2019. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Cofidis and Wanty-Groupe Gobert awarded Tour de France wildcard places“. Cyclingnews.com. 10 јануари 2019. Посетено на 13 јуни 2019.
- ↑ Балингер, Алекс (22 март 2019). „André Greipel to ride 2019 Tour de France as final wildcard places announced“. Cycling Weekly. Посетено на 13 јуни 2019.
- ↑ Торфс, Мишел (5 јули 2019). „"Eddy" has goose bump moment as Brussels soaks up Tour de France atmosphere“. VRT. Посетено на 5 јули 2019.
- ↑ „Tour de France 2019 – Debutants“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Tour de France 2019 – Peloton averages“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Tour de France 2019 – Youngest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Tour de France 2019 – Oldest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Tour de France 2019 – Average team age“. ProCyclingStats. Посетено на 6 јули 2019.