QRpedia
Логото на QRpedia — код за http://en.qrwp.org/QRpedia | |
Екранска снимка Мрежното место на QRpedia со QR-код што дава http://en.qrwp.org/QRpedia | |
Достапно на | повеќејазично |
---|---|
Создавач | Предлошка:Прост список |
Адреса | qrpedia.org |
Комерцијално | не |
Зачленување | нема |
QRpedia (изг. ку-ер педија или анг. изг. кју-ар-педија) — систем за мобилни уреди кој користи QR-кодови за давање пристап до статии од Википедија на нивниот претпочитан јазик.[1][2][3] Ваквиот код се наменет да води до одредена еднообразна ресурсна назнака (URI), но QRpedia дава дополнителни можости. Со програмот раководи и е во сопственост на Викимедија Обединето Кралство (WMUK).
Осмислувач на QRpedia е википедијанецот Роџер Бамкин, а програмирањето го извршил Теренс Идн. Системот е претставен во април 2011 г., а денес се користи во разни музеи, галерии, зоолошки градини и други установи во Австралија, Британија, Бугарија, Германија, Естонија, Индија, Македонија, Чешка, Шпанија и САД. Изворниот код е слободно достапен за пренамена под условите на MIT-лиценцата.
Процес
[уреди | уреди извор]Кога корисникот ќе го вчита QRpedia-кодот на неговиот мобилен уред, уредот го претвора во еднообразен пронаоѓач на ресурси (URL) користејќи го доменското име „qrwp.org“, а чија патека (конечен дел) е насловот на статијата на Википедија, па праќа барање за статијата укажана во URL-то до мрежиот опслужувач на QRpedia. Покрај ова, го утврдува и предава јазикот на кој е наместен уредот.[4]
По ова, опслужувачот на QRpedia го користи посредник за програмирање на прилози (API) на Википедија[1] за да утврди дали постои верзија на википедиската статија на јазикот што се користи на уредот, и ако постои, ја дава во формат соодветен за мобилни уреди.[4] Доколку не постои таква статија, тогаш опслужувачот ги нуди расположливите јазици или пак превод со Гугл.
Вака, QR-кодот може да даде една статија на многу јазици,[4] дури и кога установата не е во можност да направи свои преводи. QRpedia исто така води статистичка евиденција за нејзиното користење.[4][5]
Настанок
[уреди | уреди извор]Творци на QRpedia се википедијанецот Роџер Бамкин,[1][6] и советникот за мобилни семрежни работи Теренс Идн[1][7], а првпат е претставена на 9 април 2011 г.[1][8] на настанот „Зад сцената“ (Backstage Pass) во Музејот и уметничка галерија Дарби,[1][7] како дел од соработката „ГБАМ/Дарби“ помеѓу установата и Википедија,[9] во чиј состав се напишани и преку 1.200 статии на неколку јазици.[10] називот на проектот е кованица од „QR (Quick Response)“ и „-педија“.[11]
Примена
[уреди | уреди извор]-
Во Музејот и уметничка галерија Дарби
-
Во Детскиот музеј во Индијанаполис
-
Керамичка табличка во Монмаут („Монмаутпедија“)
-
На црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Прага
-
Табличка на столб. Галичник.
-
Постапка при скенирање, Скопје.
QRpedia досега е применета на повеќе места во светот:
- Детски параклис, црква „Св. Јаков“ во Сиднеј, Австралија
- Детски музеј во Индијанаполис, САД[2][12]
- Конгресни гробишта[13]
- Музеј и уметничка галерија Дарби, Англија[4]
- Спорски музеј на Естонија
- Музеј „Правосудни галерии“ во Нотингем, Англија
- задолжбина „Жоан Миро“, Шпанија[4][14] вклучувајќи гостувачка изложба во „Тејт“, Лондон[4]
- Национален архив, Британија [15][16]
- Национален информатички музеј (Британија)[17]
- Софиска зоолошка градина, Bulgaria[18]
- градот Монмаут во Велс — проект „Монмаутпедија“.[19]
- Црва „Св. Павле“, Бирмингем, Англија
- разни споменици во Прага (Прага 10)[20]
- Нова уметничка галерија во Волсол, Англија
- Зоолошка градина Скопје, Македонија[21]
- Галичник, Македонија
Награда
[уреди | уреди извор]Во јануари 2012 г. QRpedia станала еден од четирите проекти (од 79 кандидати) прогласени за најиновативни мобилни претприемања во Британија за таа година од проектот „СМАРТ УК“, а потоа влегла и во конкуренција за Светскиот мобилен конгрес во Барселона во 2012 г.[17]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Eden, Terence (2011-04-03). „Introducing QRpedia“. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Anon (2011-08-19). „The Children's Museum of Indianapolis Creates New Learning Opportunities through Wikipedian-in-Residence“. The Children's Museum of Indianapolis. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ Johnson, L.; Adams, S. (2011). The Technology Outlook for UK Tertiary Education 2011-201 (PDF). NMC Horizon Report Regional Analyses. Austin, Texas: The New Media Consortium. ISBN 978-0-615-38209-8.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Byrd Phillips, Lori (2011-06-15). „Going Multilingual with QRpedia“. Marcus Institute for Digital Education in the Arts. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ „QRpedia Statistics (example)“. Архивирано од изворникот на 2012-07-13. Посетено на 12 December 2011.
- ↑ Bamkin, Roger. „Three days of Action - QR codes at Derby Museum and Art Gallery“. Wikimedia Foundation. Посетено на 17 February 2012.
- ↑ 7,0 7,1 Anon (2011-05-21). „Quiet Realities“. Imperica. Архивирано од изворникот на 2012-11-08. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ Various. „Wikipedia:GLAM/Derby/QR code experiment“. Wikipedia. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ Various. „Derby Backstage Pass“. Wikimedia UK. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ Roger Bamkin, interviewed on BBC Radio Derby by Phil Trow, 2011-08-30
- ↑ Eden, Terence (2011-11-03). „QRpedia in Russia“. Посетено на 25 November 2011.
- ↑ Byrd Phillips, Lori (2011-07-29). „QR codes + Wikipedia = QRpedia“. The Children's Museum of Indianapolis. Архивирано од изворникот на 2011-09-26. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ Greta Kreuz (17 July 2012). „Historic Congressional Cemetery Program to get Wikipedia boost“. WLJA. Архивирано од изворникот на 2015-01-07. Посетено на 21 July 2012.
- ↑ Hinojo, Alex (2011-05-11). „QRpedia Codes at Fundació Joan Miró“. The GLAM-Wiki Experience. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 25 August 2011.
- ↑ „New collaboration between Wikimedia UK and The National Archives“. The National Archives. 2011-09-15. Посетено на 16 September 2011.
- ↑ Eden, Terence (2011-09-18). „National Archives and QRpedia“. Посетено на 18 September 2011.
- ↑ 17,0 17,1 „Become an instant expert with a little help from your mobile“. Smart UK Project. 2012-02-02. Архивирано од изворникот на 2013-07-21. Посетено на 2 February 2012.
- ↑ „Уикипедия:Сътрудничество/Софийски зоопарк“. Wikipedia (бугарски). Посетено на 14 February 2012.
- ↑ „Monmouth to be Wales' first WiFi town“. Monmouth Today. 2012-02-29. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 1 March 2012.
- ↑ „QRpedia a Praha 10: QR kód na každé památce“. http://www.mobilmania.cz. 2012-09-30. Посетено на 1 October 2012. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ Википедија:ВикиПроект Зоо Скопје
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„QRpedia“ на Ризницата ? |