Звонимир Вукиќ
Звонимир Вукиќ (роден на 19 јули 1979 година во Зрењанин, СФР Југославија) бил поранешен српски фудбалер и репрезентативец.
Кариера
[уреди | уреди извор]Вукиќ кариерата ја започнал во екипата на Пролетер од Зрењанин каде ги минал сите помлади категории и за прв пат настапил за сениорскиот тим на само 17 години во сезоната 1996/97 година. Тој станал првотимец во Пролетер и со добрите игри го привлекол вниманието на многу домашни, но и странски клубови. Во 1998 година потпишал за екипата на Атлетико од Мадрид. Две сезони настапувал во Б тимот на Атлетико кој се натпреварувал во втората лига. Вукиќ никогаш не добил можност да игра во првиот тим.
Во месец април 2000 година се вратил во Србија и потпишал за екипата на Партизан.[1] Во црно-белиот дрес доживел вистинска афирмација. Во првенството одиграл три сезони и половина и постигнал 44 гола. Бил најдобар стрелец на државното првенство во сезоната 2002/03 со вкупно 22 постигнати гола.[2]
Во летото 2003 година, тој потпишал петгодишен договор со украинскиот тим на Шахтјор.[3] Во неговата прва сезона во клубот, постигнал 13 гола и бил најдобар стрелец на неговиот тим во сите видови на натпреварувања. Наредната сезона, тој го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите.
Во месец август 2005 година Вукиќ бил позајмен на премиерлигашот Портсмут. Тој својот единствен гол во дресот на Портсмут го постигнал на 29 октомври 2005 година против екипата на Сандерленд.[4] По заминувањето на тренерот Алан Перен и враќањето на Хари Реднап, добивал сѐ помалку минутажа и на крајот решил да го напушти клубот. Во месец јануари 2006 година се вратил во екипата на Партизан и тоа како позајмен играч сѐ до крајот на сезоната 2005/06.[5] За жал, на пријателскиот натпревар против екипата на Урал ја скршил ногата[6] и по долга пауза и неиграње успеал да одигра само два натпревари во првенството.
Откако му истекол договорот со екипата на Шахтјор, во летото 2008 година потпишал со екипата на Москва. Во украинскиот клуб (Шахтјор) тврделе дека Вукиќ имал уште една година да остане во екипата според договорот и барале оштета од дури еден милион евра, но ФИФА сепак одлучила дека тој може да продолжи понатаму во кариерата како слободен играч. На својот прв натпревар на 2 ноември 2008 година против екипата на Терек, постигнал гол за екипата на Москва. Откако клубот банкротирал во 2010 година, Вукиќ станал слободен агент (играч).
Партизан
[уреди | уреди извор]Во месец јануари 2011 година, по неколкумесечните тренинзи со составот на Партизан, Вукиќ по трет пат се вратил во црно-белиот дрес, потпишувајќи договор на една година.[7] Го земал бројот 80 и официјално бил претставен на прес-конференција со принцот Тејго.[8] Тој настапувал со променлив квалитет во текот на вториот дел од сезоната 2010/11, поради едногодишната пауза која ја имал без играње фудбал.
Пред почетокот на сезоната 2011/12 Вукиќ го земал својот претходен број на дресот, бројот 10.[9] Ја отворил сезоната со гол против екипата на Шкендија, во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, тој бил во лоша форма во текот на месец август, по што испаднал од стартниот состав. Звонимир Вукиќ се вратил во стартниот состав на крајот на месец септември и постигнал гол во купот против екипата на Нови Пазар.[10] На 15 октомври 2011 година, во неговиот прв лигашки натпревар од шестото коло, постигнал два гола во победата од 2:0 над екипата наСпартак од Суботица.[11] Во наредниот месец, постигнал уште пет гола, од кои три во лигата и два во купот. На 26 ноември 2011 година, Вукиќ го постигнал воведниот гол на стадионот Маракана, во победата од 2:0 против вечниот ривал, што ги натерало навивачите повторно да го засакаат како порано.[12] Во последните две кола од есенскиот дел од првенството, постигнал уште два гола и со тоа ги завршил одличните игри во текот на целата есен од 2011 година.
Во месец јануари 2012 година го продолжил договорот со екипата на Партизан на уште една година.[13] На крајот на сезоната освоил уште една титула со црно-белите. Во српската Суперлига постигнал вкупно 13 гола, и бил втор стрелец во лигата, веднаш по Дарко Спалевиќ.
