Ереван
Ереван (ерменски: Երևան) е најголемиот и главниот град на Ерменија. Тој се наоѓа на реката Храздан и е административен, културен и индустриски центар на земјата. Историјата на Ереван датира од основањето на урартијанската тврдина „Еребуни“ во 782 година од VIII век п.н.е.
Ереван Երևան | |||
---|---|---|---|
Панорама на Ереван | |||
| |||
Координати: 40°11′N 44°31′E / 40.183° СГШ; 44.517° ИГД | |||
Основач | Argishti I | ||
Управа | |||
• Вид | градоначалник | ||
• градоначалник на Ереван | Ајк Марутјан | ||
Површина | |||
• Вкупна | 227 км2 (88 ми2) | ||
Надм. вис. | 989,4 м | ||
Население (2011) | |||
• Вкупно | 1,121,900 | ||
• Густина | 4.896/км2 (12,680/ми2) | ||
Час. појас | GMT+3 (UTC+3) | ||
Повик. бр. | +374 10 | ||
Мреж. место | yerevan.am | ||
Извори: Ереван градот и населението [1] |
Историјата на Ереван започнува во 782 п.н.е. кога кралот Аргишти I од Урарту подигнал тврдини околу Еребун на западните падини на планината Арарат. По првата светска војна градот станал престолнина на Демократска Република Ерменија. Најголем пораст градот доживел во текот на XX век кога Ерменија станала една од 15-те републики на СССР. За само 50 години, градот е трансформиран од град од неколку илјади жители во главен и најважен културен, просветен и индустриски центар на Ерменија.
Според проценките од 2011 година во потесниот дел од градот живееле 1.122.000 жители, а во поширокото градско подрачје нешто помалку од 1.500.000 жители.
Градот Ереван е прогласен на Светска престолнина на книгата во 2012 година од страна на УНЕСКО.
Етимологија и градски симболи
уредиСпоред некои теории, името на градот потеквуна од ерменскиот крал Јерванд IV (последен крал од династијата Оронтид). Меѓутоа се претпоставува дека името на градот потекнува од старото утврдување Еребун од времена на кралството Урарту, основано од стана на кралот Аргишти I од Урарту, на подрачјето на денешен Ереван во 782 п.н.е. Прилагодувајќи се на терминот од урартски јазик на ерменски јазик дошло до името Ереван (Еребун = Ереван = Ереван = Јереван). До ваква трансформација на имињата дошла историчарката Маргарит Израелијан, споредувајќи ги натписите на две плочи со клинесто писмо пронајдени во тврдината Еребун.
Според рано-христијанските ерменски хроники, кога Ноевиот брод застанал на планината Арарат, по повлекувањето на водата после големиот потоп, Ное извикал „Јереватс“, што може да се преведе како „молитвите се послушани“ или „копното се појави“.
Главниот симнбол на градот е планината Арарат, чиј врв е видлив од секој крај на престолнината. На градскиот грб се наоѓа и крунисан златен лав, со скрипта и слика на Арарат на градите, а испод него е натписот „Ереван“. Грбот е во облик на правоаголен штит со сина рамка.[2]
Химната на градот е усвоена на 27 септември 2004 година и се вика „Еребуни-Ереван“. Градското знаме е со бела боја и во неговиот центар се наоѓа градскиот грб опкружен со 12 мали црвени триаголници кои ги симболизираат 12-те историски престолнини на Ерменија.[3]
Историја
уредиАрхеолошките наоѓалишта сведочат дека урартијанската војна тврдина се викала Еребуни, изградена во 782 п.н.е. по наредба од кралот Аргистис I на местото на денешен Ереван, за да служи како стражарско утврдување против варварските напади од Северен Кавказ, па затоа тоа е еден од најстарите градови на светот. Од тогаш местото било од стратегиско значење како рскрсница на караванските патишта помеѓу Европа и Индија.
Името Ереван го добил уште во 7 век, кога бил главен град на Ерменија под персиска власт.
Поради својето стратегиско значење Ереван со векови бил постојан пример за внатрешни немири и менвање на гостопади, Персијци и ороманци од Турција. Во 1827 година, бил освоен од Русија, а формално се одвоил од Персијците во 1828 година. По руската револуција во 1917 година Ереван три години бил главен град на независната Ерменија, а од 1920 година станал и престолнина на новоформираната Ерменска Советска Социјалистичка Република, една од 15-те републики на Советски Сојуз. Со разпадот на Советскиот Сојуз, Ереван станал главен град на независна Република Ерменија во 1991 година.
Култура
уредиЕреван е водечки индустриски, културен и научен центар во кавкаскиот регион. Како центар на ерменската култура, Ереван е и седиште на Ереванскиот државен универзитет (основан во 1920 година), Ерменска академоија на науките, исторсики музеј, опера, музички конзерваториум и неколку технички институции. Ереван има неколку големи јавни библиотеки, поголем број музеи и театри и растителна градина и зоолошка градина. Тој исто така е и важен железнички центар и исто така голем трговски центар на земјоделските производи. Индустријата во градот произведува метал, машини, алати, електрична опрема, хемикалии, текстил и прехранбени производи.
Две најголеми туристички атракции се урнатините во Уратру и римската тврдина.
Аеродромот во Ереван се вика Звартноц. Ерменскиот хотел Мариот се наоѓа во центарот на градот, на плоштадот Република (уште познат и како Храпарак).
Развој
уредиОд неодамна, ереванските власти започнаа амбициозен процес на развој во кој становите и зградите од советскиот соцреалистички стил се рушат и се заменуваат со модерни згради. Меѓутоа, овој план за обнова на градот е на удар на опозиијата и неколку жители на зградите.
Значајни личности
уреди- Владимир Акопјан, шахист
- Левон Аронјан, шахист
- Геворг Емин, поет
- Александер Арутиунијан, композитор
- Ѓиван Гаспарјан, композитор
- Сергеј Парајанов, филмски режисер
- Саргис Саргсијан, тенисер
- Александер Ширванзаде, писател
- Роберт Кочарјан, поранешен претседател на Ерменија
- Левон Тер-Петросјан, претседател на Ерменија од 1991-1998
- Бабкен Симоњан, поет, проф. на Универзитет
Наводи
уреди- ↑ Armstat Yerevan
- ↑ „Symbols and emblems of the city“. Yerevan.am. Архивирано од изворникот на 13 January 2009. Посетено на 2 July 2010.
- ↑ „Yerevan (Municipality, Armenia)“. CRW Flags. Посетено на 2 July 2010.
Надворешни врски
уреди„Ереван“ на Ризницата ? |