Писма за Атик
Писма за Атик (латински: Epistulae ad Atticum) - дело на римскиот философ и оратор Цицерон.
Содржина
[уреди | уреди извор]Ова мало по обем дело Цицерон го напишал со намера да се утеши себеси и својот пријател Атик, зашто двајцата почнале да стареат. Притоа, во делото, Цицерон ги изложува своите мисли за староста. Така, за староста, Цицерон вели дека е потешка од планината Етна, но додава дека и другите фази од животот се исто толку тешки, ако човекот не знае да ги искористи во чест и среќа, зашто нема лошо во тоа човекот да им се потчинува на законите на природата и да ја бара среќата во доблестите. Луѓето осеќаат дека во староста ги напуштаат уживањата и пријателите, но тоа се случува и во младоста, ако луѓето имаал лош карактер и ако се незадоволни од животот. Само оној кој живее за доблестите, во сите животни периоди се здобива со уживања и пријатели. Исто така, за староста се вели дека носи болести и дека нè оддалечува од работите. Но, од каква работа? Сигурно не од умствената работа, вели Цицерон. На бродот, телесните работи ги вршат младите, но на кормилото седи старецот, зашто тој е силен со умот. А, тоа најважното, зашто мудроста управува, а телото само служи. Слично на тоа, Катон престанал да војува, но продолжил да раководи со сенатот, а во Спарта управувањето со државните работи им го доверувале на старците.[1]
Потоа, Цицерон тврди дека не е точно ниту тоа дека во староста се губи паметењето; напротив, грчките философи работеле до длабоката старост, а Солон во своите стихови ја фалел староста. Тој вели дека не треба премногу да се цени силата на младиот човек, ниту силата на бикот, туку треба да уживаме во она што го имаме. Непромисленоста на младите понекогаш ги уништувало и државите, кои потоа старците ги воскреснувале. Сите бараат поука од старите, што значи дека староста е активна и корисна. Човечкаата слабост, според Цицерон, доаѓа од пороците, а не од годините. На пример, Хомер пее за старецот Нестор, кој бил многу мудар, персисикиот цар Кир во староста се сметал за млад, а Катон тврдел дека никогаш во сенатот не чувствувал старост, иако имал 84 години. Старците не треба да жалат за младоста повеќе отколку младите што треба да жалат за детството.[2]
Голема забелешка на староста е тоа што таа треба да се откаже од страстите. Напротив, смета Цицерон, треба да ѝ се заблагодариме на староста поради тоа што нè спасува од таа младешка тешкотија која нè упропастува. Предавствата, злосторствата, подлоста, итн. доаѓаат од нашите желби за уживања. Староста ужува во духовните работи, кои се од највисок ред меѓу сите нешта. Старецот во селото ужива во оплодувањето на неговото семе, а таквата старост на земјоделецот е најслатка од сите старости. Секако, вели Цицерон, не можеме да се гордееме само со староста, туку само со делата што сме ги направиле во животот. Меѓутоа, Спартанците ги почитувале старците поради староста. Така, во Атина, еден старец влегол во театарот и никој не му отстапувал место, но тоа го направиле амбасадорите на Спарта кои тој ден се нашле на тоа место, а сите Атињани им ракоплескале за гестот. И меѓу римските аугури, најпрвин им се дава збор на старците, а тоа вреди повеќе отколку сите младешки задоволства, вели Цицерон. Ниту пороците на старците не произлегуваат од нивниот темперамент. Тие веруваат дека се напуштени, презрени, изиграни и поради тоа се навредени; но, тоа не е случај со умните старци. Животот на старците е пократок од животот на младите, но затоа пак, младите почесто се разболуваат и потешко се излекуваат во споредба со старците. Впрочем, вели Цицерон, човечкиот живот е толку краток, што воопшто не вреди да се премерува. Младиот умира со болка и со ужас, а староста се гаси незабележливо, а тоа е добро. Особено, не треба да се жали оној кој умира за да влезе во бесмртноста. Во тој поглед, Цицерон понатаму пишува за бесмртноста на душата, а расправата ја завршува со желбата сите луѓе да ја дочекаат староста за да можат самите да се уверат во тоа колку се точни неговите тврдења.[3]