Плоштад „Свети Петар“
Плоштад Свети Петар Piazza di San Pietro | |
---|---|
Поглед кон денешниот плоштад | |
Општи податоци | |
Град | Ватикан, Рим |
Земја | Италија |
Плоштадот Свети Петар (италијански: Piazza di San Pietro) се наоѓа непосредно пред базиликата Свети Петар во Ватикан, Рим, Италија.
Плоштадот бил изграден во периодот од 1656-1667 година од страна на архитектот Бернини во стил на барок. На локацијата на плоштадот низ историјата се наоѓал циркусот на Нерон. Во времето кога започнала изградбата на новиот плоштад, од антиката останал само обелискот кој датира од 13 век п.н.е. во времето на Стар Египет, и истиот во Рим бил донесен во 37 година, во времето на императорот Калигула. Обелискот е висок 25,5 метри висок, а доколку се смета и крстот кој бил поставен на врвот, неговата висина изнесува 40 метри. Тој е втор најголем обелиск кој е зачуван во денешно време. Се смета дека на ова место бил распнат апостол Свети Петар.[1] Освен обелискот, на плоштадот се наоѓа и фонтана која била изградена во 1613 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]НАдворешни врски
[уреди | уреди извор]- Плоштад Свети Петар Нови слики од плоштадот
- Great Buildings On-line: Плоштад Свети Петар
- Youtube.com Плоштад Свети Петар
- Роберто Пиперно, "Piazza di S. Pietro":
- Марија Ен Суливан, "St Peter's Piazza, Vatican City"
- stpetersbasilica.org Мапа, слики, книги, блог
- Плоштад Свети Петар Архивирано на 7 јануари 2008 г. 360° Панорама
- Плоштад Свети Петар Архивирано на 9 мај 2007 г. VR Панорама (Java)
- Ватикан, плоштад Свети Петар Архивирано на 15 јуни 2007 г. QTVR панорама (11 Mb)
- Обелискот во Ватикан LacusCurtius.com, Ватикански обелиск, 4 септември 2006
- Плоштад Свети Петар 3D[мртва врска], 12 јуни 2007
- Плоштад Свети Петар, Фонтаната на плоштадот
41°54′8″N 12°27′23″E / 41.90222° СГШ; 12.45639° ИГД
|