Јастребовидни
Јастребовидни (науч. Accipitriformes) — предложен и делумно прифатен ред што ги опфаќа највеќето грабливи птици што ловат дење: јастребите, орлите, мршојадците и разни други птици (вкупно 225 вида). Долго време во минатото, овие птици се вбројувале во соколите, во состав на редот соколовидни (Falconiformes),[1][2][3][4] но неодамнешните испитувања на ДНК укажуваат на тоа дека соколите не се во блиско сродство со јастребовидните, туку се поблиски на папагаловидните и врапчевидните.[5] Оваа одвојување денес е усвоено од Меѓународниот орнитолошки конгрес (IOC)[6], како и комисиите за класификација на јужноамериканските и северноамериканските птици (SACC и NACC),[7][8] на Американскиот сојуз на орнитолозите,[9]
Јастребовидни Период: еоцен-денес, | |
---|---|
Црвеноопашест јастреб (Buteo jamaicensis) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
Ред: | Јастребовидни |
Фамилии | |
јастреби (Accipitridae) |
Согласно класификациите на NACC и IOC, во редот влегуваат и американските мршојадци.[10][7] SACC ги става овие мршојадци во свој ред.[8] Оваа дилема постои уште од 1990-тите години. Статијава се води по класификацијата на првоспоменатите два органа.
Особености
уредиЗа јастребовидните се знае дека постојат уште од средниот еоцен (од можниот базален род Masillaraptor од Меселската Јама)[11] и обично имаат остри свиени клунови со месести кожурки на основата, во кои се сместени ноздрите. Крилјата им се долги и прилично широки, погодни за едрење по воздухот.
Имаат силни нозе и стапала, опремени со канџи и спротивставена задна канџа. Речиси сите членови на редот се месојадни. Пленот го ловат денски или на самрак и имаат остар вид. Живеат многу долго и имаат ниски стапки на размножување.
Пилињата имаат долга предлетна фаза, а по првиот лет остануваат во гнездото уште 3–8 недели. Полова зрелост достигнуваат дури по 1 до 3 години, како возрасни единки. Половите значително се разликуваат: женката понекогаш е преку двапати потешка од мажјакот. Овој полов диморфизам е доведен до крајност кај птицојадите како вистинскиот јастреб (Accipiter), а речиси не постои кај мршојадците. Птиците од овој ред по правило се моногамни, што значи дека до с��ена доаѓа само ако едниот умре.
Јастребовидните се едни од најразнообразните редови на птици по големина. Разликите се јасно воочливи ако се споредат малите јастереби со најголемите мршојадци, и нешто поголемиот андски кондор (веројатно најголемата летечка птица на светот), ако не се бројат американските мршојадци.
Таксономија
уредиРед јастребовидни (Accipitriformes)
Наводи
уреди- ↑ Voous 1973.
- ↑ Cramp 1980, стр. 3, 277.
- ↑ Ferguson-Lees & Christie 2001, стр. 69.
- ↑ Christidis & Boles 2008, стр. 50–51.
- ↑ Hackett et al 2008.
- ↑ Gill & Donsker.
- ↑ 7,0 7,1 Chesser и др. 2010.
- ↑ 8,0 8,1 Remsen et al.
- ↑ но не и ставањето на соколите веднаш до папагаловидните и врапчевидните
- ↑ Hackett и др. 2008.
- ↑ http://taylorandfrancis.metapress.com/index/P18941434J1VMU05.pdf[мртва врска]
Користена литература
уреди- doi: 10.1525/auk.2010.127.3.726
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - Christidis, Les; Boles, Walter E. (2008). Systematics and Taxonomy of Australian Birds. CSIRO Publishing. ISBN 978-0-643-06511-6. Посетено на 14 јануари 2010.
- Cramp, Stanley (1980). Handbook of the Birds of Europe, the Middle East and North Africa: The Birds of the Western Palearctic – Hawks to Bustards. Oxford University Press. стр. 3, 277. ISBN 0-19-857505-X.
- Ferguson-Lees, James; Christie, David A. (2001). Raptors of the World. Illustrated by Kim Franklin, David Mead, and Philip Burton. Houghton Mifflin. ISBN 978-0-618-12762-7. Посетено на 26 мај 2011.
- Gill, Frank; Donsker, D. „IOC World Bird List (version 2.4)“. Worldbirdnames.org. Архивирано од изворникот 2010-03-24. Посетено на 12 март 2010.
- doi: 10.1126/science.1157704
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - Remsen, J. V., Jr.; Cadena, C. D.; Jaramillo, A.; Nores, M. „A classification of the bird species of South America (section "ACCIPITRIDAE (HAWKS) 3" note 1)“. Version 11 December 2008. American Ornithologists' Union. Посетено на 26 мај 2010. Укажано повеќе од еден
|author2=
и|last2=
(help) - doi: 10.1111/j.1474-919X.1973.tb02004.x
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно