Иван Висин
Иван Висин | |
---|---|
Роден(а) | 1806 Прчањ |
Починал(а) | 1868 |
Занимање | Морепловец |
Познат(а) по | Втор Хрват на пат околу светот |
Иван (Иво) Визин (или Иво Визин) (3 ноември 1806 — 17 август 1868) бил хрватски морепловец и истражувач. По Магелан е шести морепловец и втор Хрват што го препловил светот.
Животопис
[уреди | уреди извор]Се родил во Прчањ, Бока Которска во католичко семејство со потекло од Истра, за време на окупацијата на Бока Которска од страна на Француското Царство. Поморската кариера ја започнал уште на 12 години како „бродски мали“, а капетанскиот испит го положил во Трст.
Капетан Висин и поручникот Фридрих Белавита заедно со девет членови на екипажот тргнале на пат околу светот на 11 февруари 1852 година со бродот Сплендидо од Антверпен, со хабсбуршко знаме.[1] Бродот бил долг 30 метри, со носивост 311 тони. Висин тргувал на местата што ги посетил, пловејќи по Тихиот Океан и Кинеското Море. Нивната рута била: Антверпен - ’рт Хорн - Сан Франциско - Хонолулу - Сингапур - Бангкок - Хонгконг - ’Рт на Добрата Надеж - Плимут - Трст. Во Трст стигнале на 10 август 1859 година. На ова патување, едреникот поминал 100 000 морски милји.
Царот Франц Јосиф го одликувал капетанот Висин со почесно знаме за заслуги во трговската морнарица и со витешки крст од редот Фрањо Јосип.
Литература
[уреди | уреди извор]- Историски лексикон на Црна Горa, Daily Press, Подгорица 2006.