Крштение Господово
Крштение Господово при Јован Крстител — настан што го означува почетокот на Исусовата јавна проповед. Христијанскиот свет денес го смета крштението Господово за важен настан, врз кој се темели хри��тијанското крштевање. За крштевањето на Исус се зборува во евангелијата според Матеј, Марко и Лука, додека во Евангелие според Јован крштевањето на Исус не е директно опишано.
Многумина современи теолози и научници го сметаат за историски настан крштевањето на Исус.[1][1][2][2][3]
Јован Крстител вршел обредни капења на реката Јордан и проповедал крштевање заради покајување и простување на гревовите. Според христијанското предание, Исус по крштевањето поминал четириесет дена во пустината, а потоа почнал да проповеда.[4]
Христијанска традиција
уредиЕвангелијата од Новиот завет проповедаат дека Исус кога имал триесет години отишол да се крсти кај Јован Крстител. Според христијанските извори, Јован му рекол на Исус: „Ти треба мене да ме крштеваш, а ти доаѓаш при мене“ (Матеј 3;14), и дека го крстил по инсистирањето на Исус. Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: Ти си синот мој возљубен. Овој настан се нарекува богојавление.
Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух.[5][6] Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.[7]
Галерија
уреди-
Витраж со крштевањето на Исус, од Тифани
-
Хуан Фернандес Наварете, 1567
-
Гвидо Рени, околу 1623
-
Кинески порцелан од Династија Цин, почеток на 18 век
-
Православна икона
-
Герард Давид, околу 1505
-
Грегорио Фернандес, околу 1630
-
Григориј Гагарин, околу 1840–1850
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Christianity: A Biblical, Historical, and Theological Guide by Glenn Jonas, Kathryn Muller Lopez 2010, pp. 95–96
- ↑ 2,0 2,1 Studying the historical Jesus: evaluations of the state of current research by Bruce Chilton, Craig A. Evans 1998 ISBN 90-04-11142-5 pp. 187–98
- ↑ The Gospel of Matthew by Daniel J. Harrington 1991 ISBN 0-8146-5803-2 p. 63
- ↑ Jevanđelje po Marku 1:13-14
- ↑ Clarke, Howard W. The Gospel of Matthew and its Readers: A Historical Introduction to the First Gospel. Bloomington: Indiana University Press, 2003.
- ↑ William F. Albright and C.S. Mann. "Matthew". The Anchor Bible Series. New York: Doubleday & Company, 1971.
- ↑ Medieval art: a topical dictionary by Leslie Ross 1996 ISBN 978-0-313-29329-0 p. 30