Прејди на содржината

Know-how

Од Википедија — слободната енциклопедија
Постојат различни гледишта за тоа што опфаќа изразот know-how. Тие можат да се групираат во две основни групи, потесно сфаќање за know-how и пошироко. Според првото гледиште, под know-how се подразбираат само техничките знаења и искуства. Според второто, под know-how, се подразбираат разновидни групи знаења и искуства, кои сочинуваат една широка палета знаења и искуства од технолошка природа, економско-сметководствена, трговска, правна, до она што значи однесување со клиентелата, потрошувачите и сл.
Содржината на „знаењето и искуството“ понекогаш може да има обележја на самостоен пронајдок, кој може да се пријави, но неговиот носител не сака правно да го заштити затоа што тоа подразбира престанок на тајноста. Во тој случај, know-how претставува таен пронајдок.
Во правната теорија и трговската практика, според тоа дали може да се пренесе на други субјекти, се разликуваат три вида на know-how:
  1. Know-how кој е неразделно поврзан со определен поединец (од физичкото лице) тоа се поединечната вештина, знаења и искуства;
  2. Know-how кој е поврзан со определено правно лице, конкретно претпријатие, коешто располага со определени технологии, кои се засновани на определена традиција или на необично виско ниво на развој на определено производство;
  3. Know-how којшто може да се оддели и од физичкото и од правното лице, сознанија за определени технички решенија, цртежи, тајни патентибилни резултати и сл.