Илче Стојановски
Илче Стојановски | |
---|---|
21.05.1976 – † 28.04.2001 (24 г.) | |
Прекар: | «Беснио» |
Роден во: | Породин, Битолско, СР Македонија |
Починал во: | Масакрот кај Вејце |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Полициски специјалец (ПЕП) |
Единици: | СВР Битола |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Илче Стојановски (Породин, Битолско, 21 мај 1976 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]��ивот, војната 2001 и сведоштва
[уреди | уреди извор]Илче Стојановски е роден на 21 мај 1976 година во битолското село Породин. Имаше завршено средно полициско школо и беше вработен во Битола.
Според блиски пријатели и роднини, Илче беше силно, полетно момче кое ги прифаќаше сите предизвици. Се гордееше што ќе ја облечеше полициската униформа. Замина од неговото родно село Породин, носејќи ги во спомен приказните за македонските војводи, комити, илинденци и херои. Тој секое време знаеше да им раскажува на другарите, меѓу нив Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од заедничкиот строј за хероите од минатото.
Според мајката на Илче, тој и неговите другари, како елитни полицајци, постојано биле во реоните каде што се воделе најжестоките борби. Најпрво биле во Дебар, но набрзо бие повлечени оттаму и префлрени во Танушевци. Таму Илче бил 20 дена, па се вратил во Породин и 10 дена бил со своите во селото. Потоа повторно заминал во Танушевци и таму останал 15 дена, за потоа да биде префрлен во Тетово.[2]
Според еден близок војнички другар на загинатиот полицаец Илче Стојановски, одма пред да се случи масакрот, преку брановите на радиостаницата му се јави дека се нападнати и бараше помош.[3] Тој ве��и:"...му го препознав гласот и му реков на командирот да се вратиме и да им помогнеме. ...Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:[4]
„ | Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изeинеме за Македонија... | “ |
И радиостаницата замолкна. Смртта на Илче настанала како резултат на здобиените прострелни рани во пределот на главата и стомакот. Со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Не е докажано дали контузијата на брадата предизвикана со удари од кундак на пушка и горењето на долните екстремитети, терористите го извршиле додека бил сè уште жив или мртов. Телото од целосно изгорување го спасиле првите „тигри” што пристигнале на местото на масакрот.
Илче Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Панихида за осумтемина бранители загинати кај Вејце“. Утрински Весник. 29 април 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-01-10.
- ↑ „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 99.
- ↑ „Кои се тастерите што ја предадоа патролата?“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
- ↑ „Масакрот кај Вејце“. Македонско Сонце. 17 ноември 2006.
- ↑ „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-28.