Две хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, поделени со црна поширока и жолта потенка лента кои се формираат црн триаголник со жолти граници во прицврстениот дел. На триаголникот има приказ на златен заб од вепер и два папрата.(Знамиња на Вануату)
Површината е поделена на два дела, црвено горно поле и сино-бели бранови во долниот дел. На црвената површина има приказ на изгрев на сонце и златна фрегата.(Знамиња на Кирибати)
Темносина површина, со приказ на две ленти во портокалова и бела боја кои се протегаат од долниот лев агол кон горниот десен агол. Во кантонот има приказ на ѕвезда.(Знамиња на Маршалските Острови)
Дијагонално поделена површина во црна и црвена боја. На црното поле има приказ на Јужниот крст во бела боја, а на црвеното поле има приказ на златна Рајска птица.(Знамиња на Папуа Нова Гвинеја)
Дијагонално поделено поле, разграничено со златна лента, во темносина и темнозелена боја. На темносиното поле има пет бели ѕвезди.(Знамиња на Соломините)