Прејди на содржината

Маркус Албак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маркус Албак
Лични податоци
Роден на 5 јули 1973(1973-07-05)(51 г.)
Роден во Гетеборг, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2011
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1997 Ергрите Ергрите 139 (52)
1997 Лингби Лингби 4 (1)
1997-1998 Бари Бари 24 (0)
1998-2000 Ергрите Ергрите 64 (34)
2000-2002 Херенфен Херенфен 48 (25)
2002-2004 Астон Вила Астон Вила 35 (6)
2004-2005 Ханза Росток Ханза Росток 23 (4)
2005-2008 Копенхаген Копенхаген 85 (34)
2008-2009 Ергрите Ергрите 30 (8)
2011 Ергрите Ергрите 1 (0)
Репрезентација
1999-2008  Шведска 74 (30)
Раководител на екипите
2009-  Шведска (асистент)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Маркус Кристијан Албак (роден на 5 јули 1973 година во Гетеборг) — поранешен шведски фудбалер, кој во моментов е асистент-тренер во шведската репрезентација.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Напаѓач познат по својот остар завршен удар и одлично чувство за гол. Во својата кариера Албак прошетал низ многу клубови и постигнал преку 130 голови во својата клупска кариера во неколку различни првенства.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Албак ја започнал својата професионална кариера во екипата на Ергрите. По пет сезони во клубот заминал во странство, приклучувајќи му се на кратко на данскиот Лингби, а потоа потпишал за Бари клуб од италијанската Серија А. Тој одиграл 24 првенствени натпревари за Бари во сезоната 1997-98, но неуспеал да постигне ниту еден погодок со што Бари ќе остане единствениот клуб за кој играл без да постигне гол. По завршувањето на сезоната повторно се вратил во својот прв клуб.

Во 2000 година му се приклучил на Херенфен. Во својата втора сезона во клубот му помогнал да заврши на високото 4. место во холандското превнство, постигнувајќи 15 гола. Во 2002 година Албак се преселил во Астон Вила за 2 милиони фунти, но не успеал да се избори за место во почетната постава на Премиер лигашот од Бирмингем и најчесто бил замена за Дариус Васел и Хуан Пабло Анхел.[1] По истекот на договорот, тој заминал во Бундеслигата каде и се приклучил на екипата на Ханза Росток во текот на летото 2004 година.[2] Албак постигнал 4 гола во 23 настапи за Ханза во сезоната 2004-05, но неуспеал да му помогне на клубот да се спаси од испаѓање.

По испаѓањето на Ханза во летото 2005 година, на возраст од 32 години, Албак потпишал со ФК Копенхаген. На 1 ноември 2006 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во својата кариера и тој се покажал како победнички против двократниот шампион во натпреварувањето Манчестер Јунајтед.[3] По завршуваето на натпреварот, бил избран од навивачите за човек на натпреварот. 20 дена подоцна, тој, исто така, постигнал гол во Лигата на шампионите против Бенфика на Стадионот Луж - натпревар кој неговиот тим го загубил со 3-1. Албак постигнал гол и во последниот натпревар од групната фаза против Селтик на Паркен во победата со 3-1. По одигрувањето на последниот натпревар од Данската Суперлига 2006-07, тој бил избран од навивачите за наградата играч на годината, откако Копенхаген успеал да ја одбрани титулата, а напаѓачот придонел со 11 лигашки голови.

На 1 јули 2008 година, Албак се вратил во Ергрите за да го имал својот трет престој во клубот.[4]

На 14 декември 2009 година, по испаѓањето на Ергрите од Алсвенскан, Албак го најавил своето пензионирање од фудбалот.[5]

По победата на Шведска против Холандија, официјално било потврдено дека Албак ќе учествува во следниот натпревар на Ергрите на домашен терен против Мотала. Тој влегол како замена во 69-тата минута, но не можел да влијае на играта на било кој начин.[6]

Данска ФК Копенхаген

[уреди | уреди извор]
2005-06, 2006-07
2000
  1. Carminati, Nadia. „Italians eye Villa marksman“. Sky Sports. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 29 April 2014.
  2. „Hansa snap up Allbäck“. UEFA.com. 28 August 2004. Посетено на 29 April 2014.
  3. Taylor, Daniel (2 November 2006). „Allback goal leaves United stuck in muddy misery“. The Guardian. Посетено на 29 April 2014.
  4. „Allbäck: Öis är klubben i mitt hjärta“ (шведски). Fotbollskanalen.se. Архивирано од изворникот на 2008-04-06. Посетено на 21 February 2010.
  5. „Allbäck: "Lägger karriären på is" (шведски). fotbolldirekt.se. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 14 January 2012.
  6. „Från kostym till kortärma“ (шведски). fotboll.ois.se. 14 October 2011. Посетено на 14 January 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]