Прејди на содржината

Реј Лопес де Сегура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лујџи Мусини - Леонардо да Кутро и Реј Лопес играат шах на шпански терен

Родриго (Реј) Лопес де Сегура (шпански: Ruy López de Segura) (околу 1540 - 1580) бил шпански свештеник, а подоцна епископ во Сегура. Неговото дело Libro de la Invención Liberal y Arte del Juego del Axedrez, се смета за едно од основните за шахот во Европа, по она на Педро Дамјано.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Реј Лопес де Сегура е роден во Сафра, во близина на Бадахос, но живеел во Саламанка. Најверојатно бил потомок на еврејско семејство. Според многумина тој се смета дека бил првиот неофицијален светски првак во шах, откако победил на првиот модерен шаховски турнир одигран во Мадрид во 1575. Подоцна, тој ја изгубил титулата од римскиот правник Џовани Леонардо ди Бона.

Во негова чест, во западната литература, популарното шаховско отворње Шпанска партија е заменето со неговото име, а неговото име го носи и една варијанта од Руска партија (1.е4 е5 2.Sf3 Sf6 3.Sxe5 De7).