Прејди на содржината

Црпалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алуминиумска црпалка

Црпалка[1][2] или црпка[3][4] — вид на лажица што се користи за сервирање храна, најчесто разни видови супи и чорби, но и други видови храна.[5] Црпалките обично имаат долга права или малку закривена рачка на чиј врв се наоѓа чинија со која се зафаќа храна. Садот обично е поставен под тап агол во однос на рачката со цел да се олесни турање на кашеста храна и течности.

Најчесто се направени од не’рѓосувачки челик, но се користат и: алуминиум, сребро, бакарни легури, пластика, меламински смоли, дрво, бамбус и други материјали. Големината, обликот и материјалот на конструкцијата зависи од намената на црпалката. Така, за сосови и зачини се користат црпалки со вкупна должина помала од 7-8 сантиметри, додека за супи, чорби и пунчеви се користат чинии поголеми од 30 сантиметри. Најчестата зафатнина на садот кај црпалките е 0,14 литри, така што 3-5 лажици се истураат во чинија за супа или чорба, што е вкупно околу 0,4-0,7 литри.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „црпалка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „црпалка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „црпка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „црпка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Swartz 1988.
  6. Von Drachenfels, Suzanne (2000). The Art of the Table: A Complete Guide to Table Setting, Table Manners, and Tableware. Simon and Schuster. стр. 213. ISBN 978-0684847320.

Литература

[уреди | уреди извор]