Мехмед-агина џамија (Радање)
Мехмед-агина џамија | |
---|---|
Поглед на селската џамија | |
Координати: 41°46′39.8″N 22°16′26.06″E / 41.777722° СГШ; 22.2739056° ИГД | |
Место | Радање, Општина Карбинци, Македонија |
Местоположба | |
Изградена | XVII век |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Мехмед-агина џамија — главна и единствена џамија во селото Радање, во Општина Карбинци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата се наоѓа во средишниот дел на селото Радање.
Историја
[уреди | уреди извор]Единствен извор за историјата на изградбата на објектот се наоѓа на натписот на влезната врата. Според натписот кој е украсен со декоративно писмо, џамијата е изградена 1668-1669 година од страна на царскиот намесник Мехмед-ага.
Објектот е во фаза на конзервација и реконструкција и наскоро истиот ќе биде спремен за презентација пред пошироката културна јавност, а воедно ќе започнат и религиозните обреди.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Џамијата со своите стилски особености и архитектонски одлики претставува значаен споменик на османлискиот период. Употребата на добро обработениот камен, употребуван при градбата на некои џамии и цркви во кумановскиот и штипскиот регион, дава информации дека џамијата била градена од домашни мајстори. Прецизната изработка на декоративните боени елементи видливи во внатрешноста на џамијата, зборуваат за значењето на овој верски објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на џамијата
-
Шадрванот
-
Главниот влез
-
Натписот над влезот
-
Помошниот објект
-
Гроб во дворот
-
Помошниот објект
-
Страничен поглед
-
Поглед на џамијата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|