Ранана
Раанана | ||
Панорамана Раанана | ||
| ||
Округ | Централен | |
Управа | Град | |
хебрејски | רַעֲנָנָה | |
арапски | رعنانا | |
Население | 82,450 (декември 2009) | |
Градоначалник | Наум Хофри | |
Основан | 2 април 1922 | |
Координати | 32°11′N 34°52′E / 32.183°N 34.867°E |
Раанана (хебрејски: רַעֲנָנָה) (букв. „Свежина“) е град во јужен Шарон во централниот дистрикт на Израел. Соседни градови на Раанана се Кфар Саба на исток и Херзлија западно. Во 2007-ма, населението изнесувало 73,100.
Историја
[уреди | уреди извор]Раанана е основана 1921-ва год. од здружението Ахуза Алеф од Њујорк, едно од неколкуте организации формирани во САД што купиле земја во Палестина и основале еврејски земјоделски плантажи.[1]
На 22 април 1992-ра, првата група пионери од САД и Канада, броејќи 4-ри членови од организацијата Ахуза, три лаборанти и двајца вооружени стражари, тргнале со возило од Тел Авив и подигнале шатор на земјата каде што е денес Раанана. Во првите денови месноста била нарекувана "Раанаја." Арапските комшии ја викале "Америкаја" поради тоа што населението зборувало англиски.
Демографија
[уреди | уреди извор]Раанана има голем број ла луѓе што зборуваат англиски. Бројот на Француски имигранти е во пораст.[2]
Индустрија и трговија
[уреди | уреди извор]Раанана има индустриска зона северно од градот и многу компании имаат седиште таму, помеѓу нив се Emblaze, Hewlett-Packard, SAP, Texas Instruments, Amdocs и NICE Systems. Седиштето на Microsoft' во Израел се наоѓа во Раанана. Ahuza Street, Ra'anana's main boulevard which runs through the city from east to west, is lined with shops, restaurants and
Образование
[уреди | уреди извор]Градот има 12 училишта до 4-то одделение, 10 основни 8 средни училишта. Образованието во Раанана е едно од најнапреднатите во Израел.
Парк
[уреди | уреди извор]Паркот на Раанана е најголемиот урбан парк во областа Шарон.
Паркот е изграден за задоволство нажителите и посетителите на градот. Општината вложила многу пари за изградбата на паркот, и сè уште вложува во неговото издржување и развој. Администрацијата на паркот и вработените се грижат за неговата чистота и сигурност какоо и за посетителите. паркот има прекрасно езеро во формата на грбот на Раанана. Има две фонтани и патека за прошетка со мост. Езерото е опкружено со градини и патеки за пешачење.
Религија
[уреди | уреди извор]Иако поголемиот број жители на градот се секуларни, сепак има значајно религиозно мнозинство, во главно се состои од православни евреи, повеќето од нив се западни имигранти. Во градот има неколку синагоѓи.
Спорт
[уреди | уреди извор]Позначаен фудбалски клуб во градот е ФК Хапоел Раана.
Гра��оначалници
[уреди | уреди извор]- Барух Островски (1931-1959)
- Михаел пасвејг
- Јицак Сколник
- Бенјамин Волфовиќ
- Зеев Бјелски (1989-2005)
- Наум Хофри (2005 - сегашност)
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Encyclopedia of Zionism and Israel, ed. Raphael Patai, Herzl Press/McGraw-Hill, New York, 1971, "Ahuza", vol. 1, p. 17
- ↑ http://fr.jpost.com/servlet/Satellite?apage=1&cid=1154526025254&pagename=JPost/JPArticle/ShowFull[мртва врска]
Надворешни препратки
[уреди | уреди извор]„Ранана“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на општината Архивирано на 6 јануари 2007 г.
- Северна Раанана Еколошка организација Архивирано на 12 јуни 2008 г.
|