Домашна свиња
Свиња | |
---|---|
Домашна свиња | |
припитомен
| |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Sus |
Вид: | Свиња |
Научен назив | |
Sus domesticus Еркслебен, 1777 | |
Синоними[1] | |
Домашна свиња (латински: Sus scrofa domesticus) или само свиња — припитомен подвид на дива свиња (понекогаш се смета за посебен вид). Се одгледува како домашно животно за месо (свинско), масти, месни производи (џимиринки, кавурма, крвавица, сланина,...) и кожа. Свинските влакна се користат за правење четки.
Врз основа на фармското производство, благородните раси на свињи се класифицирани во следните категории: прасиња - машки и женски младенчиња со телесна тежина од 25 кг. Над 25 кг и до 120 кг (тежина на колење) се товеници. За овие цели, машките грла се кастрирани, но женските грла не. Ако маториците се оставени за размножување, женките се нарекуваат назимки (кои сè уште не породиле) и маторици (женски маторици по првото опрасување). Мажјаците за приплод се нарекуваат нерези.
Изучувањето и одгледувањето благородни пасмини свињи се нарекува свињарство.
Одлики
[уреди | уреди извор]Периодот на спрасност кај маториците трае 112-114 дена (три месеци, три недели, три дена). Очекуваниот број на живородени прасиња е меѓу 9 и 12. Бројот е најмал при првото опрасување, највисока помеѓу третото и петтото, а потоа малку се намалува кај постарите единки.[2] На возраст од 6 месеци, прасињата достигнуваат тежина од околу 100 килограми жива мера, во тој миг ја достигнуваат кланичната тежина. Животниот век на свињата е околу 12 години, на што непосредно влијание имаат исхраната, начинот на одгледување и расата.
Повеќето од нив имаат ретки влакна, иако има и видови со густи влакна, како што е мангулицата.[3] Свињите имаат апокрини и екрини потни жлезди, иако екрините жлезди се ограничени на муцката и дорсоназалните области.[4] Свињите, сепак, како и другите „безвлакнести“ цицачи (на пр. слонови, носорози итн.), не користат топлотни потни жлезди за ладење.[5] Свињите, исто така, имаат помала способност од другите цицачи да ја исфрлаат топлината од влажната слузница во устата преку задишување. Нивната термонеутрална зона е од 16 до 22 °C.[6] На повисоки температури, свињите губат топлина со валкање во кал и вода; иако било предложено дека валањето во кал служи и за други функции, како што се заштита од сонце, контрола на ектопаразити и обележување со мирис.[7]
Свињите се еден од четирите познати видови цицачи кои поседуваат мутации во никотинскиот ацетилхолин рецептор кој ги штити од змиски отров. Мунгосите, медојадните јазовци, ежовите и свињите имаат модификации во активното место на рецепторот што го спречува змискиот веном α-невротоксинот да се врзе. Тоа се четири одделни, независни мутации.[8]
Многу видови свињи се склони кон стрес и може да развијат кардиоваскуларни болести слични на болестите на луѓето. Луѓето и свињите се физиолошки слични видови. Затоа, свињите често се користат како лабораториски животни.
Свињите се сештојади, што значи дека се хранат со храна од растително и животинско потекло. На помалите фарми, тие ги јадат остатоците од кујната - помиите. Во дивината, свињите наоѓаат храна во земјата, која ја ископуваат со забите. Свињата има многу чувствително сетило за мирис, па затоа во многу европски земји се користат за пронаоѓање тартуфи .
