Прејди на содржината

Последниот самурај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Последниот самурај (англиски: The Last Samurai) — американски филм од 2003 година, во режија на Едвард Цвик. Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Кен Ватанабе, Шин Којамада, Масато Харада и Сеизо Фукумото. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории и за наградата „Златен глобус“ во три категории.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Јапонија, во 1870 година. Американскиот воен капетан Нејтан Алгрен е изнајмен од јапонскиот цар за да ја обучи јапонската армија во духот на западните армии. Императорот сака да воведе реформи во земјата и да ја приближи до Западот при што сака да ги искорени самураите. Алгрен е воодушевен од самураите и се наоѓа растргнат меѓу два света, воден само од чувството за чест. Набргу и тој започнува да ги изучува самурајските вештини.[1]

  1. 1,0 1,1 „Судир меѓу модерниот запад и древниот исток“, Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 3.