Прејди на содржината

Игор Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игор Михајловски
ПозицијаКрилен центар (како кошаркар)
Тренер
Висина2,05 м
Тежинакг
Број7
Роден24 декември 1973(1973-12-24)(50 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1988–2003
Клубови
Репрезентација
Инфо од: 09.04.2020.

Игор Михајловски (24 декември 1973 во Куманово) — македонски поранешен кошаркар, репрезентативец и тренер. Тој бил тренер на Работнички.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Играчка историја

[уреди | уреди извор]

Младинска кариера

[уреди | уреди извор]

Со кошарка Игор Михајловски почнал да се занимава од својата дванаеста година, започнувајќи ја својата кошаркарска кариера во матичниот клуб Куманово.[1]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Игор Михајловски својата професионална кариера ја започнал во КК Куманово во 1988 година. Во 1990 година се приклучил во редовите на белградски Партизан под тренерска палка на Душан Вујошевиќ , а подоцна и на проф. Александар Николиќ и Жељко Обрадовиќ со кој ги освоил државниот куп, првенството на Југославија како и европската шампионска титула во 1992 година.[1] Сезоната 1992/93, Михајловски бил даден на позајмица во Борац од Чачак. Следната сезона се преселил во МЗТ Аеродром.[1] Со МЗТ со освоил Купот на Македонија 1996 и 1997. За сезоната 1997/98 година, Игор потпишал за Годел Работнички,[1] притоа освојувајќи ја двојната круна. Следната сезона, Михајловски со Работнички ја одбранил титулата во Првенството. За сезоната 1999/00, тој се преселил во словенечка Рогла Атрас од Зрече.[1] Сезоната 2000/01 играл за португалски Порто.[1] За сезоната 2001/02, Игор се вратил во матичниот КК Куманово, со кој станал вицепрвак во домашното првенство. Во 2003 играл повторно во Португалија, овојпат во Лузитанија.[1]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Михајловски бил член на кошаркарска репрезентација на Македонија, кога на 30 мај 1993 година го одиграл првиот натпревар, со над 40 официјални натпревари.[2] како и учесник на Европското Кошаркарско Првенство 1999 кое се одиграло во Франција на која за првпат македонската репрезентација зазела учество на еден голем спортски настан.[1]

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Михајловски е носител на тренерска ПРО-А и ФИБА лиценца за професионални кошаркарски тренери.[1]

Игор Михајловски бил селектор на македонската репрезентација за играчи до 16 години и ја водел кошаркарската школа на КК Куманово. Тој бил тренер на КК Михајловски, а во август 2014 година станал тренер на КК Куманово.[3] По поразот на домашен терен од КК Тиват во БИБЛ натпреварувањето, на 22 јануари поднесол отставка.[4][5] По оставката, останал да е само тренер на КК Михајловски.[6]

За сезоната 2016/17, Игор му станал помошник тренер на Врбица Стефанов во гевгелиски Кожув.[7] Во ноември 2016 година, поради лошите резултати Стефанов поднел оставка од тренерското место. На местото главен тренер дошол Михајловски.[8][9] Во јули 2017 година, тој повторно станал тренер на Куманово 2009.[10] На крајот на октомври 2017, Михајловски си поднел оставка како тренер на Куманово.[11][12] На почетокот на 2019 година, Михајловски станал помошник-тренер на Работнички.[13] Со Работнички, Михајловски го освоил Купот на Македонија 2019.

Играчки титули

[уреди | уреди извор]

Сојузна Република Југославија Партизан

[уреди | уреди извор]
  • Европски Куп на шампиони (1) : 1991/92
  • Прва југословенска лига (1) : 1991/92
  • Куп на Југославија (1) : 1992

Македонија МЗТ Аеродром

[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички

[уреди | уреди извор]

Тренерски титули

[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Основач“. kkmihajlovski.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2011-09-10. Посетено на 2 февруари 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  3. „Игор Михајловски нов кормилар на Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22.
  4. „Игор Михајловски си замина од клупата на Куманово“. ekipa.mk. 22 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-01-24. Посетено на 2015-01-22.
  5. „Проблеми пред куп-реваншот: Куманово без тренер, Михајловски поднесе оставка!“. sportmedia.mk. 22 јануари 2015.
  6. Список на одобрени играчи и службени лица - КК Михајловски - Сезона 2014/15 Архивирано на 14 октомври 2015 г. basketball.org.mk
  7. „Михајловски ќе му асистира на Стефанов во Кожув“. sportmedia.mk. 30 август 2016.
  8. „Врбица Стефанов си поднесе оставка“. sportmedia.mk. 26 ноември 2016. Посетено на 5 декември 2016.
  9. „Врбица Стефанов си замина од Кожув“. ekipa.mk. 26 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-28. Посетено на 5 декември 2016.
  10. „Игор Михајловски пак ќе биде тренер на Куманово“. sportmedia.mk. 6 јули 2017. Посетено на 15 јули 2017.
  11. „Михајловски се повлече, Куманово без „шеф". sportmedia.mk. 29 октомври 2017. Посетено на 29 октомври 2017.
  12. „Куманово бара нов тренер, Михајловски си поднесе оставка“. ekipa.mk. 29 октомври 2017. Посетено на 29 октомври 2017.
  13. „Игор Михајловски во Работнички, на местото на Јончевски“. basketball.mk. 3 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 2019-02-06. Посетено на 23 јануари 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]