Свињите спаѓаат во најинтелигентните цицачи. Се смета дека свињите се поинтелигентни од кучињата и мачките.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Домашната свиња најчесто се смета за подвид на дивата свиња, на која името ѝ го дал Карл фон Лине во 1758 година, следствено, формалното име ѝ било припитомената свиња.[9] Меѓутоа, во 1777 година Јохан Еркслебен домашната свиња ја класифицирал како посебен вид од дивата свиња. Тој ѝ го дал името, кое таксономите сè уште го користат.[10]
Потекло
[уреди | уреди извор]Археолошките наоди покажуваат дека свињите биле припитомени од диви свињи веќе во раздобјето од 13.000-12.700 пр. н. е. на Блискиот Исток во сливот на Тигар.[11] Нив ги повелале на сличен начин како што тоа го прават денес луѓето од Нова Гвинеја. Одредени пронајдени остатоци од свињи датираат од период постар од 11.400 години пр. н. е., на Кипар, а најверојатно биле увезени од континенталниот дел на копното, што укажува дека дотогаш тие веќе биле припитомени.[12] Процесот на припитомување диви свињи се случил посебно во Кина.[13][14]
Наодите од ДНК од субфосилните остатоци од забите и вилиците на неолитските европски свињи покажуваат дека првите припитомени свињи биле увезени од Блискиот Исток. Ова го забрзало и процесот на припитомување на месните свињи во Европа, што претставува трет процес на припитомување, во кој генетската база увезена од Блискиот Исток полека се намалувала во Европа. Денешните домашни свињи доживеале сложен процес на вкрстување во време кога европските свињи денес се извезуваат на Блискиот Исток.[15] Историските наоди покажуваат дека азиските свињи биле донесени во Европа во текот на 18 и почетокот на 19 век.[13]
Во август 2015 година, едно проучување разгледало над 100 геноми на свињи за да се утврди процесот на нивно припитомување, за кој се претпоставувало дека го иницирале луѓето, дека во него биле вклучени неколку единки и се потпирало на репродуктивната изолација помеѓу дивите и домашните облици. Тоа проучување покажало дека претпоставката за репродуктивна изолација со постоење на тесни грла на популацијата е неоснована. Студијата заклучила дека свињите биле припитомени одделно во Западна Азија и Кина, при што западноазиските свињи биле донесени во Европа, каде што биле вкрстени со диви свињи. Моделот што детално ги опишува податоците вклучува хибридизација со сега изумрената популација на диви свињи за време на плеистоценот. Таа студија исто така покажала дека и покрај вкрстувањето со диви свињи, геномите на припитомените свињи имаат силен потпис на селе��ција во ДНК локусите кои влијаат на однесувањето и морфологијата. Студијата заклучила дека човечката селекција кај припитомените соеви веројатно го потиснала хомогенизирачкиот ефект на протокот на гените од дивите свињи и создал припитомени острови во геномот. Можно е истиот процес да е применлив и на други припитомени животни.[16][17]
Прилагодливата природа на сештојадната исхрана на дивата свиња направило припитомувањето да биде без напор. Свињите главно се користеле за храна, но раните цивилизации ја користеле свинската кожа за оклоп, забите за алатки и оружје и влакната за четки.[18] Свињите биле доведени во југоисточните делови на Северна Америка од Европа од страна на Хернандо де Сото и други рани шпански истражувачи. Избеганите свињи повторно станале диви во дивината и им направиле бројни проблеми на Индијанците кои не чувале припитомен добиток.
