Римски приказни
„Римски приказни“ (италијански: Racconti Romani) — збирка раскази на италијанскиот писател Алберто Моравија од 1954 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Не истражувај
- Двојник
- Комедијант
- Возач на камион
- Мислител
- Акрепи
- Совршено злостроство
- На сила силеџија
- Пропаст на човештвото
- Пријатели без пари
- Бу, бу, бу
- Несреќен човек
- Тарзановата одмазда
- Ромоло и Ремо
- Болничарка
- Богатство
За збирката
[уреди | уреди извор]Збирката „Римски приказни“ се темели врз два елементи: прецизната слика на објективниот свет се соединува со егзистенцијалните и моралните проблеми на целата епоха. Затоа, неговите раскази се длабоко „римски“ и истовремено не се само „римски“. Од сведочењето за посебното тие преминуваат во сведоштво за општото, т.е. низ моралните, сентименталните и општествените проблеми на поединецот тие зборуваат за духовната пустош на една цела цивилизација, која е во знакот на конвенциите, формалностите и конструкциите. Неговиот стил е одраз на пластичноста на фантазијата, но и интимен јазик на мудроста и на зрелоста на интелектот. Ликовите во книгата се луѓе од крв и од месо, но и симболи, т.е. претставници на одделни делови од неговиот систем на идеи.[2]