Мажучиште
Мажучиште — село во Општина Прилеп, во Прилепското Поле, во околината на градот Прилеп.
Мажучиште | |
Панорама на Мажучиште | |
Координати 41°23′6″N 21°29′54″E / 41.38500° СГШ; 21.49833° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 275 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20062 |
Надм. вис. | 670 м |
Мажучиште на општинската карта Атарот на Мажучиште во рамките на општината | |
Мажучиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Мажучиште е рамничарско село. Сместено е во Прилепско Поле, оддалечено 8 километри северно од градот Прилеп. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на југоисток, Големо Коњари на југозапад, Заполжани на запад и Новоселани, Сенокос и Горно Село на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R513 Прилеп - Македонски Брод - Кичево.
Историја
уредиМажучиште е старо село, што се гледа по старите родови кои претежно живеат во Горно Маало.[2] За време на ослободувањето од Турците, селото е затекнато како чифчиска населба, при што само 10 домаќинства имале своја земја. Сопственици на чифлиците биле: Аџи Муто, Аџи Мето, Шериф, Мамуд, Дурмиш, Асан, Мамут Дуро од Прилеп и Рамадан Курто од Дебар.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мажучиште живееле 640 жители Македонци.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мажучишта се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Мажучиште живеат 346 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 275 жители, од кои 251 Македонец, 4 Албанци, 4 останати и 16 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 256 | 554 | 621 | 610 | 474 | 465 | 381 | 362 | 346 | 275 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиМажучиште е македонско село.
Родови во Мажучиште се:
- Староседелци: Апостоловци (19 куќи), Черговци (15 куќи), Барџевци (6 куќи) и Солевци (7 куќи). Черговци и Барџевци порано чинеле еден род.
- Доселеници: Кондевци (7 куќи) доселени се од поречкото село Грешница; Жежовци (4 куќи) доселени се од Охридско; Шербановци (1 куќа) доселени се од Дебреште; Дековци (6 куќи) од селото Сенокос најпрво се населиле во Големо Мраморани, во денешното село се доселени 1897 година; Чибуковци (4 куќи) порано биле еден род со Дековци; Шумкаровци (10 куќи) од Галичани се иселиле најпрво во Беровци, па во денешното село од 1900 година; Клацковци (3 куќи) доселени се во 1900 година од селото Дупјачани; Големковци (2 куќи) од Дупјачани најпрво се иселиле во Сенокос, па во денешното село од 1900 година; Пејовци (1 куќа) доселени се во 1900 година од Долно Житоше; Апчевци (1 куќа) доселени се пред 1912 година од селото Беровци, во Беровци имаат истоимени роднини доселени од Прилеп; Шишковци (1 куќа) доселени се кога и Апчевци од Заполжани; Нешковци (3 куќи) доселени се после Втората светска војна од селото Гостиражни.[13]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1446 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 237 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уредиВо селото се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди„Мажучиште“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 399–400.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.58
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика���. Софија, 1900, стр.244.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.