Меѓу животните што Шпанците ги довеле во Чилоенскиот Архипелаг во 16 век, најуспешно се приспособиле свињите. Свињите го користеле изобилството на школки и алги изложени на плимата и осеката на архипелагот.[19] Свињите биле донесени во југоисточните делови на Северна Америка од Европа од страна на Де Сото и други рани шпански истражувачи. Избеганите свињи станале диви и предизвикале големо нарушување во начинот на живот на домородните Американци, кои немале припитомени животни, освен кучиња.[20] Популациите на диви свињи во југоисточниот дел на Соединетите Држави оттогаш се селеле на север и станале сè поголем проблем на Средниот Запад. Тие се сметаат за инвазивен вид, а многу програми на владините агенции имаат за цел нивно фаќање или ловење за отстранување.[21][22][23] Домашните свињи станале диви во многу други делови на светот (на пр. Нов Зеланд и Северен Квинсленд) и предизвикале значителна штета на животната средина.[24][25] Дивите хибриди на европските диви свињи и домашните свињи се исто така многу нарушувачки за животната средина и земјоделството (тие се меѓу 100-те најштетни животински видови),[26] особено во југоисточна Јужна Америка од Уругвај до бразилскиот Мато Гросо ду Сул (Регионот на Средниот Запад) и Сао Паоло (држава) (југоисточни региони).[27][28][29][30][31]
Со околу 1 милијарда живи единки во секое време, припитомената свиња е едно од најбројните големи животни на планетата.[32][33]
Репродукција
[уреди | уреди извор]Маториците достигнуваат полна зрелост на возраст од 3-12 месеци и поминуваат низ полов циклус на секои 18-24 дена доколку не се успешно оплодени. Гестациониот период во просек изнесува 112-120 дена.[34] Циклусот трае два до три дена, при што женките ја изразуваат својата подготвеност за парење. Тоа е рефлексен одговор кој се стимулира кога женката е во контакт со плунката на сексуално зрел вепар. Андростенолот е еден од феромоните што се образува во субмаксиларните плунковни жлезди на свињите и кој предизвикува одговор на женките.[35] Грлото на матката содржи низа од пет јастачиња, кои го поддржуваат пенисот на вепарот за време на копулацијата.[36] Женките имаат дворожни матки и мора да се случат две оплодувања во двата рога на матката за да дојде до спрасност.[37] Препознавањето на бременоста кај свињите се случува на 11 до 12 дена од спрасноста.[38]
Свинско месо во исхраната
[уреди | уреди извор]Свинското и неговите месни преработки се широко распространети во исхраната. Сепак, поради високото ниво на масти, како и поради тоа што свињите можат да бидат домаќини на широка лепеза паразити, производите од свинско месо често се цел на критики за здрава исхрана.
Во јудаизмот и исламот свинското месо е забрането во исхраната, бидејќи се смета за валкано и злобно животно.[39][40]
Свињарство
[уреди | уреди извор]Област/држава | Број на свињи (во милиони) |
---|---|
Кина | 310,4 |
ЕУ | 143,1 |
САД | 78,7 |
Бразил | 40,6 |
Русија | 23,7 |
Мјанмар | 21,6 |
Виетнам | 19,6 |
Мексико | 18,4 |
Канада | 14,1 |
Филипини | 12,7 |
светот | 850,3 |
Домашната свиња често се одгледува на селски стопанства на отворено. Во некои случаи, на свињите им е дозволено да пасат во шумата под надзор на свињар. Во индустријализираниот свет, одгледувањето свињи повеќе не се врши во традиционалните свињарници, туку во свињарските фарми со интензивна примена на научни методи. Ова значително ги намалило трошоците за одгледување свињи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Groves, Colin P. (1995). „On the nomenclature of domestic animals“. Bulletin of Zoological Nomenclature. 52 (2): 137–141. doi:10.5962/bhl.part.6749. Biodiversity Heritage Library
- ↑ „Factors Affecting Litter Size“. Архивирано од изворникот на 10. 11. 2012. Посетено на 28. 08. 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Royal visit delights at the Three Counties Show.
- ↑ Sumena, K.B.; Lucy, K.M.; Chungath, J.J.; Ashok, N.; Harshan, K.R. (2010). „Regional histology of the subcutaneous tissue and the sweat glands of large white Yorkshire pigs“ (PDF). Tamilnadu Journal of Veterinary and Animal Sciences. 6 (3): 128–135. Архивирано од изворникот (PDF) на 9. 8. 2017. Посетено на 30. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |archive-date=
(help) - ↑ Folk, G.E.; Semken, H.A. (1991). „The evolution of sweat glands“. International Journal of Biometeorology. 35 (3): 180–186. Bibcode:1991IJBm...35..180F. doi:10.1007/bf01049065. PMID 1778649.
