Дванаесет Апостоли
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, избрани од него за да го шират Евангелието. Тие се:
- Апостол Петар (Симон)
- Апостол Андреј (брат на Петар)
- Апостол Јаков
- Апостол Јован (брат на Јаков)
- Апостол Филип
- Апостол Вартоломеј (Натанаил)
- Апостол Тома
- Апостол Матеј
- Апостол Јаков Алфеев
- Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
- Апостол Симон
- Апостол Јуда Искариот
Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. ��м било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).
Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.
Избор на Апостолите
уредиВо Евангелието се кажува дека Исус ги избрал своите апостоли веднаш откако бил искушуван од ѓаволот во пустината 40 дена. Апостол Петар и Апостол Андреј (браќа) се првите два апостоли, кои претходно биле рибари. Кога Исус им пришол и ги повикал да појдат по него, тие веднаш ги фрлиле мрежите и му се придружиле. Веднаш по нив, и браќата Јаков и Јован (исто така рибари) му се придружиле на Исус.
Понатаму му се придружуваат и другите апостоли, за на крај меѓу нив да влезе и даночникот Матеј. Околу неговиот прием Фарисеите имале големи забелешки, затоа што во тоа време на даночниците се гледало како на насилници во еврејското општество. Одговорот кој Исус Христос го дал е многу познат: „на здравите не им треба лекар, туку на болните... Јас не дојдов за да ги повикам праведните, туку грешните“
Тринаесеттиот Апостол
уреди- Павле од Тарс
Савле, подоцна Апостол Павле е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн.), тој го користел изразот апостоли.
Понекогаш, и св. Константин се нарекува тринаесетти апостол, поради неговата пресудна улога во признавањето на христијанството како официјална религија во Римското Царство.
Апостолите како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Апостол“ - поема на унгарскиот поет Шандор Петефи.[1]
- „Апостол“ - расказ на германскиот писател Герхарт Хауптман.[2]
- „Апостол“ – песна на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2012 година.[3]
Поврзано
уреди- Седумдесет апостоли (наречени и Седумдесет ученици)