Едногодишно растение
Едногодишно растение — растение што ‘рти, цвета и умира во рок од една година или сезона. Вистинските едногодишни растенија живеат над една година само ако се спречени да создадат семе. Некои бессемени растенија исто така се сметаат за едногодишни, иако не даваат цветови.[1]
Во градинарството, годишно растение е она шо се одгледува надвор, во текот на пролетта и летото и преживува токму една сезона на раст. Многу прехранбени култури се (или се одгледуваат како) едногодишни. Тука спаѓаат сите припитомени житарки. Некои повеќегодишни и двегодишни растенија во градините се одгледуваат како едногодишни од практични причини, особено доколку не се отпорни на студот на локалната клима. Морковот, целерот и магдоносот се вистински двегодишни растенија што обично се одгледуваат како едногодишни поради корењата и листовите. Доматот, слаткиот компир и пиперката се нежни повеќегодишни растенија што најчесто се одлегуваат како едногодишни.
Украсни повеќегодишни растенија што се огледуваат како едногодишни се пукалецот, бегонијата, зјајката, здравецот, украсната коприва (колеус) и петунијата.
Кај некои видови едногодишни растенија животниот циклус („од семе до семе“) може да трае само еден месец, иако највеќето траат неколку месеци. Репката има циклус од пет месеци ако се одледува во флуоресцентни лампи во просторија. Многу пустински едногодишни растенија се терофити,[2] бидејќи циклусот како растенија им трае неколку недели, а остатокот од годината го проведуваат како семки за да ги преживеат сушните услови.
Примери за вистински едногодишни растенија се пченката, пченицата, оризот, марулата, грашокот, лубеницата, гравот, цинијата и невенот.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедија Британика (англиски)
- ↑ Collinson, A. S. (1988). Introduction to world vegetation. London: Unwin Hyman. стр. 23. ISBN 978-0-04-581031-4.
- ↑ www.floridata.com
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Едногодишно растение“ на Ризницата ? |
- Примери за едногодишни цвеќиња Архивирано на 2 март 2012 г. (англиски)
|