- ↑ Sweat like a pig?
- ↑ Bracke, M.B.M. (2011). „Review of wallowing in pigs: Description of the behaviour and its motivational basis“. Applied Animal Behaviour Science. 132 (1): 1–13. doi:10.1016/j.applanim.2011.01.002.
- ↑ Drabeck, D.H.; Dean, A.M.; Jansa, S.A. (1. 6. 2015). „Why the honey badger don't care: Convergent evolution of venom-targeted nicotinic acetylcholine receptors in mammals that survive venomous snake bites“. Toxicon. Elsevier. 99: 68–72. doi:10.1016/j.toxicon.2015.03.007. PMID 25796346. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Gentry, Anthea; Juliet Clutton-Brock; Groves, Colin P. (2004). „The naming of wild animal species and their domestic derivatives“ (PDF). Journal of Archaeological Science. 31 (5): 645–651. Bibcode:2004JArSc..31..645G. doi:10.1016/j.jas.2003.10.006. Архивирано од изворникот (PDF) на 8. 4. 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ Gentry, Anthea; Juliet Clutton-Brock; Groves, Colin P. (1996). „Proposed conservation of usage of 15 mammal specific names based on wild species which are antedated by or contemporary with those based on domestic animals“. Bulletin of Zoological Nomenclature. 53: 28–37. doi:10.5962/bhl.part.14102.
- ↑ Nelson, Sarah M. (1998). Ancestors for the Pigs. Pigs in prehistory. University of Pennsylvania Museum of Archaeology and Anthropolog. ISBN 9781931707091.
- ↑ Vigne, JD; Zazzo, A; Saliège, JF; Poplin, F; Guilaine, J; Simmons, A (2009). „Pre-Neolithic wild boar management and introduction to Cyprus more than 11,400 years ago“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 106 (38): 16135–16138. Bibcode:2009PNAS..10616135V. doi:10.1073/pnas.0905015106. PMC 2752532. PMID 19706455.
- ↑ 13,0 13,1 Giuffra, E; Kijas, JM; Amarger, V; Carlborg, O; Jeon, JT; Andersson, L (2000). „The origin of the domestic pig: independent domestication and subsequent introgression“. Genetics. 154 (4): 1785–1791. doi:10.1093/genetics/154.4.1785. PMC 1461048. PMID 10747069.
- ↑ Jean-Denis Vigne (2015). „Early domestication and farming: what should we know or do for a better understanding?“. Anthropozoologica. 50 (2): 123–150. doi:10.5252/az2015n2a5.
- ↑ Larson, G.; Albarella, U.; Dobney, K.; Rowley-Conwy, P.; Schibler, J.; Tresset, A.; Vigne, J. D.; Edwards, C. J.; Schlumbaum, A. (2007). „Ancient DNA, pig domestication, and the spread of the Neolithic into Europe“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 104 (39): 15276–15281. doi:10.1073/pnas.0703411104. PMC 1976408. PMID 17855556.
- ↑ Frantz, L (2015). „Evidence of long-term gene flow and selection during domestication from analyses of Eurasian wild and domestic pig genomes“. Nat. Genet. 47 (10): 1141–1148. doi:10.1038/ng.3394. PMID 26323058.
- ↑ Pennisi, E (2015). „The taming of the pig took some wild turns“. Science. doi:10.1126/science.aad1692.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2007-09-16. Посетено на 2025-01-07.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Torrejón, Fernando; Cisternas, Marco; Araneda, Alberto (2004). „Efectos ambientales de la colonización española desde el río Maullín al archipiélago de Chiloé, sur de Chile“ [Environmental effects of the spanish colonization from de Maullín river to the Chiloé archipelago, southern Chile]. Revista Chilena de Historia Natural (Spanish). 77 (4): 661–677. doi:10.4067/S0716-078X2004000400009.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ II.G.13. – Hogs. Архивирано на 20. 12. 2007.
