Прејди на содржината

Лорета Лин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лорета Лин
Фотографија за публицитет, 1965
Роден(а)Лорета Веб
14 април 1932(1932-04-14)
Бачер Халоу, Кентаки, САД
Починал(а)4 октомври 2022(2022-10-04) (возр. 90)
Хјурикејн Милс, Тенеси, САД
ПочивалиштеХјурикејн Милс, Тенеси
ЗанимањеКантри-пејачка и текстописец
Активен период1960–2022
СопружникОливер Лин (в. 1948; died 1996)
Деца6
Страница
lorettalynn.com

Лорета Лин (англ. Loretta Lynn; мом. Webb; 14 април 1932 - 4 октомври 2022) ― една од најуспешните и највлијателните американски кантри-пејачи и музичари во 1960-тите и 1970-тите. Во текот шестдецениската кариера, Лин снимила преку четириесет музички албуми, а некои од нив добиле златен статус. Музичкиот филм од 1980 година „Ќерката на рударот“ бил заснован на нејзиниот живот.

Некои од нејзините најголеми хитови биле снимени во 1960-тите и 70-тите, вклучувајќи ги: „Coal Miner’s Daughter“, „The Pill“ (песна за слободата што ја носат апчињата за контрацепција), „Don’t Come Home a Drinkin“ (With Lovin’ on Your Mind)“, „Rated X“ и „You’re Looking at Country“. Таа била позната по настапите во долги, широки фустани со комплицирани везови или кристали, а многу од нив биле креирани од нејзиниот долгогодишен личен асистент и дизајнер Тим Коб.[1]

Лорета Лин 18 пати била номинирана за Греми награда и три пати ја добила наградата.[2] Таа е најнаградувана кантри-пејачка и единствена жена која била прогласена за изведувач на деценијата од Академијата за кантри-музика (за 1970-тите). Лин постигна 24 No. 1 хит синглови и 11 број еден албуми. По мозочниот удар во 2017 година таа се повлекла од музиката.[3]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Лорета Веб е родена на 14 април 1932 година во Бачер Холоу, Кентаки.[4] Таа била најстара ќерка и второ дете на Клара Мари и Мелвин Теодор Веб. Татко ѝ бил рудар за јаглен и земјоделец.[5] Името го добила по филмската ѕвезда Лорета Јанг.

Лин во 1962 година

На петнаесетгодишна возраст се омажила за Оливер Лин (1926–1996), со кого се преселила во државата Вашингтон. Нејзината музичка кариера започнала во 1959 година, откако нејзиниот сопруг ѝ подарил гитара. Следните три години ги посветила на учење и усовршување свирење гитара, по што основала своја музичка група.

Во 1960 година, потпишала договор за снимање со Zero Records. Издавачката куќа ѝ организирала сесија за снимање во Холивуд, каде таа снимила четири композиции: „I'm A Honky Tonk Girl“, „Whispering Sea“, „Heartache Meet Mister Blues“ и „New Rainbow“.

Лин и нејзините соработници го промовирале изданието на кантри-станиците.[6][7] Кога брачниот пар Лин стигнал во Нешвил, нејзината песна веќе била хит; се искачила на 14-то место на кантри и вестерн-топ-листата на Билборд, а Лин почнала да снима демо-записи за издавачката куќа Wilburn Brothers. Преку Wilburns таа обезбедила договор со Decca Records.[6] На крајот од годината, списанието Билборд ја ставило Лин на 4-то место на списокот на најперспективни кантри-пејачки.

Соработката на Лин со браќата Вилбурн и нејзиното појавување на Гранд Оле Опри во 1960 година,[8] ѝ помогнало да стане најпопуларна кантри-пејачка. Лин се приклучила на Гранд Оле Опри на 25 септември 1962 година.[5]

Лин ја навела Петси Клајн како нејзин ментор и најдобар пријател за време на нејзините почетоци во музиката.

Лин го издала нејзиниот прв сингл под Дека, „Success“, во 1962 година и тој веднаш се искачил на 6-то место. Ова бил прв од низата топ-10 синглови благодарение на кои таа станала истакната фигура во кантри-музиката и една од најистакнатите женски изведувачи во овој жанр. Исто така популарни биле песните кои Лин ги испеала во дует со Конвеј Твити.

Лин на турнеја во 1975 година

Лин станала дел од кантри музичката сцена во Нешвил во 1960-тите. Во 1967 година, таа го имаше првиот од 16-те нејзини хитови кои се искачиле на прво место.[9] Нејзините подоцнежни хитови биле: „Don't Come Home A-Drinkin' (With Lovin' on Your Mind)“, „You Ain't Woman Enough (To Take My Man)“, „Fist City“ и „Cоal Miner's Daughter“.[10]

Лин во нејзините песни се фокусирала на женските проблеми со стихови за сопрузи кои вршат прељуба, упорни љубовници и пијанење на сопризите. Нејзината музика била инспирирана од проблемите со кои таа се соочила во бракот. Таа ја подигнала летвичката во конзервативниот жанр на кантри-музика со песни за контрола на раѓање („The Pill“), повторено породување („One's on the Way“), двојни стандарди за мажи и жени („Rated 'X'“) и да се биде вдовица на војник кој загинал во војната во Виетнам („Dear Uncle Sam“).[11]

Радио-станиците за кантри-музика често одбивале да ги пуштаат нејзините песни и во едно интервју од 1987 година таа рекла дека осум нејзини песни биле забранети.[12]

