17 август
Изглед
17 август — 229-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (230-и во престапна година). Остануваат 136 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
986 | Во Ихтиманскиот Премин (Трајанова врата), византискиот цар Василиј II претрпува пораз во борба со војската на цар Самоил кој продолжува со нови освојувања сè до 991 година. |
1593 | Турскиот султан Мурат III ѝ објавил војна на Австрија, која траела 14 години. Војната ја завршува неговиот внук Ахмед I. |
1807 | Првиот американски пароброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот. |
1960 | Габон стекнува независност од Франција. |
1962 | Петер Фехтер станал првата жртва на Берлинскиот ѕид — застрелан е додека се обидувал да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна на Берлин. |
1998 | Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левин��ки. |
1999 | Земјотрес со сила од 7,4 степени ја погодил Турција, со епицентар 30 km југоисточно од Истанбул, при што загинале над 17.000 луѓе, а над половина милион останале без своите домови. |
Родени:
Починале:
1153 | Евстахиј IV — син на англискиот крал Стефан I. |
1908 | Радое Домановиќ — српски писател. |
1943 | Славчо Стојменски — народен херој на Југославија. |
1969 | Ото Штерн — германски физичар и Нобелов лауреат. |
1969 | Лудвиг Мис ван дер Рое — германски и американски архитект. |
1983 | Ајра Гершвин — американски текстописец, постар брат на композиторот Џорџ Гершвин. |
1987 | Рудолф Хес — заменик-фирер на Националсоцијалистичката партија. |
2003 | Стив Милер — американски блуз-музичар. |
2009 | Џани Басо — италијански џез-музичар. |
2014 | Миодраг Павловиќ — југословенски и српски писател. |
2015 | Арсен Дедиќ — хрватски пејач и композитор. |
2024 | Глигор Каневче — македонски научник, универзитетски професор и академик. |