Саси
Саси или Саксонци — германско племе чија татковина се наоѓала на територијата на денешна северна Германија. Помеѓу III и V век под притисок на Франките тие се селат кон западна Европа, а век подоцна заедно со Англите и Јитите се селат на Британскиот Остров, така сочинувајќи ги Англичаните. Англиските грофовии Есекс и Сасекс се именувани по нив.
Сасите се доселиле во североисточна Македонија во XIII век и се занимавале со рударство. Со време се претопиле со Македонците, но оставиле низа топоними.[1]
Потекло на поимот
уредиНајприфатена претпоставка е дека името на Сасите потекнува од зборот сакс (анг. seax), вид на нож по кој тие биле познати. Овој нож е од големо симболично значење за англиските грофовии Есекс и Мидлсекс. Неговото име, покрај во овие две покраини, се појавува и во Сасекс и Весекс.
Историја
уредиРана историја
уредиКонтинентална историја
уредиКултура
уредиОпштествена структура
уредиНортамбрискиот теолог и историчар Беда Многупочитуваниот околу 730 г. запишал дека „континенталните Саксонци немаат крал, но имаат неколку елдормани (анг. elder man, старешница) кои за време на војна имаат голема власт, но се еднакви со останатите во мирно време.“
Религија
уредиСасите на почетокот биле пагани, но во седмиот век под влијание на Јутите се конвентирале во Христијани.
Сасите и Балканот
уредиСасите се познати по нивните развиени рударски вештини, така што во средината на XIII век благодарение на нив доаѓа до развој на рударството во средновековна Србија и Македонија. Таму ги нарекувале Саси, додека кај Дубровчаните се сретнуваат како Алемани, Алмани, Теотонци и Тедеши. Не се разјаснети околностите поради кои тие се населуваат на овие простори, но се претпоставува дека повикот на српскиот крал Стефан Урош I (1243-1276), како и монголската наезда од 1241 ги принудила на преселба. Бугарскиот цар Иван Шишман ги вика на македонската планина Осогово, каде што го отвораат рудникот Саса. Во нивна чест, таму денеска се наоѓа и селото Саса.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1302. ISBN 978-608-203-024-1.