Нејзината автобиографија од 1976 година, „Ќерката на рударот“, во 1980 година била адаптирана во истоимен филм со Сиси Спејсек и Томи Ли Џонс во главните улоги. Спејсек освоила Оскар за најдобра женска улога за толкувањето на улогата на Лорета Лин. Албумот на Лин Van Lear Rose, издаден во 2004 година, бил продуциран од алтернативниот рок-музичар Џек Вајт. Лин и Вајт беа номинирани за пет Греми-награди, а освоиле две.[13][14]

Лин добила многу кантри и американски музички награди. Таа била примена во Куќата на славните текстописци во Нешвил во 1983 година, во Куќата на славните на кантри музиката во 1988 година и во Куќата на славните текстописци во 2008 година. Во 2010 година добила признание од Кантри музичките награди. Во 2013 година била наградена со Претседателски медал на слободата од претседателот Барак Обама.[15] Лин снимила 70 албуми, вклучувајќи 54 студиски албуми, 15 компилациски албуми и еден албум за почит.[16][17]

Здравје и смрт

[уреди | уреди извор]

Со текот на годините, Лин страдала од различни здравствени проблеми, вклучувајќи пневмонија во повеќе наврати и скршена рака по пад дома.[18]

Во мај 2017 година, Лин имала мозочен удар во нејзиниот дом. Таа била однесена во болница во Нешвил и како резултат на тоа морала да ги откаже сите нејзини закажани концерти. Објавувањето на нејзиниот албум Wouldn't It Be Great било одложено до 2018 година. На 1 јануари 2018 година, Лин паднала и го скршила колкот.[19][20]

Лин починала во сон во нејзиниот дом на 4 октомври 2022 година, на 90-годишна возраст.[21][22] Била погребана три дена подоцна на нејзиниот ранч во Хјурикејн Милс покрај нејзиниот сопруг Дулитл.[23]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми  

  1. Коларовска, Тамара (2022-10-05). „Почина Лорета Лин: Била ќерка на рудар, се омажила на 15 години и успеала да стане кралица на кантри музиката“. Еспресо. Посетено на 2024-05-05.
  2. „Loretta Lynn“. National Academy of Recording Arts and Sciences. November 23, 2020. Архивирано од изворникот на November 4, 2020. Посетено на October 26, 2020.
  3. „Loretta Lynn Biography“. Biography.com. January 9, 2018.
  4. „Loretta Lynn“. Encyclopedia Britannica. Архивирано од изворникот на March 10, 2018. Посетено на November 12, 2020. Although she claimed 1935 as her birth year, various official documents indicate that she was born in 1932
  5. 5,0 5,1 „WELCOME 2017“. LorettaLynn.com. Архивирано од изворникот на March 21, 2006. Посетено на February 11, 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Official website“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. 6,0 6,1 "Van Lear Rose" Архивирано на 6 февруари 2007 г.. Retrieved February 4, 2007.
  7. "Honky Tonk Make Believe", Don Grashy – Co. Joseph Mauro, "MY RAMBLING HEART" (Washington. DC: 1995), p. 45.
  8. Loretta Lynn Архивирано на {{{2}}}.. Country Music Hall of Fame. Retrieved February 4, 2007.
  9. „Country Music Music News, New Songs, Videos, Music Shows and Playlists from CMT“. Country Music Television. Посетено на February 11, 2019.
  10. Coal Miner's Daughter. p. 73.
  11. Thanki, Juli. „20 Most Controversial Songs by Women“. Engine 145. Архивирано од изворникот на April 7, 2014. Посетено на April 6, 2014.
  12. Varga, George (October 4, 2022). „Loretta Lynn, dead at 90, was unapologetic in our 1987 interview: 'I've had eight of my songs banned!'. The San Diego Union-Tribune. Посетено на October 6, 2022.
  13. „2004 GRAMMY WINNERS|47th Annual GRAMMY Awards“. The Recording Academy. January 15, 2013. Посетено на October 11, 2022.
  14. „Loretta Lynn – Love Is The Foundation“ (англиски). Архивирано од изворникот на November 16, 2018. Посетено на October 30, 2018.
  15. Branigin, William (November 20, 2013). „Presidential Medal of Freedom honors diverse group of Americans“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на January 17, 2018.
  16. „Discography“. LorettaLynn.com. Посетено на November 9, 2015.
  17. „Loretta Lynn – Releases – MusicBrainz“. musicbrainz.org (англиски). Посетено на January 17, 2018.
  18. „LYNN IN HOSPITAL“. Orlando Sentinel. February 8, 1989.
  19. Thanki, Juli (May 5, 2017). „Loretta Lynn hospitalized after stroke“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 6, 2017. Посетено на May 6, 2017.
  20. „Loretta Lynn In 'Great Spirits' After Breaking Hip in Fall at Home“. People (англиски). Архивирано од изворникот на January 20, 2018. Посетено на January 20, 2018.
  21. McArdle, Terence (October 4, 2022). „Loretta Lynn, ever a 'Coal Miner's Daughter,' dies at 90“. The Washington Post. Посетено на October 11, 2022.
  22. Morris, Chris (October 4, 2022). „Loretta Lynn, Feisty First Lady of Country Music, Dies at 90“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на October 4, 2022.
  23. Black, Lauren Jo (October 8, 2022). „Loretta Lynn Laid To Rest On Her Tennessee Ranch: 'I Love You Yesterday, Today, Tomorrow And Always'. Country Now.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]