Во текот на подготовките 2012 година Звонимир Вукиќ влегол во конфликт со тренерот Вермезовиќ, по што не играл, туку тренирал самостојно.[14] По истекот на договорот со екипата на Партизан, во месец јануари 2013 година потпишал со составот на ПАОК од Солун.[15] По настапите во екипата на ПАОК тој во Грцијја уште настапувал и во екипата на Верија.
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Звонимир Вукиќ во периодот од 2003 до 2006 година одиграл 26 натпревари за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Првиот натпревар го имал на 12 февруари 2003 година со репрезентацијата на Азербејџан. Подоцна истата година, на 11 октомври 2003 година, тој го постигнал својот прв гол во националниот дрес, против селекцијата на Велс на стадионот Милениум во Кардиф.[16]
Вукиќ играл одлично за време на квалификациите за Светското првенство 2006 година, постигнувајќи 4 гола. Иако бил во фаза на опоравување од повредата, сепак отпатувал на Мундијалот во Германија, каде на еден натпревар влегол од клупата како резервен играч.
Голови за репрезентацијата
[уреди | уреди извор]# | Дата | Место | Противник | Голови | Резултат | Тип на антпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 11 октомври 2003 година | Кардиф, Велс | Велс | 1:0 | 3:2 | Квалификации за ЕП 2004 година |
2. | 16 ноември 2003 година | Плоцк, Полска | Полска | 2:3 | 3:4 | Пријателски |
3. | 4 септември 2004 година | Серавале, Сан Марино | Сан Марино | 1:0 | 3:0 | Квалификации за Светското првенство 2006 година |
4. | 13 октомври 2004 година | Белград, Србија | Сан Марино | 5:0 | 5:0 | Квалификации за Светското првенство 2006 година |
5. | 17 ноември 2004 година | Брисел, Белгија | Белгија | 1:0 | 2:0 | Квалификации за Светското првенство 2006 година |
6. | 8 октомври 2005 година | Вилнус, Литванија | Литванија | 2:0 | 2:0 | Квалификации за Светското првенство 2006 година |
Трофеи
[уреди | уреди извор]- Освоено е Првенството на СР Југославија: 2001/02, 2002/03.
- Освоена е Српската Суперлига: 2010/11, 2011/12.
- Освоен е Купот на СР Југославија: 2000/01.
- Освоен е Купот на Србија: 2010/11.
Шахтјор
[уреди | уреди извор]- Освоено е Украинското првенство: 2004/05, 2007/08.
- Освоен е Купот на Украина: 2003/04, 2007/08.
- Освоен е Суперкуп на Украина: 2005 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Martinović i Nedović od leta u Partizanu?“. glas-javnosti.rs. 27 април 2000. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 4 декември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Zvonimir Vukić: 'Rano je za priču o odlasku!'“. b92.net. 26 мај 2003. Посетено на 2 август 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Shakhtar shell out for Vukic“. uefa.com. 6 јуни 2003. Посетено на 26 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Sunderland 1-4 Portsmouth“. bbc.co.uk. 29 октомври 2005. Посетено на 1 септември 2009.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Vukić konačno potpisao za Partizan“. mondo.rs. 30 јануари 2006. Посетено на 12 мај 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Vukić teže povređen!“. novosti.rs. 5 февруари 2006. Посетено на 12 мај 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „B92: Vukić ponovo u Partizanu“ (српски). b92.net. 31 јануари 2011. Посетено на 31 јануари 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Tagoe i Vukić za jači Partizan!“. mondo.rs. 31 јануари 2011. Посетено на 8 јануари 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Vukić uzeo Moreirinu "desetku"“. smedia.rs. 18 јуни 2011. Посетено на 2 август 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)[мртва врска] - ↑ „KUP: Partizan rutinski kroz Novi Pazar“ (српски). mondo.rs. 21 септември 2011. Посетено на 12 декември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Dva gola Vukića za trijumf Partizana“ (српски). novosti.rs. 15 октомври 2011. Посетено на 4 декември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Ocene - Osporavani izrasli u junake...“ (српски). sportske.net. 26 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2011. Посетено на 27 ноември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Vukić ostaje u Partizanu“ (српски). b92.net. 24 јануари 2012. Посетено на 24 јануари 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Sukob između Vermezovića i Vukića?“. b92.net. 10 август 2012. Посетено на 12 мај 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Ο Zvonimir Vukić στον ΠΑΟΚ“ (грчки). paokfc.gr. 30 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 31. 01. 2013. Посетено на 30 јануари 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Serbia complete Wales double“. bbc.co.uk. 11 октомври 2003. Посетено на 8 јануари 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help)