Прилепско Поле
Прилепско Поле — историско-географска и етнографска област на Македонија со центар во градот Прилеп.
Географија
уредиПрилепското Поле се наоѓа во северниот дел на Пелагонија. Оградено е со планините: Бушева Планина на запад, Даутица и Бабуна на север и Селечка Планина на исток, а на југ со Тополчанската Греда е одвоено од Битолско Поле. Зафаќа површина од 943,8 км2. Територијата на Прилепско Поле ја опфаќаат четири општини: Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево.
Населени места
уреди- Прилеп
- Алданци
- Алинци
- Белушино
- Беровци
- Боротино
- Бонче
- Браилово
- Бучин
- Бела Црква
- Бело Поле
- Веселчани
- Воѓани
- Волково
- Вранче
- Врбјани
- Врбоец
- Галичани
- Годивле
- Големо Коњари
- Горно Село
- Гостиражни
- Дебреште
- Десово
- Долгаец
- Долнени
- Дреновци
- Дупјачани
- Ерековци
- Жабјани
- Житоше
- Забрчани
- Загорани
- Заполжани
- Зрзе
- Јакреново
- Кадино Село
- Канатларци
- Клепач
- Кореница
- Костинци
- Кошино
- Кривогаштани
- Крстец
- Крушеани
- Кутлешево
- Лажани
- Локвени
- Лопатица
- Мажучиште
- Мало Рувци
- Маргари
- Марул
- Милошево
- Мало Коњари
- Мало Мраморани
- Н��брегово
- Новоселани
- Норово
- Ново Лагово
- Обршани
- Ореовец
- Пашино Рувци
- Пешталево
- Плетвар
- Подвис
- Подмол
- Пресил
- Прилепец
- Присад
- Рилево
- Ропотово
- Саждево
- Сарандиново
- Секирци
- Селце
- Селце (Крушевско)
- Сенокос
- Славеј
- Слепче
- Сливје
- Средорек
- Стровија
- Свето Митрани
- Старо Лагово
- Тополчани
- Тројкрсти
- Црнилиште
- Чепигово
- Чумово
- Шелеверци
- Штавица
Некои села кои постоеле во минатото денес се исчезнати, како: Пештерица, Писокал, Заград и др.
Старост на селата
уредиМногу словенски села во Прилепско Поле се формирани во VI и VII век, меѓутоа нема пишани податоци за овие села. Првите пишани податоци за селата во Прилепско потекнуваат дури од првата половина на XIV век, кога се споменуваат селата: Бела Црква, Галичани, Дабница, Дреновци, Маргари, Небрегово, Обршани, Присад, Чепигово. Тоа не значи дека не постоеле други населби во овој период. Нивниот број бил многу поголем, меѓутоа нема пишани податоци за нив или тие не се зачувани.
Најмлади населби формирани во периодот од XIX и XX век се селата: Шелеверци, Ново Лагово, Славеј и Мирче Ацев.
Население
уредиВо Прилепско Поле живеат според пописот од 2002 година живеат 96.589 жители. За разлика од минатото кога поголемиот дел луѓе живееле во селата, денес најголем дел живеат во градот Прилеп (68,5 %). Според етничка структура најголемиот дел од жителите се Македонци, но има и Роми, Албанци, Турци, Бошњаци и др.
Најголемиот број на Турците во Прилепско потекнуваат од доселеници од крајот на XVIII век. Најголемо село во кое живеат е Канатларци. Ова и останатите турски села кои се наоѓаат во негова близина се протегаат во правец исток-запад при што ги одделуваат Прилепско од Битолско Поле. Ваквата местоположба во минатото доведувала до намалување на меѓусебните влијанија на Македонците од Прилепско и Битолско.
Бошњаците се скорешни доселеници во Прилепско. Се доселиле од Санџак и ја купувале земјата на постари муслимани кои од 1954 се иселиле во Турција. Живеат во мешани села: Житоше, Десово, Јакреново (со Албанци) Канатларци (со Турци), Лажани, Локвени (со Македонци) .
Албанците во Прилепско Поле се застапени во селата: Црнилиште, Житоше, Пресил, Гостиражни, Алданци, Белушино и Норово.
Стопанство
уредиЗемјоделство
уредиГлавна култура која се одгледува во полето е тутунот. Тоа е најголемиот производител на тутун во Македонија и на Балканот. Во 2011 година во Прилепско Поле биле произведени 7.321 тон тутун,[1] што претставува 28% од вкупното количество тутун произведено во Македонија.
Други култури кои се позастапени се: пиперки, пченица, јачмен, кромид, бостан, лук и др.
Земјоделска култура |
Произведено количество (во тони) |
% од вкупно произведеното количество во Македонија |
---|---|---|
Тутун | 7.321 | 27,59 |
Пиперка | 17.236 | 11,20 |
Пченица | 22.109 | 8,63 |
Јачмен | 7.856 | 6,07 |
Кромид | 2.601 | 5,84 |
Бостан | 6.580 | 5,16 |
Лук | 170 | 4,10 |
Галерија
уреди-
Прилепското Поле
-
Панорамски поглед од Крушевскиот крст
-
Прилепското Поле со планината Злато во позадина
Наводи
уреди- ↑ Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2011 (PDF). Државен завод за статистика на Република Македонија. 2011. ISBN 9786082270661.