Македонска филхармонија
Македонска филхармонија | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Скопје, Република Македонија |
Жанрови | Класична музика |
Занимања | Филхармониски оркестар |
Период на активност | 24 ноември 1944 - денес |
Издавачи | МПММФ |
Мреж. место | filharmonija.mk |
Членови | |
Диригент Борјан Цанев Директор Ангелина Димовска-Миташева, в.д. |
Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во Македонија. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност во Македонија и како претставник на домашната класична музика во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка.
Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.
Историјат
[уреди | уреди извор]Филхармонијата е основана е на 24 ноември 1944 г. со одлука на управата, а од страна на група музичари, на чело со диригентот Тодор Скаловски. На почетокот, оркестарот се состоел од триесетина музичари, предводени од Скаловски и Трајко Прокопиев. Најпрвин, оркестарот настапувал на свечености и академии, а првиот јавен концерт бил одржан одржан на 15 декември 1945 г. Во текот на своето постоење, Филхармонијата работела во состав на други организации и установи, под имињата: „Скопска филхармонија“, „Државен симфониски оркестар“, „Симфониски оркестар на Радио Скопје“ и „Оркестар на Операта на МНТ“, а во 1960 г. станала самостојна установа, под името „Македонска филхармонија“.[1]
По повод јубилејот 70 години од основањето, на 15 декември 2014 година била промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“, чии автори се Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска.[2]
Настапи
[уреди | уреди извор]Покрај ред��вниот репертоар во Македонија, Македонската филхармонија гостувала во повеќе земји: Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, СССР, Романија, Бугарија, Турција, Италија, Србија, Црна Гора и други.
Диригенти
[уреди | уреди извор]Покрај нејзините основачи, со филхармонијата раководеле голем број на странски и домашни диригенти[3]:
Познати изведувачи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Македонска филхармонија“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Монографија за 70 години Македонска филхармонија“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 19.
- ↑ „Историјат на Македонската филхармонија“. Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2014-01-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонска филхармонија — матична страница