- ↑ „Feral Hogs in Missouri | Missouri Department of Conservation“. mdc.mo.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 08. 03. 2017. Посетено на 7. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „AGFC | Feral Hog Hunting Regulations“. www.agfc.com. Посетено на 7. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Feral Hog Management | Georgia DNR - Wildlife Resources Division“. georgiawildlife.com (англиски). Посетено на 8. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Alien Species Threaten Hawaii's Environment.
- ↑ Introduced Birds and Mammals in New Zealand and Their Effect on the Environment.
- ↑ „World's 100 most destructive species named“. The Independent (англиски). 21. 11. 2004. Посетено на 7. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Authorization for the slaughter of the 'javaporco' reassures farmers in Assis, SP (португалски)
- ↑ IBAMA authorizes capture and slaughter of 'javaporcos' – Folha do Sul Gaúcho Архивирано на 3 јули 2017 г. (португалски)
- ↑ 'Javaporco' gives damage and scares farmers in Maracaí, SP – O Grito do Bicho Архивирано на 23 јануари 2019 г. (португалски)
- ↑ MS Rural – farmers are authorized to make populational control of exotic species, such as the European boar (португалски)
- ↑ „Status and Distribution of wild boar in Rio Grande do Sul, Southern Brazil“. 2009.
- ↑ Production, Supply and Distribution Online Query Архивирано на 1 декември 2017 г., United States Department of Agriculture, Foreign Agricultural Service
- ↑ Swine Summary Selected Countries Архивирано на 29 март 2012 г., United States Department of Agriculture, Foreign Agricultural Service, (total number is Production (Pig Crop) plus Total Beginning Stocks
- ↑ „Feral Hog Reproductive Biology“. 16. 5. 2012. Архивирано од изворникот на 25. 11. 2015. Посетено на 30. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „G2312 Artificial Insemination in Swine: Breeding the Female | University of Missouri Extension“. extension.missouri.edu. Архивирано од изворникот на 08. 03. 2017. Посетено на 7. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „The Female - Swine Reproduction“. livestocktrail.illinois.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 10. 02. 2022. Посетено на 7. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ Bazer, F. W.; Vallet, J. L.; Roberts, R. M.; Sharp, D. D.; Thatcher, W. W. (1986). „Role of conceptus secretory products in establishment of pregnancy“. J. Reprod. Fert. 76 (2): 841–850. doi:10.1530/jrf.0.0760841. PMID 3517318.
- ↑ Bazer, Fuller W.; Song, Gwonhwa; Kim, Jinyoung; Dunlap, Kathrin A.; Satterfield, Michael Carey; Johnson, Gregory A.; Burghardt, Robert C.; Wu, Guoyao (1. 1. 2012). „Uterine biology in pigs and sheep“. Journal of Animal Science and Biotechnology. 3 (1): 23. doi:10.1186/2049-1891-3-23. ISSN 2049-1891. PMC 3436697. PMID 22958877. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Исламски свет, „Зашто ислам забрањује свињетину“ Архивирано на 6 април 2008 г. („Take a look at the nature of the pig for example. The pig is naturally lazy and indulgent in sex, it is dirty, greedy and gluttonous.“)
- ↑ Глас ислама, „Зашто је свињетина забрањена?“ Архивирано на 21 март 2008 г. („Pig is one of the filthiest animals on earth ... Pig is the most shameless animal...“)
Литература
[уреди | уреди извор]- Pigs & Peccaries Specialist Group (1996). „Sus scrofa“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 12. 5. 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - Animal Welfare AVMA Policy on Pregnant Sow Housing
- CAST Scientific Assessment of the Welfare of Dry Sows kept in Individual Accommodations- March 2009