Википедија:Избрана слика/2018/октомври
- 2007
- 2008: XI • XII
- 2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2011: I • II
- 2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2025: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
- Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
- Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
- Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
- Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
- сликата која добила најмногу гласови {{за}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.
- Избраната слика се поставува на главната страница.
Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец октомври 2018 година.
1 октомври 2018 | 2 октомври 2018 |
Прозорец на Манастирот на Светиот Гроб во Хајлигенграбе, Бранденбург, Германија. |
Остров во паркот Монрепо, Виборг, Русија. |
3 октомври 2018 | 4 октомври 2018 |
Базиликата „Пресвета Богородица Лихењска“ во Лихењ Стари кај Коњин. Ова е најголемата црква во Полска и меѓу најголемите во светот. |
Нагорен поглед на кулата „Хипоферајнсбанк“ (HVB) во Минхен. |
5 октомври 2018 | 6 октомври 2018 |
Павилјонот на езерото Пеблинге во Копенхаген, Данска. |
Млад нубиски козорог (Capra nubiana) во Мицпе Рамон, Израел. |
7 октомври 2018 | 8 октомври 2018 |
Маса и столчиња во традиционални бои. Фира, Санторини, Грција. |
Мавзолејот „Шах чераг“ (Крал на светлината) — гробница и џамија во Шираз, Иран, почивалиште на шиитските браќа прогонувани од Абасидите и едно од најсветите места во шиитизмот. |
9 октомври 2018 | 10 октомври 2018 |
Долното Шавлинско Езеро на Алтајските Планини, Русија. |
Психа (Leptosia nina) — мала пеперутка од семејството на зелкарите (Pieridae) која живее во Азија. |
11 октомври 2018 | 12 октомври 2018 |
Нагорен поглед во внатрешноста на кулата на „Нокија нетворкс“ во Минхен. |
Четири ѕвона во селото Ија, Санторини, Грција. |
13 октомври 2018 | 14 октомври 2018 |
Таваница на Царинарницата „Александар Хамилтон“ во Менхетн, Њујорк. |
Вечерен поглед на Историскиот музеј на Ерменија на плоштадот „Република“ во Ереван. |
15 октомври 2018 | 16 октомври 2018 |
Жолтоклуно свраче (Corvinella corvina corvina) од Гамбија. Сврачињата ги наденуваат уловените инсекти на трња и други острини како залиха за подоцна. |
Внатрешност на селската црква „Св. Леонард“ во Пезенбах, Фелдкирхен на Дунав, Горна Австрија. |
17 октомври 2018 | 18 октомври 2018 |
Една од сфингите на Универзитетскиот кеј во Санкт Петербург, Русија. |
Треви на зора во селцето Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
19 октомври 2018 | 20 октомври 2018 |
Зрели кинески круши (Pyrus pyrifolia) од сортата „Раџа“ во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД. |
Кораб на Исусовската црква во Кито, Еквадор. Исклучителен пример за шпанскиот барок во Америка и важи за најубавата црква во земјата. |
21 октомври 2018 | 22 октомври 2018 |
Зеленопругеста тенка стрелка (Aciagrion occidentale) — вид вилинско коњче од Индија и Шри Ланка. |
Куќата на Адам Тороугуд (изг. ~ 1719 г.) — истакнат првонаселеник во Вирџинија Бич. |
23 октомври 2018 | 24 октомври 2018 |
Изгрев во селцето Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
Главната зграда на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ на Врапчевите Ридови во Москва. |
25 октомври 2018 | 26 октомври 2018 |
Мост во ботаничката градина на Норфолк, Вирџинија, САД. |
Живеалишта во Мачу Пикчу — утврден град на Инките од XV век во денешната покраина Урубамба, Перу. |
27 октомври 2018 | 28 октомври 2018 |
Црноглава калуѓерка (Vanellus tectus tectus) во Сенегал. |
Силна бура на Јупитер сликана на поминување од леталото „Јунона“ (НАСА). |
29 октомври 2018 | 30 октомври 2018 |
Дом на заповедникот во утврдувањето Кастелет, Копенхаген. |
Два можни склопа на јадрена бомба. |
31 октомври 2018 | |
Олтар во лутеранскиот Манастир на Светиот Гроб („Хајлигенграбе“) во Бранденбург. Денес е Ден на реформацијата во Германија и Австрија. |
Намена
уреди- Избрана слика на главната страница за месец октомври 2018 година.
thumb=yes
— прикажува слика во рамка (минијатура)title=yes
— приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)caption=no
— не прикажувај описfloat=left/right
— за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)day
— датум за кој се бара сликата на денот