Војна

Александар III МакедонскиАлександар СуворовТенк Т-34

Воена историја по доба
Портал „Војна“  

Воената историја е хуманистичка дисциплина која се занимава со проучување на вооружените конфликти во светската историја и нивното влијание врз општеството, културата и економијата во завојуваните држави, како и промените во внатрешните и меѓународните односи како резултат на конфликтите.

Суштински теми на проучувањето на воената историја се: причини за војната, социјалните и културните основи, воената доктрина на секоја од страните, логистиката, лидерството, технологијата, стратегијата и тактиките што биле користени и како тие се менувале со текот на времето. Од друга страна, теоријата за праведна војна ги истражува моралните димензии на војувањето и се обидува да воспостави доктрина за воена етика.

Воената историја се изучува како применета област на воените академии со цел да не се повторуваат грешките од минатото и за да се подобрат тековните перформанси преку всадување на способност кај командантите да ги согледуваат историските паралели за време на битката.

Воената историја како дисциплина е динамична и се менува заедно со развојот на предметната област и со општествата и организациите кои ја користат.[1] Динамичната природа на дисциплината на воената историја во голема мера е поврзана со брзината на промена на воените сили и умешноста и науката за управување со нив, како и со многу брзото темпо на технолошки развој во индустриската револуција, а од неодамна и во јадрената и информациската ера.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Cowley, Parker, p. xiii