Прејди на содржината

Еугениуш Квјатковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еугениуш Квјатковски
Еугениуш Квјатковски
Лични податоци
Роден(а) 30 декември 1888(1888-12-30)
Краков, Австроунгарија
Починал(а) 22 август 1974(1974-08-22) (возр. 85)
Краков, НР Полска
Почивалиште Раковицки гробишта
Националност Полјак
Занимање економист, политичар
Вероисповед римокатолик
Воена служба
Род Полски легиони
Битки/војни Прва светска војна

Еугениуш Квјатковски (полски: Eugeniusz Kwiatkowski; 30 декември 1888 во Краков22 август 1974 во Краков) — полски политичар и економист, заменик премиер на Полска, министер во владата на Втората Полска Република.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Учел во езуитско училиште, а подоцна завршил хемија на Лавовскиот и на Минхенскиот универзитет.

По Мајскиот преврат на Јозеф Пилсудски во 1926 година во Втората Полска Република, бил предложен од претседателот Игнаци Мошицки на местото министер за индустрија и трговија во владата на Казимјеж Бартел. Квјатковски бил министер во осум последователни влади (1926–30) и заменик премиер на Полска и министер за финансии во две влади (1935–39).

Помеѓу пославните достигнува на Квјатковски се огромните инфраструктурни проекти: изградбата на морското пристаниште Гдиња, развојот на полската трговска флота и поморската трговија и создавањето на Средишната индустриска област.

Откако Советскиот Сојуз ѝ се приклучил на Нацистичка Германија во окупацијата на Полска во 1939 година, ја напуштил Полска со остатокот на владата на 17 септември. Бил заробен во Романија до 1945 година. Се вратил во Полска и ги надгледувал проектите за обнова на полскиот морски брег, а во годините 1947-1952 бил заменик на полскиот парламент (Сејм).

Со засилувањето на комунистичките и советските влијанија на полската влада, на што се спротивставил, поради што бил присилен да се повлече во 1948 година. Од 1952 година, па до својата смрт, се насочил на студиите за хемија, физика и историја.

Починал во Краков, на 22 август 1974 година.

  • Zagadnienie przemysłu chemicznego na tle wielkiej wojny (1923)
  • „Стопански напредок на Полска“ (Postęp gospodarczy Polski; 1928)
  • „Полско стопанство во 1928 г. (Polska gospodarcza w roku 1928; 1928)
  • „Враќањето на Полска на Балтикот“ (Powrót Polski nad Bałtyk; 1930)
  • Dysproporcje. Rzecz o Polsce przeszłej i obecnej (1932)
  • "Rzecz najważniejsza Polska" - Wybór myśli politycznych i społecznych (1988) - избор на негови дела

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Janusz Zaręba, Eugeniusz Kwiatkowski - romantyczny pragmatyk, Centrum Edukacji i Rozwoju Biznesu. Instytut Naukowo-Wydawniczy, Warszawa, 1998 (ISBN 83-86069-85-6)
  • Archiwum polityczne Eugeniusza Kwiatkowskiego, Wydawnictwo Sejmowe, Warszawa, 2002 (ISBN 83-7059-612-6)
  • Marian Marek Drozdowski, Eugeniusz Kwiatkowski, Zakład Narodowy im. Ossolińskich - Wydawnictwo, Wrocław, 2001 (ISBN 83-04-04567-2)
  • Marian Marek Drozdowski, Eugeniusz Kwiatkowski w polskiej historiografii i publicystyce historyczno-ekonomicznej, Instytut Historii Polskiej Akademii Nauk, Warszawa, 1992 (ISBN 83-900329-3-7)
  • Marian Marek Drozdowski, Eugeniusz Kwiatkowski : człowiek i dzieło, Wydawnictwo Literackie, Kraków, 1989 (ISBN 83-08-02092-5)
  • Marian Marek Drozdowski, Piotr Dwojacki, Archiwum Morskie Eugeniusza Kwiatkowskiego, E. Kwiatkowski University of Business and Administration, Gdynia, 2009 (ISBN 83-62215-00-3)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]